Европскиот воз тргна од Лисабон на вЕвропската Унија ја одбележува 2021 како „Година на железницата“. За време на 36-дневното патување низ 26 земји, низ разни манифестации железничкиот сообраќај се промовира како еден од најодржливите, најбезбедни и иновативни начини на транспорттори септември, а крајната дестинација риз, на 7 октомври
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На скопската железничка станица, скапа за изградба ама диобидус неискористена, особено последните две децении, неодамна пристигна специјален воз. Тие возови се голема реткост – Атина одамна не одржува директни патнипчки врски а изградената пруга кон Лерин чека да биде пуштена безмалку од 2004 година, кога со европски пари требаше таа да профункционира (како дел од прогерамата на тогашната Олимпијада). Освен товарниот сообраќај, и тој често прекинуван, иако солунското пристаниште за нашето стопанство е „клучна артерија“ – или има шштрајкови од дната и другата страна или има проблем со негалците од Азија и … зарем тоа не е доволно? Кон Србија со патничкиот сообраќај е слично иако за нас тој коридор е клучен за поврзување со Европа. Косово практично нема своја железница и се самопрогласува себе си за „слепо црево“. Албанија е уште во план на поврзување…
Сепак има промени. Под мотото „Иднината е во железницата“, неодамна, во вечерните часови на Железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз и тој преноќи таму, пред следниот ден да замине кон Атина. Потоа тој преку Бугарија и Романија треба да се најде во балтичките земји. На скопската железничка станица специјалниот виоз го пречекаа дипломати предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир и политичарите. Официјален домаќин на настанот беше директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец.
Железничката станица беше осветлена во сино. Локвенец на патниците од Европа им ги кажуваше плановите за развој на Железницата, еден од најзапустените видови сообраќај кај нас и најслаба област во стопанството. А железницата на територијата на земјава датира од 1873 година.
Инаку, Европската Унија ја одбележува 2021 како „Година на железницата“. За време на 36-дневното патување низ 26 земји, низ разни манифестации железничкиот сообраќај се промовира како еден од најодржливите, најбезбедни и иновативни начини на транспорт.
Со возот пристигна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој учествуваше на Меѓународниот самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан во Белград. На самитот беше потпишан документот „Посветеност на Железницата“, со кој се планира изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ќе ги поврзуваат градовите во регионот.
„Наша заедничка цел е железничкиот транспорт да биде подеднакво развиен како и во земјите на Европската Унија и да биде признат и препознат како побрз, безбеден и еколошки транспорт. За таа цел, ќе се работи на изградба на коридорите 10 и 8“, рече денеска Бочварски.
Особен акцент додаде вечерва тој, се става на изградбата на пругата Коридор 8, на источниот крак кон Бугарија. Коридорот 10 е кон Грција. И таа пруга се гради со европска помош.
Надлежните во земјава уверуваат дека во железницата се инвестира и дека јавното претпријатие работи без проблеми и со почитување на безбедносните стандарди. Професионалците во оваа област се согласуваат, но само делумно. Дел од нив предупредуваат дека состојбите се далеку од розови. Проблеми има повеќе, но клучните се во застарената опрема а како најново и недостиг од квалификуван кадар:
„Генерално, работите се такви. Со локомотиви сме слаби посебно во делот за товарниот транспорт. Во моментов, имаме една нова од Кина но таа долго не беше пуштена заради процедури за прием, ова оди потешко и не знам заради кои причини. Треба да дојдат 4 други кинески локомотиви. Плато вагоните кои како последно беа набавени за потребите на стопанството се користат, но и тоа ни фали. Во патничкиот сообраќај се покрива со новите гарнитури, исто така набавени од Кина но општо состојбата е како во цела држава, крпи од денеска до утре. Секој секого обвинува и секој се вади со некој што бил пред него“, коментира Латко Јовановски од Независниот синдикат на машиновозачи и железничари.
„Се работи колку што има кадар. Ни фалат многу машиновозачи, но и друг тип на кадар. Младите посебно ни бегаат, еве периодов четворица или петмина машиновозачи замкинаа во Германија, или во други замји од Западна Европа каде ги бараат. Со години укажуваме на овој проблем, бидејќи се одлива кадар во кој е инвестирано со години во негово школување и обука. Дополнително е проблем што добар дел од активните се пред пензионирање. Така што и да имаме локомотиви, ќе нема кој да ги вози. Кога се вработив јас имаше 550, а сега дали се 80 машиновозачи. За се комплет и товарни и патнички. Сега се дополнително преоптоварени бидејќи е и сезона на одмори. Генерално, состојбите не се розови и би рекол, како што е политиката во државата, така е во железница. Овој сектор не може да го водат политичари но кај нас тоа е така“, предупредува Јованоски.
Дополнителен проблем според него е и пристапот кон луѓето што работат не само во оваа, туку и во други слични по карактер професии:
„Ова е многу тешка професија. Не физичка, туку тешка од психички аспект. Не е само качи се па вози, туку треба да има и други стандарди и услови за работа. Да, проблемот со плати сега не е присутен. Земаме месец за месец редовни, има мир во куќа, ама другите работи не се гледаат“, смета Јованоски во една изјава за медиумите.
„Моментално се работи на Коридорот 8. Пругата од Куманово до Бељаковце е околу 50% изградена и според очекувањата градежните работи треба да завршат до крајот на оваа или во текот на наредната одина по што топј дел би влегол во фаза на тестирање. За вториот дел до Крива Паланка во тек е тендерска постапка, во фаза на претквалификација се компании, чекаме потврда од ЕБОР и до крај на годината ќе имаме избран изведувач“, објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.
Клучниот предизвик, кој допрва треба да се сработи е во третиот и последен дел од овој проект, за кој веќе има и соработка од македонска и бугарска страна:
„За последниот трет дел кој е и последен кон Бугарија се бараат финансиски средства. Комисија од двете држави веќе работи и треба заеднички да лобира и да настапи пред ЕУ и меѓународните финансиери за да се обезбедат пповолни финансиски средства. Делот од Крива Паланка до Деве Баир е релативно мал, околу 20 километри но е најтежок. Ќе има неколку тунели, практично границата ќе паѓа во тунел. Изградбата ќе чини околу 350 милиони евра, 60 милиони веќе се обезбедени преду ИПА програмите, а останатите ќе се преговараат“, велат од министерството за РСЕ.
Во делот на локомотивите, недлежните уверуваат дека треба да стигнат уште три локомотиви, или вкупно четири од Кина заедно со онаа која веќе е пристигната,. Побавната реализација на овој проект било поради техничките процедури. Локомотивите се произведуваат во Кина, а согласно европските стандарди, тоа претпоставува строги контроли и техничко безбедносни процедури, од типот на оние на ТУВ во Германија кои во моментов се во тек и наскоро треба да завршат и да обезбедат локомотивите да ја поминат потребната хомологација.
Започнатиот инвестициски циклус барем засега не ги подобрува позначајно состојбите во железницата која и натаму генерира загуби. Ефикасноста е клучната болка за чие лекување е потребно време, сериозна работа и многу пари. Какви се состојбите, доволно илустрира податокот за брзината на железничкиот сообраќај. Во услови на високи температури товарните возови се движат со максимум 70 километри на час, а доколку продолжи ваквата состојба и во наредниот период таа би се намалила на 50 километри на час. Ваквите состојби предизвикуваат проблеми, доцнења, но и штети посебно во делот на стопанството кое постојано апелира за изградба на алтернативни коридори кон исток и запад кои би обезбедиле брз и ефикасен транспорт.
Кога тоа би станало реалност е засега отворено прашање. Кон Бугарија проектот се реализира и според проценките треба да биде готов до 2025 година. Во делот кон Албанија пак работите се заглавени. Таму според најавите, треба да се проектира едноколосечна железничка пруга во должина околу 63 километри од Кичево до Лин-Албанија.
„Во наредните недели, Connecting Europe Express ќе биде патувачка конференција, лабораторија и форум за јавна дебата за тоа како железницата да се направи превозно средство за патниците и компаниите“, вели европската комесарка за транспорт, Адина Валеан.
Можно е патувањето да го следите во живо преку интерактивна мапа. По Белград, каде што ќе биде дел од програмата на Самитот за железници на Западен Балкан, возот ќе го продолжи патувањето низ Северна Македонија и Грција. Continueе продолжи преку Бугарија и Романија до балтичките земји и Скандинавија.
Сигурен сум дека првиот Самит за железници на Западен Балкан ќе игра улога на двигател и ќе влијае на позитивните промени во областа на инвестициите во железничкиот транспорт и реформата на политиките поврзани со железницата. Ова ќе го направи железничкиот сообраќај повторно привлечен за граѓаните и деловните луѓе во регионот. „Со оглед дека железничкиот транспорт има најмалку штетно влијание врз животната средина, тој е одговорен за екстремно мал процент на емисии на стакленички гасови и има голем потенцијал да придонесе за економскиот напредок на целиот регион“, рече Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот Секретаријат на транспортната заедница.
Специјалниот воз, чие патување ја одбележува Европската година на железниците, симболично ги поврзува португалското, словенечкото и француското претседателство со ЕУ. Португалија претседаваше со ЕУ во првата половина од оваа година, Словенија сега претседава, а Франција ќе го преземе претседателството во првата половина на 2022 година.
Европскиот парламент ја прогласи 2021 година за Европска година на железниците, за време на која ќе се промовира одржливо патување со воз. Почистите и поздрави форми на транспорт се клучните елементи на Европскиот зелен план, со оглед на фактот дека транспортниот сектор е одговорен за околу 25 проценти од емисиите на стакленички гасови во ЕУ. Ailелезничкиот транспорт е одговорен за само 0,4 проценти од вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ и испушта многу помалку јаглерод диоксид отколку патниот или воздушниот транспорт и е најодржливиот, иновативниот и најбезбедниот начин на транспорт во ЕУ. Во споредба со ЕУ, каде што се електрифицирани 75% од вкупната железничка мрежа, на Западен Балкан таа бројка е помала од една третина.
На крајот да констатираме дека објективно сите кои се над 60 години тешко ќе доживеат навистина да се случи она – „експресниот воз од Лисабон пристигнува на првиот колосек“. Како што беше неодамна…