Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕКСПЕРТИТЕ ГО БЛАМИРААТ МИЦКОВСКИ ИЛИ ТОЈ НИВ

August 18, 2020 Filed Under: Македонија

„Независен весник“ не потсетува што говореше главната правна советничка на ВМРО ДПМНЕ пред четири години за давањето на мандат на Груевски

ДАВАЊЕ НА МАНДАТ Груевски доби мандат и потоа го – врати, не успеа да собере 61 пратеник

По театарот што го направи ВМРО-ДПМНЕ вчера, кога цела пратеничка група отиде во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски да се жали дека го прекршил и узурпирал Уставот и дека го дал мандатот без гаранција за обезбедено мнозинство, јавноста стана сведок на правната еквилибристика на оваа политичка партија која, за иста ситуација, во зависност од тоа што и одговара, има различни толкувања, најчесто надвор од политичката логика.

Па така, граѓаните деновиве се забавуваат со изјавите на експертите за право блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои, за среќа, може да се најдат се уште од малкуте медиуми што имаат архива во моментов, меѓу кои и Тања Каракамишева, која е во тимот што ја пишуваше програмата на ВМРО-ДПМНЕ, иако Гордана Сиљановска ја стави во втор план. Бидејќи јавноста сепак нема толку кратко паметење, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го „пушти низ вода“ и екс претседателот Ѓорѓе Иванов оценувајќи дека тој згрешил што во 2017 година му даде мандат на Никола Груевски прв да проба да формира влада, иако немаше обезбедено мнозинство во парламентот.

ТАТЈАНА КАРАКАМИШЕВА Оваа професорка даде совет пред 4 години дека првопласираната партија е единствена која може да добие мандат

А, Каракамишева тогаш тврдеше дека Уставот кај нас признава само еден изборен победник и еден мандатар, т.е. партијата или коалицијата кои добиле најмногу гласови на изборите и дека таа партија или коалиција треба да добиваат мандати  се додека не успејат да формираат влада, бидејќи Уставот не признава втор мандатар. Во спротивно, тврдеше таа, ќе се изигра волјата на гласачите бидејќи нема повеќе победници. Според таа изјава, изборниот победник го дава мандатарот, што е причина што деновиве ВМРО-ДПМНЕ спори дали Беса е дел од коалицијата на СДСМ или настапила одделно, иако беа на иста изборна листа.

– Изборен победник може да има само еден и само тој може да добие мандат, изјави тогаш Каракамишева, според која политички волунтаризам е шанса да добие втората партија што освоила најмногу гласови на изборите, бидејќи Уставот не признава втор мандатар. Уште повеќе таа тврдеше дека Никола Груевски има рок од 20 дена, откако ќе го добие мандатот, да формира влада, а ако не успее треба да го врати мандатот, но претседателот да му го додели пак, до бесконечност…Се друго според неа беше противуставно, а целта беше да се спречи СДСМ да добие шанса да направи влада.

По таа логика претседателот Стево Пендаровски не треба воопшто да размислува да му дава мандат на ВМРО-ДПМНЕ ако Заев не успее да формира влада, а за ДУИ како третта партија и да не зборуваме, иако тоа се коси со парламентарните практики во светот. Па така, тоа што беше нормално во 2017 година, Груевски да добие мандат без гаранција дека има мнозинство (што се покажа веднаш), сега станува противуставно, а ќе стане уставно ако евентуално ВМРО-ДПМНЕ дојде на ред да го добие мандатот, по евентуален неуспех на СДСМ да формира влада. Како замислуваат пак во ВМРО-ДПМНЕ дека е можно коалицијата што освоила најмногу гласови да не добие шанса воопшто да формира влада и да се оди на нови избори на кои евентуално тие ќе добијат еден глас повеќе и ќе можат повторно да тврдат дека е доволно  што победиле, за да им се даваат мандати се додека не успејат да формираат влада?

ПЕНДАРОВСК Има експерти и „експерти“ – претседателот му го дава мандатот на Заев

И во 1992 година, кога Македонија се учеше на демократија, ВМРО-ДПМНЕ доби мандат да формира влада врз основа на најмногу освоени места во парламентот, па  кога не успеја, мандатот го доби втората партија по ред. Токму затоа, Пендаровски по овие толкувања ги нарече квази експерти правните советници на Мицкоски. (Н.В.)

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet