Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПОМОШТА НА ЕУ ЌЕ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРЕКУ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

March 25, 2019 Filed Under: Македонија

Конститутирана секторската група за локален развој во процесот на интегрирање во ЕУ

КОНТИТУИТИВНА СЕДНИЦА Секторската работна група ќе обезбедува експертска поддршка за локален и регионален развој

Во координација на Министерството за локална самоуправа, во средата во Владата се одржа конститутивната седница на секторската работна група за локален и регионален развој во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.

– Секторската работна група ќе обезбедува експертска поддршка во креирањето и имплементирањето на политиките за локален и регионален развој во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, поддршка во спроведувањето на ИПА Инструментот, како и координација на донаторската помош, посочија од Министерството за локална самоуправа.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакнал дека со чинот на конституирање на секторската работна група во рамки на механизмот за зајакнување на дијалогот меѓу властите, граѓанскиот сектор и донаторската заедница, дефинитивно се признава се позначајната улога на локалната самоуправа во процесот на интегрирање на Република Северна Македонија во Унијата.

– Директен повод за формирање на оваа секторска работна група е одобрениот проект. – Регионален и локален развој, што финансиски, во вредност од шест милиони евра, ќе биде поддржан и ќе се имплементира во рамки на ИПА два инструментот на ЕУ. Целта на овој проект е да се зголеми ефективноста, ефикасноста и јавната поддршка на локалното управување, а имплементацијата ќе започне од 2020 година, нагласи Фазлиу.

Тој посочил дека со проектот ќе управува Делегацијта на Европската Унија, а Министерството за локална самоуправа ќе го координира процесот преку таа секторска работна група за локален и регионален развој, во кој членуваат претставници на надлежните министерства, на донаторската и на експертската заедница, претставници на граѓанскиот и од бизнис секторот.

СУХЕЈЛ ФАЗЛИУ Ни треба зајакнување на дијалогот меѓу властите, граѓанскиот сектор и донаторската заедница

– Триесет и седум отсто од поддршката на Европската Унија или 170 милиони евра се имплементираат на локално ниво, преку спроведување на директни проекти, преку ИПА инструментот за прекугранична соработка, проекти што се имплементираат преку граѓански организации, а тука се и другите донатори. Овој форум е добра можност да се разговара за се она што е направено и што ќе се прави, да се развијат реални индикатори за да може да се мери напредокот во подобрувањето на квалитетот на живеење, рече претставникот на Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини.

НИКОЛА БЕРТОЛИНИ 170 милиони евра се имплементираат на локално ниво,

Конституирањето на секторската работна група за локален и регионален развој го поздравија и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада, како и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахикјан, кои истакнаа дека во државата има многу добри иницијативи за локален и регионален развој, има многу партнерства и затоа е потребна поголема координација за да се избегне преклопувањето на активности и да се обезбеди максимален ефект во имплементацијата на проектите.

Во секторската група со која претседава министерот за локална самоуправа, членуваат претставници од надлежните министерства, од ЗЕЛС, од академската и од донаторската заедница, како и од граѓанскиот сектор.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet