Европската унија планира да обележи некои централи како одржливи инвестиции, покажа нацрт документот што го виде Ројтерс, по првичниот предлог да им се одбие зелената етикета кој наиде на реакција од некои земји-членки.
Еколошките активисти велат дека преминот од загадувачките извори на енергија е одамна задоцнет. Десислава Микова од Гринпис Бугарија наведува дека „Бобов Дол“ ги контаминирал локалните реки и биле забележани и вишок нивоа на испарувања што можат да предизвикаат кисели дождови.
„Без соодветен датум за укинување на јагленот и план за праведна и фер енергетска транзиција, луѓето овде сè уште се заложници на дилемата што ги става во многу лоша состојба – дилема помеѓу работните места и чистиот воздух, меѓу работните места и здравството, помеѓу работните места и здравата иднина.“
„Мојот автомобил е валкан наутро, дури и ако го имам измиено еден ден претходно“, вели еден селанец кој побара да биде анонимен поради страв од одмазда.„Во 21 век, да имате таков загадувач во вашиот двор – тоа не може да биде добро“, вели тој.
Европската унија планира да обележи некои централи како одржливи инвестиции, покажа нацрт документот што го виде Ројтерс, по првичниот предлог да им се одбие зелената етикета кој наиде на реакција од некои земји-членки. Новиот предлог на Европската комисија ќе ги класифицира постројките на гориво што произведуваат енергија плус греење или ладење како зелена инвестиција доколку бидат исполнети строгите услови за емисии.
Целта на ЕУ е да насочи повеќе капитал во еколошки проекти за да помогне да го исполни својот план за брзо намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат климатски промени.
Но, планот е заглавен во спорови меѓу земјите на ЕУ за тоа како да се третираат инвестициите во природен гас, принудувајќи ја Комисијата да го препише својот првичен предлог од ноември.
Природниот гас, фосилно гориво, произведува отприлика половина од емисиите на јаглен диоксид (СО2) од оние од јаглен. Затоа Полска и Германија планираат да користат гас за да се одвикнат од загадувачкиот јаглен.
Како и да е, гасот не е ослободен од емисии и се поголема е загриженоста дека протекувањето на потентен метан што ја загрева планетата може да ги поништи придобивките од префрлувањето на гас од јаглен.
Група од 10 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Бугарија и Полска, ја повикаа Комисијата да ја означи енергијата на гасот како зелена давајќи им на централите изводлив праг што може да го исполнат. Државите, вклучително Данска и Шпанија, сепак го предупредија Брисел да не го ослабува својот првичен план за одбивање на зелена ознака на гасот.
Македонските власти во февруари 2021 година објавија дека процесот на енергетска транзиција е веќе започнат, најавувајќи низа инвестиции во обновливи извори на енергија, како и во гасификација.
Eмисиите на сулфур диоксид и прашина од енергетскиот сектор во земјава, во моментов се над дозволените граници според Националниот план за намалување на емисиите. Тоа се случува главно од работата на термоелектраните на јаглен РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Енергетската заедница отвора спор против Македонија поради загадувањето со јаглен! Поради загадувањето на енергетскиот сектор во земјава, европската Енергетска заедница неодамна отвори спор против Македонија. Така е бидејќи не се исполнети обврските од законите донесени според Договорот со Енергетска заедница со кој земјата до 2018 година требаше да го намали загадувањето од електраните на јаглен преку инвестиции во технологија за десулфуризација и постепено да се движи кон целосно затворање на електраните.
Ваков договор за почитување на националните планови за намалување на емисиите, потпишаа и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Но, наместо намалување, податоците покажуваат дека нивните термоелектрани ги зголемуваат емисиите на сулфур диоксид и прашина. (РСЕ)
(продолжува)