Осврнувајќи се на европската перспектива на регионот, Димитров го подвлече успехот на Северна Македонија и потенцеираше: „Оваа година имаме многу силен и уверлив случај во контекст на оствареното на планот на надворешната политика и домашните реформи. И доколку Европа не го препознае ова со одлука за отпочнување преговори во октомври, пораката за регионот ќе биде – не се трудете да разрешувате тешки проблеми
Во рамките на „23-та тркалезна маса со грчката влада“ организирана од „Економист“ во Атина, на панел дискусија посветена на предизвиците во надворешната политика, учествуваше министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров. Јасно, основна цел на ова учество излегува од значењето на самата тркалезна маса – за министерот ова беше и можност за прва средба
На конференцијата на „Економист“ започнува Димитров учествувше на првата сесија на која говореше за Балканот по Договорот од Преспа и како енергетиката влијае на регионалната геополитика. Заедно со него, на панелот учествуваа и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат.
На различни панел дискусии учествуваа министри од новата грчка влада, шефот на ЕСМ Клаус Реглинг, но и поранешната помошничка државен секретар на САД Викторија Нуланд, поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, поранешниот италијански премиер Матео Ренци. На гала вечерата, главен говорник беше поранешниот министер за внатрешни работи на Грција, Алексис Харицис.
Вториот ден од дводневната конференција започна со панел дискусијата за надворешната политика на која учествуваше Димитров, а во текот на денот, на различни сесии свои обраќања имаа и поранешниот и актуелниот грчки министер за одбрана, но и други министри.
Конференцијата на „Економист“, односно „23-та тркалезна маса со грчката влада“ ќе заврши со гала вечера на која свое обраќање ќе има министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис.
Конференцијата на „Економист“ првично беше закажана за 10 и 11 јули, па подоцна терминот беше променет и презакажана за 16 и 17 јули, веројатно поради предвремените парламентарни избори во Грција.
Оваа, 23-та тркалезна маса со Владата на Хеленската Република, е насловена „Европа: оставајќи ја неодлучноста зад себе?“
Овој пат министерот Димитров заедно со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидес, алтернативниот министер за европски прашања на Хеленската Република, Милтиадис Варвациотис, поранешниот министер за надворешни работи на Хеленската Република, Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат зборуваше на панелот насловен како „Предизвици во надворешната политика “, на кој се дискутираше за состојбата на Балканот по Преспанскиот договор, како и за енергетските предзивици кои влијаат врз регионалната геополитика.
Во контекст на билатералните односи со Грција и Преспанскиот договор, министерот Димитров истакна:
„Не мислам дека постои поприродна врска меѓу двете држави освен да бидеме сојузници и стратешки партнери. Ние мораме да развиеме чувство овде во Атина со новата влада дека ова не е товар, туку можност. И ние ќе го направиме тоа.”
Осврнувајќи се на европската перспектива на регионот, Димитров го подвлече успехот на Северна Македонија и потенцеираше: „Оваа година имаме многу силен и уверлив случај во контекст на оствареното на планот на надворешната политика и домашните реформи. И доколку Европа не го препознае ова со одлука за отпочнување преговори во октомври, пораката за регионот ќе биде – не се трудете да разрешувате тешки проблеми и да трошите политички капитал на заглавени и замрзнати прашања, не се трудете да инвестирате во реформи, можеби не вреди да го правите тоа.
Место за проширување ние треба да зборуваме за комплетирање на Европа во контекст на евроинтегративниот процес.”