Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕКСКЛУЗИВНО: СЈО, НАМЕСТО ДА ГО УРЕДИ МИСЛЕЊЕТО, ЈА ПОВЛЕКЛО ЗАБРАНАТА ЗА КОМУНИКАЦИЈА ЗА МИЈАЛКОВ!

January 8, 2019 Filed Under: Македонија

Чуварите во „Шутка“ мака мачеа на притвореникот Мијалков да му ги одземаат мобилните телефони, доставувани во затворот а СЈО во ревидираната одлука забраната да комуницира целосно ја ифрла!

МИЈАЛКОВ ВО ПРИТВОР „Началникот“ не замина во притвор за големите предмети на СЈО, туку за новоотворениот „Империја“

СЈО во мислењето доставено до судот, во петокот, побарало забрана за комуникција на Мијалков, а кога од нив судот побарал имиња на кои ќе се однесува забраната тие го вратиле мислењето, но овој пат без никакви забрани

Мислењето на Специјалното јавно обвинителство коешто, во петокот попладне, поради правни недоречености беше вратено од Судија на претходна постапка, во саботата е вратено во скопскиот кривичен суд, но без исправки, туку со повлекување на делови, кои само ден порано беа услов за добивање на согласност за укинување, односно за замена на мерката притвор за Сашо Мијалков за поблага мерка!
Имено, единствената причина поради којашто Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1-Скопје го вратил мислењето на СЈО е поради тоа што тие не навеле на кои точно лица треба да се однесува барањето за „забрана на комуникација со личности“ на Мијалков, како и тоа кои електронски уреди му се забрануваат во секојдневната комуникација!

СОПСТВЕНИШТВО Хотелот „Мериот“ сега е наводно само на Мијалков: место на значајни дружења

СЈО, веќе наредниот ден, односно во саботата, до судот доставува ново, „ревидирано“ мислење, но наместо да наведат конкретни имиња на лица со кои Мијалков не смее да комунмицира, а пред се со потенцијалбни сведоци во случајот „Империја“, како и за конкретни електронски апарати кои нему не му се дозволени, тие го извадиле токму она што самите и го барале, па нивното мислење и не било мислење туку најобична согласност Мијалков да го напушти затворот „Скопје“, во Шуто Оризари“.
Извори на „ПРАВОСУДСТВО.МК“, потврдуваат дека со едно вакво мислење Кривичен совет на скопска Апелација укинал мерка притвор и за други притворени во предмети на СЈО, а пред се Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и други притворени во предметот „Империја“.
Инаку, самото ослободување на Мијалков е во најмала рака симптоматично и е на „раб“ на законитост, бидејќи решението потпишано од судија на претходна постапка, судијката Весна Димишковска, се случува во сабота, односно кога таа не е на работа, а не е ниту дежурен судија и за волја на вистината веќе ден потоа е на годишен одмор!

ПАРКИНГ Долго време обвинетиот Мијалков се паркираѓе пред судот, каде други не смееја да помислат

Како што од СЈО се чека да појасни: зошто не си го уредил сопственото мислење, туку по интервенција на судот, само го избришало делот на којшто самото СЈО инсистирало, така од кривичниот суд ќе треба да се добие одговор: Зошто судијката Димишкова, во саботата морала да оди на работа и таму, да го распитува обвинетиот Мијалков, а пред се по прашање на адреса којашто тој ќе ја пријави?!
Сашо Мијалков, според наши сознанија, не го ни спомен хотелот „Мериот“, од каде што беше спроведен во затворот во „Шутка“. Всушност, тој не се пријавил на адреса од лична карта, односно на улицата „Народен фронт“, во скопската населба Капиштец, туку на „Салвадор Алјенде“, на Водно.
За Мијалков, како и за сите лица кои издржувале мерка: куќен притвор важат полициски проверки, но не и негово 24-часовно нагледување и чување!

 

Filed Under: Македонија

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ
СОРЕНТИНО И СТРУГАР МИТЕВСКА ЈА ОТВОРААТ ФИЛМСКАТА СМОТРА ВО ВЕНЕЦИЈА: БУНТОВНИОТ ПАНК-РОК ДУХ И ЖЕНСКИОТ СВЕТОГЛЕД НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ФИЛМОТ „МАЈКА“
ПРЕДИЗБОРНИ „ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА“ НА ВЛАСТА ИЛИ ВИСТИНСКА НАМЕРА ДА СЕ ПРАВАТ ШТЕТИ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
  • МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
  • АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet