Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕНЦЕСБЕРГЕР ВО СТРУГА

November 29, 2022 Filed Under: Ревија

На веста за смртта на Ханс Магнус Енцесбергер (11 ноември 1929 – 24 ноември 2022)

НОЌ БЕЗ ИНТЕРПУКЦИИ Во три часот наутро Енцесбергер ја запеа „Аванти попули“ и предизвика бура од воодушевување

РИСТО ЛАЗАРОВ

Славниот германски поет со стократно потврдена лева ориентација Ханс Мaгнус Енцесбергер, двапати учествуваше на Струшките вечери на поезијата. Струга тогаш навистина беше светска поетска престолнина.

Првиот пат, кон средината на седумдесетите, Енцесбергер престојуваше во Струга речиси анонимно. Друштво му правеа неколку пријатели од тогаш помладата генерација југословенски поети. Зборно место им беше ,,Деспина“ или ,,Летница“, една од гостилниците на ,,торбешите“ како што во катадневниот говор ги нарекуваа поетите. Беше и си замина големиот европски поет и интелектуалец од врвен маштаб – речиси незабележително. Некако и очекувано ако се има предвид фактот дека во тоа време Управата на Струшките вечери на поезијата речиси целото внимание го фокусираше на добитникот на Златниот венец на СВП. Не дека другите учесници, особено оние од странство, беа игнорирани, ама сепак вемнценосецот беше во преден план.

Втор пат Енцесбергер дојде во Струга како добитник на Златниот венец и тоа веќе беше друга песна: протоколи, приеми, ручеци, вечери и уште други нешта кон кои самиот Енцесбергер немаше благонаклонет однос. Тој си ги паметеше пријателите и гостилниците од пред пет-шест години и повеќе претпочиташе тавче гравче кај ,,торбешите“ отколку пастрмка на една од терасите на прекрасниот хотел ,,Бисер“. Со сета почит и благодарност кон домаќините, кои несебично се трудеа да му угодат.

Се случуваше, во тие неколку струшки денови Енцесбергер да им исчезне од видното поле на организаторите, да го снема и потем да изникне од некаде каде што не го садиш. Една вечер, на пример, требаше да настапи на ,,Ноќта без интерпункција“ во еден од баровите на хотелот ,,Дрим“. Како што се случува на поетските собири ширум светот, тој си беше заседнал со своето друштво и остана во гостилницата (пак кај ,,торбешите“) неколку часа по фајронтот, за што надлежните служби во градот имаа целосно разбирање во деновите на поетските светковини.

Стана веќе три часот наутро кога Енцесбергер со старата тајфа се појави на влезот во просторијата во која се одржувапе ,,Ноќта без интерпункција“. Уште невлезен, ја запеа ,,Аванти пополо“ што предизвика општо изненадување , не од изборот на песната ами од фактот што Енцесбергер пропеа. Ср разбира дека имаше и такви кои се радуваа на изборот на песната, а и зошто да не. Изет Сарајлиќ, којзнае од каде секавично пронајде гитара и веднаш се придружи – и вокално и инструментално. И други си ги поведоа своите песни. Се пееше тоа утро во Струга до изгрејсонце. Со искрена верба во поговорката дека којшто пее зло не мисли.

Денес пак, кој што мисли не му е до песна – вели еден колега.

(Од книгата ,,Вреќанки“, – Везилка 2011, Скопје 2014)

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet