Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕМИЛИО СЕРА: ЕУ ТРЕБА ДА ЈА УВАЖИ ВАШАТА ЗАСЛУГА ЗА СТАБИЛНОСТ НА РЕГИОНОТ

October 14, 2019 Filed Under: Македонија

Де факто, Северна Македонија е членка на НАТО. Преостануваат само формалности. Но, со оглед на претходните искуства на членките во процесот на ратификација, обично се потребни една и пол до две години, или 18 – 24 месеци

ЗАСЛУГА Свесни сме за важниот придонес кон стабилноста на регионот што го постигнавте преку помирувањето со Бугарија и со Грција (преку Преспанскиот договор)

Шпанија ги поддржува вашите европски стремежи во последниве години. Ќе продолжиме и во иднина. Свесни сме за важниот придонес кон стабилноста на регионот што го постигнавте преку помирувањето со Бугарија и со Грција (преку Преспанскиот договор) и сметаме дека тоа е важна заслуга што треба да се земе предвид, вели во интервју за МИА амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја Емилио Лоренцо Сера.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО пред самитот на Алијансата во Лондон, Сера нема конкретен одговор, но, сепак, остава можност тоа да се случи. Според него, извонреден успех за земјата е што само за девет месеци документот го ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО.

-Тврдам дека ова е извонреден успех. Де факто, Северна Македонија е членка на НАТО. Преостануваат само формалности. Но, со оглед на претходните искуства на членките во процесот на ратификација, обично се потребни една и пол до две години, или 18 – 24 месеци. А до самитот во Лондон ќе бидат изминати само десет месеци откако го потпишавте Протоколот. Значи сте постигнале крајно добар резултат. Факт е дека ќе ја прославите 70-годишнината од основањето на НАТО во Лондон со сите нас. Како гостин, вашите претставници – било претседателот, било премиерот, ќе седат покрај генералниот секретар. Ако сте полноправен член, на некој начин, ќе бидете изгубени меѓу останатите 29 члена. А дали Шпанија ќе го ратификува пред Лондон, жал ми е, но не можам ниту да потврдам ниту да одречам. Можно е.

Сера вели дека тоа не е толку поврзано со резултатот од изборите колку што е со времето што треба да помине по изборите и начинот на кој се избираат членовите на Парламентот. За одговор на ова прашање, тој упатува на толкување од експертите по парламентарното право.

 

 

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet