Критичарите стравуваат дека 10 милијарди евра од фондовите на зелената транзиција на ЕУ може да станат жртви на широко распространетата корупција во Бугарија
Енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија државите треба да спроведат во борбата против загадувањето и климатските промени. Тоа, меѓу другото, значи модернизација или затворање на термоелектраните на јаглен. Македонија допрва ќе го спроведува овој процес, слично како и некои земји членки на ЕУ, како Бугарија, каде експертите предупредуваат и на други ризици како корупција.
Како најсиромашна членка на ЕУ, Бугарија е зависна од јаглен. Земјата се подготвува да ги трансформира своите застарени и високо загадувачки централи на јаглен за да ги исполни новите зелени барања на Унијата, но експертите предупредуваат за потенцијални ризици, вклучително и корупција.
Со своите оџаци кои испуштаат опасен чад, бугарската електрична централа на јаглен „Бобов Дол“ го симболизира типот на индустрија што ЕУ има за цел да ја отстрани – и пречките со кои се соочува во нејзината зелена транзиција.
Критичарите стравуваат дека 10 милијарди евра од фондовите на зелената транзиција на ЕУ може да станат жртви на широко распространетата корупција во Бугарија.
Еколозите велат дека од Европската унија мора да исчезне јагленот до 2030 година за да ги исполни своите климатски цели. Унијата има за цел дотогаш да ги намали емисиите за 55 проценти. Единаесет земји на ЕУ ветија дека ќе ја исфрлат електричната енергија на јаглен до 2030 година.
КИНЕСКИОТ „ПАТ НА СВИЛАТА“ ПОПЛОЌЕН СО БАЛКАНСКИОТ ЈАГЛЕН Бугарија, која испушта 4,3 пати повеќе стакленички гасови од просекот на ЕУ, не е меѓу нив. Земјата многу се потпира врз јагленот за затоплување на домовите, а 60 проценти од производството на електрична енергија во зима доаѓа од централите на јаглен. „Бобов Дол“ работи од 1970-тите, вработува 850 лица и учествува со околу четири проценти во енергетското снабдување на Бугарија.
„Дефинитивно имаме грижи“ за тоа дека фабриката треба да се затвори, вели извршниот директор на Бобов Дол, Љубомир Спасов, додавајќи дека неговата цел е да „задржи максимален број на работни места.“
„На прашањето дали сме загрижени дали централата треба да се затвори, да, дефинитивно. Бидејќи барањата низ цела Европа и директивите се такви што тие сакаат овој тип на централа, оние на јаглен, да престанат да работат од 2025 година, до 2030 година.“
Негов приоритет е да го задржи отворен објектот од 630 мегавати во близина на Софија, и за таа цел тој размислува за природен гас или дури и централа што работи на соларна енергија. Централата годинава ќе достави апликација за дел од 10 милијарди евра од средствата на ЕУ наменети за зелени проекти.
ЗЛОТО НА КОРУПЦИЈАТА Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ, го поддржуваа Зелениот договор на ЕУ, но тој повика на поголема помош за земјите од источна Европа кои зависат од јаглен. ГЕРБ, сепак, не ја направи оваа тема приоритетна во својата предизборна кампања, иако неодамнешните анкети покажаа дека две третини од Бугарите поддржуваат затворање на постројките на јаглен. Бугарија не успева делумно затоа што избраните функционери се „плашеа да се занимаваат“ со оваа тема, рече Марија Трифонова, доцент на одделот за индустриска економија и менаџмент на Универзитетот во Софија.
АВСТРИЈА ГО ИСФРЛИ ЈАГЛЕНОТ По бранот огромни протести против корупција, кои започнаа минатото лето, борбата против митото беше многу поголемо прашање. Невладината организација Транспаренси Интернешнл ја рангира Бугарија како најкорумпирана од сите држави на ЕУ.
Христо Иванов, лидер на малата опозициска партија „Да, Бугарија!“, се грижи дека зелените субвенции на ЕУ може да завршат во џебовите на бугарските олигарси.
„Шеесет проценти од (финансирањето од ЕУ) мора да се инвестира во (јавна) инфраструктура, секторот кој најмногу страда од овие зла“, рече Иванов, поранешен министер за правда, кој фрустрирано се повлече од функцијата во 2014 година и оттогаш стана еден на најискрените активисти против корупцијата во земјата. Иванов вели дека една централа (не е Бобов Дол) која може да добие пари за зелена транзиција е во сопственост на истакнат, политички добро поврзан олигарх. (RSE)
(продолжува)