Точно е дека од КОВИД-19 најчесто заболуваат повозрасните, постарите и лицата кои што имаат претходна постоечка болест. Меѓутоа како кај нас, така и во светот има починати млади луѓе за кои не може да се утврди дали имале некоја постоечка болест – вели Владимир Микиќ од Интитутот за јавно здравје
За време на викендот кој беше продолжен, беше одржана прес конеренција во Владата на СРМ на која приуствуваше и Владимир Микиќ од Интитутот за јавно здравје. Заради фактот дека не сите граѓани имаа можност да ја следат конференцијата издвојувамне одредени поинтересни согледувања на епидемиологот.
„Според бројот на случаи на 100.000 население во европскиот регион највисока стапка на заразени од коронавирус, преку 340 регистрирани има во Шпанија, Швајцарија и Италија. Во Република Северна Македонија, досега, заклучно со денешниот ден се регистрирани 828 случаи, што претставува стапка на заболување од 40,3 случаи на 100.000 жители. Споредено со регионот и со оние европски држави, каде беше преку 340, сѐ уште во Република Северна Македонија гледаме ниска стапка на заболување“, вели д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.
Во однос на возрасните групи кои најчесто заболуваат, Микиќ посочи дека тоа се лица од 50 до 59 години каде што има највисока стапка на 100.000 жители, што значи дека сѐ уште успеваме да ги заштитиме возрасните лица каде што очекуваме најтешки форми на ова заболување.
Според статистиката на ИЈЗ, кај 24 отсто од сите регистрирани заболени им било потребно болничко лекување. Најчести коморбидитети (придружни болести) се кардиоваскуларните заболувања, респираторните заболувања, додека 42 лица биле со дијабет. Вкупно се регистрирани 34 смртни случаи, асоцирани со коронавирусот, со кои стапката на смртност изнесува 4,1 отсто, што во однос на вкупната стапка којашто изнесува 6,2 отсто во светот и особено во европскиот регион, покажува дека сѐ уште сме далеку од стапките во Италија, Шпанија, Франција и други поразвиени европски земји. Од смртните случаи повеќе од 65 отсто се над 60 години и кај три четвртини е регистриран некаква друга хронична болест.
„Досега во Република Северна Македонија се направени преку 8.000 тестови што приближно одговара на 4.000 тестови на 1 милион жители, што нѐ става некаде во врвот во регионот по број на направени тестирања. Бидејќи често се поставува прашањето дали треба да има масовно тестирање или, во овој момент според препораките на СЗО ги тестираме само симптоматските пациенти“, истакна др. Микиќ и заклучи дека успеваме да ја ублажиме кривата и немаме експоненцијален раст на случаи.
Во однос на починатите мајка и син во Велес, др. Микиќ образложи дека тоа е случај кој сѐ уште се расчистува. Сѐ уште се утврдува точното време на смртта во Институтот за судска медицина и не се знае дали е три месеци или помалку, но важно е да се каже дека со тестот се детектира генетски материјал и не мора да значи дека тестот укажува дека постои жив вирус.
Најголем дел од починатите од КОВИД-19, се на возраст над 60 години, односно 65 проценти од вкупниот број досега. Но, во државата од КОВИД-19 изминатиот период има смрттни слуачи на млади луѓе на возраст, од 31, 38, 40, 45 години за кои не беше соопштено дека имале претходни заболувања. Ова го наметна прашањето зошто во нашата држава умираат млади, здрави луѓе што не е случај во Италија и другите земји од каде што стигнуваат информации дека од вирусот умираат стари луѓе. Епидемиологот Владимир Микиќ вели дека бројот на починати млади лица е од 1 до 2 проценти и тоа одговара на онаа стапка од која што е очекувана.
„Точно е дека од КОВИД-19 најчесто заболуваат повозрасните, постарите и лицата кои што имаат претходна постоечка болест. Меѓутоа како кај нас, така и во светот има починати млади луѓе за кои не може да се утврди дали имале некоја постоечка болест. Не се согласувам дека кај нас повеќе умираат млади луѓе, значи повеќе од 65 проценти од заболените се лица над 60 години и кај 3/4 се констатитирани претходни заболувања. Ако ги видите, од сите 800 регистрирани заболени, бројот на починати млади лица е од 1 до 2 проценти и одговара на онаа стапка од која што очекуваме да починат и од помладите возрасни групи. И при тоа ќе кажам дека кај нас за разлика од регионот, се евидентираат сите смртни случаи кои на било кој начин се поврзани со КОВИД-19. Значи во одредени случаи може и да не е директна причина за смрт, но ја влошил постоечката здравствена состојба, изјави епидемиологот Микиќ.
На прашање на Нова, зошто во процесот на тестирање не е вклучен Институтот за микробиологија како најстара институција од ваков вид, во делот на серолошките тестирања за кои се зборува и дека по 21 ден можат да потврдат присуство на болеста, но и да се растовари Институтот за јавно здравје, министерот Филипче, присутен на пресот, со одговор, дека многу стручњаци од различни области се влкучени и дека стратегијата досега дава добри резултати.
„Институтот за микробиологија е вклучен во анализите преку професорката Милена Петровска која што е дел од Комисијата за заразни болести и од многу стручни дискусии. Доколку се мисли на бројот на направени тестови од следната недела ќе се вклучи и МАНУ, иако тие требаше да бидат вклучени само во контролата на тестовите, сега ќе прават од 50 до 100 тестови и сметам дека тоа ќе биде доволна бројка. Ние уште на почетокот вклучивме експерти од различни области, од сферата на епидемиологијата, инфектологијата, микробилогијата, регрутирани се многу лекари, медицински сестри, така што ниту еден сегмент во нашиот пристап не е запоставен. Секој дава максимум во својот пристап на ангажирање и сметам дека засега ова стратегија дава добри резултати“, изјави министерот Филипче.