Милановиќ има шанса ако води кампања со програма на центристичкиот суверенизам и просветителскиот патриотизам
MАРКО ШПОЉАР
Генерално многу здодевен и невидливи – освен кај социјал-демокртите – излегоа и кампањата и изборите за избор за Европскиот парламент. Сепак, политичката здодевност нема да трае долго. Веднаш по завршувањето на овие избори започнува битката за Пантовчак. Мирослав Колакушиќ, Бруна Есих и Далија Орешковиќ ќе се обидат да ја истераат Колинда Грабар-Китаровиќ, од Канцеларијата на претседателот. Со набројаните во трката, секако, ќе се вклучат неколку аутсајдери, но сепак – да не се лажеме – очите на повеќето гласачи, на медиумите и политичките актери ќе бидат фиксирани за еден човек – за поранешниот премиер и лидер на СДП
Евалуацијата на сите сериозни аналитичари говори дека дека единствената вистинска битка за нов петгодишен мандат како претседател на Република ќе биде оној помеѓу еднаш избраната Колинда Грабар-Китаровиќ и Зоран Милановиќ. Иако доста се двоумеше, за повеќето од нашите соговорници ќе биде големо изненадување ако поранешниот премиер нема да влезе во претседатлската трка.
Покрај тоа, многу политички актери, особено од центарот и левицата веќе неколку месеци јавно, гласно и упорно навиваат за кандидатурата на Милановиќ и враќање на политичките „тешкаши” во рингот. Бидејќи тој е човек кој се сака или се презира и како таков е идеален кандидат за разбудување на прилично килавата политичка атмопсфера во Хрватска.
„Колинда Грабар-Китаровиќ, веќе ја започна кампањата, па од минатата зима се оддалечи од Велимир Бујанце, од десниот и суверенитички дискурс и на тој начин од голем дел од глсчите поради чии гласови и беше избрана за претседател. Така, таа ја изгуби политичка супстанца која ја држеше. Сега таа има само позирање, сликање, облекување и повторување на пораките од премиерот Андреј Пленковиќ. Јас не сум сексист, тоа што го прави во последно време и сама го коментира дека е жртва на сексилтички коментари, но од друга страна вели дека е среќна што изгубиле во тежина и дека изгледа подобро отколку пред дваесет години. Едноставно, откако се откажа од својот десен дискурс се доведе до ситуација во која веќе нема ништо да каже во политичка смисла. Таа е како птица во златен кафез. И тоа нема да се промени, бидејќи таа ја изгуби земјата под нозете. Иницијативата дека мора да биде добар сосед со трите држави не успеа, бидејќи ништо не е направено, не може да се обраќа на десниот спектар бидејќи мора да биде на линија на Пленковиќ и Божиновиќ… .. Ако задржеше растојание од политиката на Владата и раководството на ХДЗ, ќе го намалеше просторот за маневар на Зоран Милановиќ во претседателската трка. Па јас не гледам какви силни потези што би можеле да ги повлече на почетокот на новата битка за Пантовчак. Од друга страна, Милановиќ ќе ја отвори кампањата со својот економски и центристички суверенитет. И тој ќе стои таму цврсто. Широко го отвори патот да се води државничка кампања, која, Колинда Грабар-Китаровиќ, веднаш ја прикажува како некомпетентен политичар кој не е државничка, која веќе нема никаква супстанца. Единствената опасност во отворање на кампањата, за Милановиќ ќе биде како со суверенизмот да ги задржи старите гласачи кои не сакаат да слушнат за центарот. Одговорот на овој проблем го немам”, – вели нашиот извор од десна провиниенција..Но тој додава дека Грабар-Китаровиќ, се уште има силна предност во битката против Милановиќ.
„Со своите постојани скитања ваму-таму, со тривијалните и суштински политички ирелевантни патувања низ целиот свет, со тој генерален шоу претседателката сепак се уште има прием кај многу глаачи. За нив тоа е интересно кога се „плетка“ меѓу луѓето, меѓу „народот” е шармантна, топла и може да се поистоветовети со политичар кој е подготвен да ги слушне нивните проблеми. Тоа може да биде смешно за вас, но многумина се уште се подготвени да ја почитуваат. Нејзиниот шарм не треба да се потцени “, тврди нашиот соговорник.
Од друга страна, Милановиќ, вели тој, ако во претседателската кампања влезе со напад врз Влаата за се и сешто ќе направи лоша одлука,, бидејќи, премиерот во последните шест месеци направи цврст кабинет.
„Ударот на владата е и удар за претседателката која ја следи политиката на Пленковиќ и му ја држи дршката. Мислам дека Милановиќ со пораките на почетокот на кампањата треба да се концентрира на левите и либерални гласачи, да ги освои одново, а потоа да се фокусира на Грабар-Китаровиќ лично. Јас би го предупредил дека нападот на линија ’Јас сум напреден – таа назадна, јас сум супериорен либерал – ти застарена конзервативка, јас сум граѓанин а ти селанка“ може да му се удри од глава“.
Друг левичарски либерален политичар предупредува дека Милановиќ има Ахилова пета која Колинда Грабар-Китаровиќ би можела да ја искористи и покрај недостигот на политички содржини со кои би можела да се соочи со поранешниот премиер.
„Претседателкта ќе ја води кампањата на истиот пат како Пленковиќ. Ќе има многу тривијални естрадизации во кампањата, а големите теми ќе бидат одбегнувани. Таа ќе се обиде да ја извлече од Милановиќ горделивоста што тој ја покажа и кога беше премиер, која ги одбива луѓето. Таа ќе се обиде да го наведе да дејствува агресивно кон неа. Во таа игра и таа ќе победи “, вели соговоникот.
А дали Милановиќ ќе ја избере тактиката „ние или тие” во кампањата, односно ќе се концентрира на поларизација на електоратот од страна на лидерот на идеологијата (лево-десна, либерално – конзервативна, прогресивна – назадна, урбана-рурална …) со цел да се максимизира резултатот од левата страна на електоратот и од добар дел од центарот, а можеби дури и ќе се обиде да зграби дури и дел од гласачите со националистичка реторика?
– Не мислам дека ќе ја прифати идиотската идеолошката поларизација на гласачите. Зоран е патриот, но, не е етнички, туку граѓански националист. Тој секогаш велеше: „Ние сме патриоти а оние кои крадат не се”, и дека усташтвото не е патриотизам. Тоа ќе го искористи фактот дека претседателката ја злоупотребила функцијата претседател со претераната естрадизација. Тоа е добар начин да се оди во кампањата “, вели изворот кој доаѓа од левичарските кругови..
Искусен ХДЗ-овец вели дека Зоран Милановиќ ќе води „претпазлива политика на суверенитетот” во претседателската кампања.
„Делот од гласачите за кои суверенитетот е многу важен Милановиќ ги освои со своите пораки и однесување на парламентарната кампања од 2016 година Само малку треба да го поправи она што тогаш беше лоша реторика и да не прави грешки како акцентирањето на фактот дека неговиот дедо бил усташа или повторно да се ангажира во тајни состаноци со осомничените десничари. Тој мора да се постави како просветителски лев патриот, за да не доживее да го отфрлат неговите од либерален лекторат. Претседателката, пак, веќе не може да оди на десно, бидејќи тоа би било смешно и неубедливо, откако пред половина година расчисти со екстремната десница “, вели нашиот извор. Истиот извор од конзервативна провениенција, вели дека Милановиќ би бил луд ако ја наопадне претседателката на линија „Јас сум просперитетен урбан и либерален, а таа е конзервативна провинцијалка. „Ако тој го стори тоа, тој ќе изгуби бидејќи повеќето од гласачите се од село или живеат во руралните делови на земјата. Мислам дека тој ќе оди во насока на новата словачка претседателка. Тој ќе зборува на либерални идеи и за борба против корупцијата, дека неговите раце не се извалкани, дека како премиер ги држи мршојадите далеку од себе.
„Претседателката ќе го има целиот ХДЗ во кампањата. И на изборите ќе одлучуваат неопределените гласачи, оние кои ќе бидат моменално мотивирани и довлечкани на биралиштата. Знам дека таа нема да биде задоволен ако навистина Милановиќ и стане кандидат, бидејќи тој се смета опасен натпреварувач кој лесно може да ја обедини левицата, а згора има добри контакти со важни луѓе од десницата. Тоа ќе биде напната трка. Се проценуваат дека оваа кампања нема да биде целосно со идеолошка поларизација, и претседателката со помош на ХДЗ ќе наоправи вештачки конфликт со владата, претходно договорена. Нема сомневање дека нејзината главна реторика ќе биде на линијата Туѓман-Блејбург -татковински воени бранители. Дали повторно ќе се изостри политика кон мигрантите не може да се каже, иако знам дека добар дел од десничарски гласачи кои гласале на последните избори за неа сакаат да слушаат à la Орбан реторика “, вели тој.
Многу искусен политичар кој добро ги познава односите во ХДЗ и Пантовчак вели дека Милановиќ нема шанси во судирот со Колинда Грабар-Китаровиќ
Политичар кој добро ги познава односите на Пантовчак вели дека Милановиќ нема шанси во судир со Колинда Грабар-Китаровиќ.
„Таа е заслужена дека Хрватска никогаш немала подобри односи со САД, Русија, Кина и Европа. Милановиќ не може да се спротивстави на неа ниту во надворешната и безбедносната политика, и таа ќе зборува за иднината во кампањата, така што ниту идеолошката тема што Милановиќ би можел да ја претстави во трката нема да ѝ наштети. На крајот на краиштата, Милановиќ неколку пати ги загуби изборите, тоа е голем товар. Како заклучок, може да нападне само на лично ниво, што е меч со две лица “, заклучува нашиот извор.