Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕКОНОМКИОТ АМБИЕНТ НЕ Е „НУЛА“ – ИЗЈАВАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ПОВТОРУВА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

April 16, 2019 Filed Under: Македонија

Оваа изјава се темели врз основа на новинарски напис, објавен на еден од македонските информативни портали. Анкетата содржи оценки на стопанственици и во соопштението до јавноста уште во поднасловот стои дека „76% од инвеститорите повторно би инвестирате во Северна Македонија. Компаниите оптимисти очекуваат дека деловната 2019 ќе биде многу подобра од минатата година“.

ВЛАДИМИР ПЕТРЕСКИ

НЕВИСТИНА Силјановска Давкова се повкува на напис кој ја превртува вистината во однос на анализита која ја цитира а не на самата анализа

На петочниот дуел меѓу тројцата претседателски кандидати, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова, ја даде следната изјава, која ја оценуваме како невистинита:

Економијата најдобро ја оценуваат економистите однадвор, нашиот најголем економски партнер, Германија, односно претприемачите го оценија економскиот амбиент со нула.

[Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – датум: 12.04.2019]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Оваа изјава се темели врз основа на новинарски напис, објавен на еден од македонските информативни портали. Овој напис беше рецензиран од страна на сестринскиот портал на „Вистиномер“, кој се издава во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ и кој, исто така, го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“, при што беше оценет како целосно неточен.

Инаку, главна цел на проектот „Критинк“ е ширење на медиумската писменост и во неговите рамки една од активностите се однесува на објавување рецензии на новинарски производи (написи, прилози и други).

Во рецензијата на овој напис, рецензентот се повикува на соопштението издадено по повод анкетата што во февруари годинава ја спроведе Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

Анкетата содржи оценки на стопанственици и во соопштението до јавноста уште во поднасловот стои дека „76% од инвеститорите повторно би инвестирате во Северна Македонија. Компаниите оптимисти очекуваат дека деловната 2019 ќе биде многу подобра од минатата година“.

Кога станува збор, пак, за самата анкета, како пример во рецензијата се цитира прашањето како компаниите ја оценуваат ситуацијата од аспект на својата работа и таа во браншата, при што 61% од испитаниците се задоволни со моментната состојба во сопствената компанија, 29% ја оценуваат како добра, само 10% ја оценуваат како лоша.

Со оглед на ваквата содржина на соопштението, рецензентот дава заклучок со следниве зборови: „каква и да е генералната оценка, таа секако не е „нула“.“ Тој истакнува и дека насловот на написот, кој гласи „Владата на Заев доби оценка нула од германски инвеститори“ и е сосема сличен на изјавата на Силјановска-Давкова дека „претприемачите го оценија економскиот амбиент со нула“ е „тенденциозен и пласира невистина“.

И, како што тоа се случува често кога станува збор за дезинформациите, ваквата невистина потоа беше преземена од други портали блиски од опозицијата, за на крај да стигне и до претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во форма на нејзина неточна и невистинита изјава преку ТВ дуел на тројцата претседателски кандидати

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet