Владата најави раст за третиот квартал со 3,8 отсто – инфлацијата засега го анулира. Имаме сооднос од 3:1 меѓу увозот и извозот, но најстрашно е што обичниот човек не гледа ниаква корист од бројките

Кој го полни буџетот, а кој го празни џебот на граѓаните? Најлесните економски состојби секогаш се напишани во комплексни табели и графикони, но одговорот е секогаш јасен велат ексеприте. Вио вечерниот дневник новинарот на Телма разговараше на оваа тема со економскиот стручњак Бранимир Јопвановиќ кој работи во Виена.
Не можеме да зборуваме за економски раст, кога граѓаните учествуваат најмалку во бруто домашниот поризвод и тоа повеќе отколку што имаат.
Владата најави помпезен раст за третиот квартал со 3,8 отсто, но инфлацијата засега го анулира, смета универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ.
Новинарот на Телма инаку во разговорот посочи дека Владата најавува за тртиот квартал раст од 3,8 отсто во што влијае со импозантни 21 отсто градежништвото, каде влијае пред се самата држава а граѓаните учествуваат со само 0,9 отсто. Експертот Јовановиќ рече дека не чуди што личната потрошуввачка има мало учество, бидејќи, платите во земјата стагнираат. Просечната плата е 40.500 денари и не е воопшто зголемена, додека синдикалната кошница која ја објавува ССМ од април до сега е зголемена за 2.500 денари. Значи оној кој земал толкава плата реално има намалува за најмалку 2.000 денари! Ако состојбите со платите останат ќе имаме пад на ПДП. Ова оди во прилог на растот на палтите, тоа мроа да се случи. Имаме раст на јавната потрошувачка од околу 6 отсто но тоа е заради локалните избори. Тоа секогаш се случува во вакви околности. Тоа се случува во секоја ддржава кога има избори – затоа имаме раст од 3,8 отсто ама тоа бргу ќе заврши! Воп четвртиот квартал ќе имаме назадување на растот.
Новинарот констатираше дека имаме три пати поголем увоз од извоз. На ова експертот констатираше дека растот на градежништвото е поврзан за увозот бидејќи ние мора да увезуваме многу компоненти. Извозот од само три отсто е резултат пак на забавувањето во светската економија и тоа просто мора да се земе во предвид. Се уште нема рецесија ама сите во светот се во некое исчекување.
Јовановиќ потенцираше дека растот на ПДП-то на обичниот човек не му значи ништо, туку се гледа колкав е растот на неговата плата, како се движат цените. А тука нема ништо позитивно – платите стојат а цените растат!
Во ова Јовановиќ ние имаме Потемкиново село. Навидума имате некаков раст а кога ќе ги тргнете тие бројки гледате едно сиромаштво кај народот. Имаме 20 отсто од населението кое живее во тешка сиромаштија а 50 отсто тврди дека тешко излчегува на крај со крај со примањата. Ако некој сега се фали со таква ситуација во најмла рака е бесчувствително. Политичарите не се свесни за проблемите на обичните луѓе. Ако велите дека сме трета економија во светот а половина од населението ви гладува или одвај врзува крај со крај тоа многу говори.




