Делови од Африка, Австралија, Азија, Европа, Јужна Америка имаа рекордни температури во 2019-та. Македонија според последното истражување е помал емитувач на стакленички гасови од европските земји, главниот виновник на глобалното покачување на температурите на планетата
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Изминатите 10 години се најтопли од кога се мери температурата на Земјата. Лани беше втора најтопла година, а НАСА, сопоред Извештајот објавен во Глас на Америка на македонки, предупреди дека допрва „доаѓаат потопли временски услови“.
НАСА и Националната администрација за океанографија и атмосферско истражување објави дека глобалната температура во измината деценија била 14,7 степени Целзиусови, и биле регистрирани 8 од 10 најтопли години досега забележани.
Делови од Африка, Австралија, Азија, Европа, Јужна Америка имаа рекордни температури во 2019-та.
АЉАСКА КАКО МЕРКА Просечната температура во Аљаска, на пример, беше над точката на мрзнење, за прв пат од кога се мерат температурите. Многу научници велат дека нема друго објаснување за рекордните температури од активноста на човекот.
Експерти додаваат дека природни фактори за затоплување на атмосферата, вклучувајќи ги поинтензивните сончеви зраци и климатските варијации – недоволно го објаснуваат долгорочното зголемување на температурата на Земјата.
Откако ова лето населението на Алјаска доживеа рекордно високи температури, на реките бе забележани многу одумрени риби. Топлиот бран ја зафати Аљаска на почетокот на јули а водата во реките маше невројатни 20 степени! Ова е највисока темпратура во пределот каде температурата е мерена во јули (Бетел). Мерењата се на реката Кускоквин, каде рибите пливале кон изворот, за да дојдат до поладна вода. Метаболизмот на рибите, пред се на лососот бил толку нарушен заради зголемната температура што срцето им попуштило. Бил зголемен и бројот на паразитите кои ги напаѓале рибите, бидејќи ним им годела топлата вода. Исражувачот Бен Греј објаснува дека топлата вода во реката доаѓа главно од морето. Во Заливот Кускоквин ова лето температурата на морето била за 10 степени повисока. Со плимата морската вода навлегува во долниот тек на реката и ја зголемува температурата на водата.
НОЕМВРИ ВО КУСИ РАКАВИ И во Макдонија имаше високи емператури кога не им е време – во ноември. Вистина, не е првпат во ноември да се измерат толку високи температури. На 2 ноември 2004 година, во Гевгелија се забележани 29 Целзиусови степени, а 27,2 степени го грееле Зајчев Рид воноември 1990година Сончевото и умерено време, со температури над 20 Целзиусови степени. Таа ненадејна пролет лани во ноември траела повеќе од десет дена, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Високиот воздушен притисок, јужното струење и јужниот ветер, кој достига брзина до 80 километри на час на целиот Балкански Полуостров, беа причини за вистинските пролетни температури во ноември. Максималната дневна температура од 26 Целзиусови степени во текот на еден од тие денови е измерена на мерното место Петровец, крај Скопје. Најсвежо, со 13 степени било, во Лазарополе.
Убавиот есенски ден со пролетни температури ги натераа граѓаните да ги фрлат палтата и да се соблечат по куси ракави. Живата во термометарот еден ден во ноември во Скопје и во Кавадарци достигна 26 Целзиусови степени. Лани во Скопје максималната температура во тој месец низнесуваше 21, 4 степени. „Триесет години последователно, на Зајчев Рид на 10 ноември до 2000 година е измерена највисока температура од 24,6 Целзиусови степени, а во 1990 година на истата мерна станица сме регистрирале 27,2 степени“, вели Пеце Ристевски, државен советник за климатологија
Ноември 2019.во Белград, со просечна средна дневна температура од 12,1 степен ќе остане запомнета како втор најтопол ден во ноември во овој град Рекордот е поставен во ноември 1926 година кога просечната дневна температура во ноември изнесувала 13 степени.
Нема големи разлики во климатските промени меѓу нас и пошпироката околина, па и планетарните случувања.
ШТО ВЕЛАТ ИСТРАЖУВАЊАТА Тоа го покажува и вториот овогодишен извештај за Македонија поврзан со емисијата на стакленичките гасови од кај нас.Пренсуваме дел од воведот на тој материјал.
Македонија е една од најмалите држави во регионот на Југоисточна Европа, со околу 2 милиони и 66 илјади жители. Бруто домашниот производ (БДП) изнесува вкупно 7,7 милијарди, а БДП по жител е 3.737 евра.
Секторот енергетика создава најмногу емисии на стакленички гасови поради употребата на фосилни горива, главно јаглен, со што се задоволуваат преку 80% од вкупните потреби за енергија. Во минатите неколку години, уделот на фосилните горива се намали, главно поради зголемениот увоз на електрична енергија, што од друга страна ја зголеми зависноста од увозот на електрична енергија (околу 50% од потрошувачката на електрична енергија се задоволува со увоз). Бруто домашната потрошувачка на енергија во 2014 година (2.628 ktoe) е речиси за 13% пониска отколку што беше во 2008, година во која е забележана најголема потрошувачка.
Уделот на обновлива енергија во вкупната побарувачка на енергија се зголемил од 10% во 2012 на 15% во 2015 година. Вкупната енергија која е потребна по единица БДП во Македонија е околу четири пати повисока од просекот во развиените европски земји. Поради значителното користење на фосилни горива во земјата и доминантната употреба на домашниот лигнит за производство на електрична енергија, постои значителен потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови.
Нивото на емисии на стакленички гасови по жител во Македонија е околу 30% пониско од просекот во ЕУ-28. Земјоделството е важен сектор поради тоа што значително придонесува за БДП (речиси 10% во 2016 година) и поради процентот на работна сила којшто е ангажиран во овој сектор (во 2015 година тој процент бил 17%). Тоа е исто така релативно подложно на влијанијата од климатските промени, особено на поплавите. Од вкупна површина од 2,5 милиони хектари во земјата, земјоделското земјиште покрива околу 1,13 милиони хектари.
Шумите и шумското земјите се главните апсорбенти на емисиите на CO2 во Македонија; тие покриваат околу 1,3 милиони хектари и се карактеризираат со големо богатство на видови, но исто така и со низок квалитет и мал годишен прираст. Вкупните резерви на дрвна маса се оценуваат на приближно 70 милиони m3, и вкупниот годишен прираст е околу 1,7 милиони m3 . Вкупната површина под шуми се зголемила за повеќе од 100.000 хектари од 2010 до 2015 година, а вкупните површини под пасишта се зголемиле за повеќе од 150.000 хектари од 2009 година. АХ ТОЈ ОТПАД Секторот отпад е вториот најголем извор на емисии на стакленички гасови во Македонија. Цврстиот отпад главно се отстранува на депонии. Во 2014 година, создадени се околу 370 kg комунален отпад по жител и 75% од тој отпад е отстранет на депонија. Депонијата Дрисла во Скопје е единствената стандардна депонија во Македонија, а потребно е да се подобрат практиките за управување со отпадот во 54 одобрени општински депонии и речиси во 320 диви депонии. Во 2014 година биле компостирани само 1.945 t биолошки отпад. Рудниците и преработувачките капацитети кои престанале со работа ги оставиле своите јаловишта со опасен отпад и има малку, или речиси и да нема, информации за составот или за состојбите на овие локации.
Република Македонија е Страна на Рамковната конвенција на ОН за климатските промени (УНФЦЦЦ), (Службен весник на РМ – 61/97), го ратификуваше протоколот од Кјото (Службен весник на РМ – 49/04) и го усвои Договорот од Копенхаген (2009). Земјата исто така го потпиша и Парискиот договор (2015) и на 7 ноември 2017 г. го ратификуваше без ниту еден глас против. Во согласност со Парискиот договор, земјата ги достави соодветните национални придонеси за климатските промени (INDC) како дваесет и трета земја во светот, според Одлуката на Владата бр. 42-17/91 од 28 јули 2015 година.
Министерството за животната средина и просторно планирање (МЖСПП) е назначено за национална тело за контакт за УНФЦЦЦ и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото. Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за финансии. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања исто така го поддржува спроведувањето на проектите во земјата кои се поврзани со клима и енергија. Иако Република Македонија е земја која не е во Анекс I во УНФЦЦЦ, таа е земја кандидат за членство во ЕУ и поради тоа, мора да се придржува до Политиката на ЕУ за клима и енергија, со што всушност ги презема обврските за земјите кои се дел од Анекс I.