Росен Плевнелиев покажува доследност во примарната цел на доброседските односи а тоа е – започнување на преговори на РСМ за влез во Унијата и нејзино полноправно членство во ЕУ. Можеме дека сме сигурни дека тој не е осамен, само што за нашите медиуми се интересни само „јастребите“ како Каракачанов
Веќе е востановено правилото македонските медиуми постојано да ги пренесуваат размислувањата на некои од бугарските политичари кои можеме да ги наречеме „јастреби“ во однос на развојот на добрососедските односи. Познатиот шеф на бугарската партија ВМРО Каракачанов е секако еден од тие. Овој ослободен дух од шишето на ванчомихајловштината, со постојани релации до Битола и назад, речиси да нема барем еднаш неделно некоја изјава за нашите медиуми во кои ја има истата мантра. Да не ја повторуваме, таа е толку добро позната како детска стихотворба, вклучувајќи ги и заканите по стопирање на преговорите со земјава со Унијата, Впрочем, пред секои преговори со Брисел нашиве новинари, покрај Каракачанов (министѕер за одбрана на Бугарија, коалиционен партнр во Владата на Борисов), го „ловат“ и членот на бугарско-македонската комисија Ангел Димитров (инаку поранешен конзул во Битола и член на владеачкиот ГЕРБ, близок до министерката за надворешни работи). Во еден момент премиерот Борисов еднаш ќе рече пред македонска делегација дека „тук в Софија само ас ве обичам“.
Еден од поразумните политичари, со очевидно јасни релации со бугарската политика, но и со ставот на членките во Унијата, Росен Плевнелиев даде една охрабрувачка изјава за ТВ24 во саботата ама истата практично ниту еден мејнстрим медиум истиот ден не ја пренесе! Тој најнапред истакна дека бугарскиот вицепремиер Каракачанов како политичарите може да зборува што мисли, но дека вистината е дека Бугарија е голем поддржувач на соседите
Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев инаку смета дека Бугарија нема да ја блокира првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, како што пред неколку дена најави споменатиот Красимир Каракачанов, доколку не се решат историските прашања во Мешовитата експертска комисија.
„Јас мислам дека тоа нема да се случи. Бугарија секогаш ја поддржувала РСМ на нејзиниот мирен, демократски и европски проспротет. Агендата на Софија, кога Бугарија беше претседавач со Унијата, го отвори патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Бугарија прва ја призна Македонија. Ние сме братски народ. Некои политичари ќе можат да зборат како ќе решат, но вистината е дека Бугарија е голем адвокат на соседите. Ние сакаме просперитет, а тоа е возможно само со влез во ЕУ“,
Ангел Димитров, пак, кој е член на Комисијата за Бугарското Национално Радио изјави дека нерешеното прашање не е само билатерален спор, туку е и европски. Димитров ги повика членовите на македонскиот тим „правилно и објективно да ја информираат политичката елита за работата на Комисијата“.
„Само со правилна анализа можеме да стапнеме на солидна основа и да ја вратиме врската на крајна блискост, која во секој случај постои во взаемните односи на многу луѓе од двете страни на границата“, вели Димитров.
Каракачанов пред неколку дена, во изјава за спомената ТВ 24 најави дека неговата земја ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ако не се постигне согласност во разговорите во рамки на Мешовитата експертска македонско-бугарска комисија за историски прашања. Оваа изјава, за разлика од онаа на експретседателот на источниот сосед, ја пренесоа сите.
Вмроовецот од Софија ги обвини макеоднските власти за некоректност и за избегнување за решавање на проблематичните прашања и на средбите на Комисијата, истовремено очекувајќи поддршка од ЕУ.
ицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров за Радио Слободна Европа изјави дека Договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа и дека во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно.
Накусо да се потсетиме дека кон крајот на минатата година, на барање на македонската страна, беше побарана привремена пауза во работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања поради изборите, кои потоа беа одложени поради ковид-кризата.
Комисијата заглави на прашања за Гоце Делчев и за други личности и настани од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кои Бугарија потоа ги издигна на највисоко политичко ниво и ги постави како услов без чие исполнување нема да дозволи напредок на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
И во време на големата криза во преговорите со ЕУ, кои доведоа и до закажување на предвремени избори кај нас, Плевнелиев беше силен критичар на францускиот претседатела Макрон за нетовиот отпор кон проширувањето. „Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија“ изјави тој за БГНЕС. „Отсекогаш сум бил против тоа кога земјите членки на ЕУ, во случајов Франција, го блокираа проширувањето на ЕУ и проектите од заеднички интерес од внатрешно-политички причини. Сите ние знаеме колку е важно Македонија и Албанија сега да добијат покана. Во време кога има многу силен геополитички судир на Балканот, ЕУ мора да ја покаже својата сила и моќ“, коментира Плевнелиев.
Тој потсети дека Бугарија, исто така, била жртва на таквата политика, но од страна на Холандија.
Плевнелиев ја повика Франција да не подлегнува на домашните битки и да го разгледа заедничкиот, а не личниот интерес.
Инаку Росен Асенов Плевнелиев има 56 години и важи и за стопанственик. Во периодот 22 јануари 2012 до 22 јануари 2017 беше претседател на Бугарија. Во периодот 1990–2009 развива успешна кариера во областа на градежното стопанство во Германија и Бугарија, а од 2009 до 2011 стана министер за регионален развоj во владата на Бојко Борисов. Влегува во владата како непартиски експерт, не е член на владејачката партија ГЕРБ.
Роден е во градот Гоце Делчев. Неговата фамилија потекнува од селото Плевна во Егејска Македонија, денес Петруса во Република Грција. За време на Балканските војни неговите предци го продале нивниот имот и побарале засолниште во Бугарија. Своето средно образование го добил во природно-математичката гимназија „Академик Сергеј Павлович Корољов” во Благоевград од 1978 до 1982 година. Во периодот 1984–1989 година го завршил ВМЕИ „В. И. Ленин” во Софија (денес Технички универзитет), со специјалност „сметачи“.
Во 1990 година, Плевнелиев ја основал Ирис Интернешанал, првата бугарска градежна фирма, која го добила сертификатот ISO 9001. Помеѓу 1991 и 1998 година, тој работел во Германија како ко-сопственик на градежна фирма, која работела како подизведувач за Линднер. Во 1998 година станал основач и раководител на бугарските градежни претпријатија кои се дел од групата Линднер Бугарија. Плевнелиев бил раководител на „Бизнис Парк Софија“[ кој бил изграден под негова надлежност во софиската населба Младост 4, како и член на Одборот на директори на Конфедерацијата на работодавци и индустријалци во Бугарија.
На 27 јули 2009 бил назначен за министер за регионален развој. Под негово раководство во државата започнала изградба на речиси 200 километри нови автопатишта.[7] Со неговата активност во 2010–2011 година, Плевнелиев станал најпопуларен министер во бугарската влада. На 4 септември 2011 година, Плевнелиев бил прогласен како официјален кандидат на ГЕРБ за претседателските избори во Бугарија, закажани за октомври. На 30 октомври 2011 победил на изборите и бил избран за претседател на Република Бугарија.
Во октомври 2013 година избувнал голем скандал поврзан со Плевнелиев, кога бугарската телевизија ТВ7 објавила документи според кои, во 2007 година, Плевнелиев купил луксузна куќа на грчкиот полуостров Халкидики, во вредност од 700 000 евра. Притоа, тој ја платил куќата во готово, со што ги прекршил бугарските закони кои бараат, за секое изнесување пари во странство во износ над 10 000 лева, да се докаже потеклото и платениот данок. Истовремено, Николај Бареков, претседател на „Бугарија без цензура”, објавил и документи со кои Плевнелиев се обвинува за криминал поврзан со трансакциите на неговата поранешна фирма „Линднер Ирис”. Притоа, ТВ7 објавила и дополнителни документи, тврдејќи дека и неговата сопруга Јулија била замешана во шемите со офшор-команиите.
Плевнелиев во 2015 година го загуби својот малолетен син Филип, кој претходно се вратил од посета на Грција.
По повлекувањето од функцијата Плевнелиев покажува поинаков став од времето кога имаше функции. Да се надеваме дека тоа е резултат на неговото лично зреење и на неоптовареност со некои претходни „еполети“. Инаку тој никогаш не ја посетил РСМ! Не го признава „македонизмот“, но вели дека Бугарија не смее со своите вета да се претвори во „нова Грција“ за Македонија.