Бранимир Јовановиќ смета дека дека засега одразот на политичката криза во Германија за регионот нема да биде сериозна.Исто така проценува дека државата има обврска да влијае на регулација на цените, но тоа мора да се подолгорочни мерки со строги казни
Развојот на германското стопанство, не само сега туку уште во времето на Шредер се засновуваше на три столба – ефтина енергија од Русија, ефтина работна сила од Источна Европа (директно користена во Германија или преку изградба на фабрики на ова подрачје) и третиот столб е извоз на германски производи во Кина. Ова го кажува научниот соработник на Виенскиот институт за меѓународна економија, инаку макдеонски економист Бранимир Јовановиќ за магазинот Форбс. Сега сите три столбови се залулани – заради војната во Украина нема евтина енергија, евтината работна сила е проблем заради јакнење на десницата во Германија која не прифаќа странска работна сила а заради геополитиката проблем е и пласманот на стока во Кина. Впрочем, Кина последните 10 години се разви и ги произведува самостојно оние производи што ги увезуваше.
Ова не значи дека германскиот економски модел пропаднал, смета Јовановиќ, туку тој е во криза и мора да се реформира. Најпрво треба да се инвестира во нова, обновлива енергија. Потребно е исто така да се развива индустријата преку иновации.
Извештајот на Драги ги кажува проблемите на европските стопанства а секако и на германското. Европа мора годишно да извезува стока во вредност од 800 милијарди евра. Шолц ја следеше таа насока и сакаше да инвестира, но министерот за финансии кој е неолиберал не дозволуваше. Тој сметаше дека треба да се намалат даноците и да се дозволи фирмите сами да инвестираат каде што сакаат. Затоа владата падна. Ситуацијата не е ненадминлива, но ако ги нема реформите Германија ќе буиде во стагнација, нема да има раст. Невработеноста таму е 3,5 отсто, што значи дека работна сила постои. Годишниот БДП по жител е 50 илјади евра годишно, кој ист како лани, ама сепак е добар за просечниот Германец. Јасно е дека ако се јави вишок на невработени ќе страдаат странските работници. Нема да се дозволи скок на невработеноста на 10 отсто на пример.
Србија и земјите во регионот не мора веднаш да почувствуваат криза. Да речеме Србија годишно извезува во Германија стока во вредност од 500 милиони евра и таа вредност останува засега. Тоа е 16 отсто од вредноста на вкупниот извоз на Србија. Дури 10 отсто од инвестициите однадвор во Србија се германски. Белград се базира се’повеќе на Кина и тоа е добра диверзификација.
Втор проблем на кој тој се интересира за регионот е прашањето на контрола на цените и инфлацијата од страна на државата. Интересно прашање и за нас.
Сосема веројатно веќе денеска, можеби во следните неколку дена ќе се знае кои производи трговците ќе им ги понудат на граѓаните на Србија по поповолни цени. Ова е резултат на договорот меѓу премиерот и министрите со претставници на трговски синџири. Додуша, механизмот што ќе ги стопи цените на одредени основни прехранбени производи се уште не е целосно познат. Во исто време, Народната банка на Србија ветува дека законски ќе ги ограничи банкарските маржи, а со тоа и цените на заемите.
Форбс Србија ги праша економистите каде оди нашата економија со уште поголемо мешање на државата во функционирањето на овие пазари, но и дали мерките ќе дадат резултати. Дали е тоа единствениот начин да се ограничи профитот на сметка на потрошувачките стандарди.
Би се рекло дека проблемот не е во мешањето на државата, туку повеќе во моментот, како и во начинот на кој тоа се прави. Бранимир Јовановиќ, експерт за Западен Балкан во Виенскиот институт за меѓународни студии, смета дека ограничувањето на цените и каматните стапки ќе имало повеќе смисла порано, додека инфлацијата беснеела.
„Накратко, за мене тоа се популистички мерки, кои нема да имаат некои поголеми ефекти, бидејќи доаѓаат релативно доцна, кога каматите и цените веќе се значително зголемени. Ако зборуваме за каматните стапки, тие дури почнаа да паѓаат и сите очекувања се дека овој тренд ќе продолжи. Ако властите сакаа да го спречат растот на каматите, требаше да дејствуваат многу порано. Дополнително, максималното ниво на каматни стапки што се предвидува е повисоко од сегашното, така што всушност нема да ги намали каматните стапки“, смета Бранимир Јовановиќ.
Корисниците на кредитни картички и дозволениот минус би можеле да имаат корист од ограничувањето на банкарските маржи.
„Но, и тоа намалување ќе биде премало, а каматните стапки сепак ќе останат прилично високи – блиску или повеќе од 20 проценти, што нема многу да помогне“, убеден е Јовановиќ. „Исто е и со цените. Нивниот раст е забавен, инфлацијата веќе е стабилизирана на околу четири отсто, а очекувањата се дека таа уште повеќе ќе забави. Значи, потенцијалното ограничување на маржите, повторно, доаѓа предоцна, кога ситуацијата е смирена и цените се веќе високи. Дополнително, искуството од регионот, пред се од Македонија, покажува дека ограничувањето на маржите не е толку ефикасна мерка како ограничувањето на цените, бидејќи е тешко да се контролира.
За Бранимир Јовановиќ не е проблем што државата се меша во функционирањето на пазарот. Но, тој повторува дека најважниот момент е кога ќе интервенира.
„Не е проблем што се меша државата. Државата има право, па дури и обврска, да ги регулира пазарите. Во економијата е добро познато дека има пропусти на пазарот и во такви ситуации државата има целосно право да интервенира за да ги исправи овие неуспеси. Прашањето е само кога и на кој начин да се интервенира. Мислам дека ова регулирање на каматите и цените доаѓа предоцна, кога кризата помина и ситуацијата е веќе смирена и дека самиот метод на регулација не е најдобар, бидејќи максималните каматни износи се поставени превисоки, и затоа што искуствата од други земји покажуваат дека регулирањето на маргините не е многу ефикасна мерка“, подвлекува Јовановиќ.
Виенскиот институт направи неодамнешна анализа на ефективноста на овие мерки и заклучи дека замрзнувањето на цените може да ја контролира инфлацијата, но тие мерки треба да постојат долго време и строго да се спроведуваат, со високи казни за прекршоци.
„Од друга страна, за да се утврди дали супермаркет го почитува лимитот на маржата, треба да отидете на инспекција, да ги отворите сите книги и фактури, да видите колкави се куповните цени и другите трошоци, а тоа едноставно бара многу време, особено ако се работи за неколку производи. Дополнително, компаниите можат да прават манипулации, да ги приспособат откупните цени и слично, што е тешко да се одреди“, објаснува Бранимир Јовановиќ.