Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕПИДЕМИЈАТА ГИ СЕЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСИ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

May 26, 2020 Filed Under: Ревија

Проценка е на американските фирми дека 70 отсто од фирмите ќе ги остават 5 отот од вработените да работат од дома

ГАРТНЕР Оваа вашингтонска фирма за посредување тврди дека 70 отсто од американски фирми ќе стартуваат после епидемијата со испраќање на минимум пет отсто од вработените да работат од дома

Пандемијата со коронавирусот која го зафати, речиси, целиот свет го промени начинот на живот и го натера населението да смени дел од своите секојдневните навики. Рестриктивните мерки што ги воведоа дел од земјите во борбата против ширењето на вирусот, ги принудија работодавачите да одат на поинаква организација на работата и да ги насочат вработените да работат од дома.

Се поголем е бројот на компании кои функционираат онлајн, а нивните вработени ги извршуваат работните задачи од дома. Пандемијата всушност ги натера луѓето да сфатат дека многу работи може да се завршат од дома без одење на работа и присуство во канцеларии.

Така, компанијата „Твитер“ им кажа на своите вработени дека доколку сакаат може доживотно да работат од дома. Оние кои сакаат, ќе може да се вратат во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

Сличен став зазедоа и „Фејсбук“ и „Гугл“ чии работници до крајот на годината ќе работат од дома.

ДА СЕ ПРЕТОЧИ ВО ЗАКОН Можноста да се работи од дома ги натера дел од државите да размислуваат ваквиот начин на работа да го преточат во закон по завршување на пандемијата. Ваква идеја изнесе германскиот министер за работа Хубертус Хајл, кој има намера да предложи воведување на законското право на работа од дома во случаи кога тоа е возможно.

Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг“, Хајл изјави дека таков закон сака да предложи на есен бидејќи првичните проценки покажуваат дека во текот на пандемијата, процентот на луѓе кои работат од дома е зголемен од 12 на 25 проценти и дека со ваков начин на работа се ангажирани околу осум милиони луѓе.

„На сите оние кои сакаат, а работата тоа им го дозволува, би требало да имаат можност да работат од домашна канцеалрија, дури и кога ќе се заврши пандемијата со коронавирусот. За време на пандемијата, дознавме колку работа во денешно време може да се изврши од дома“, истакнал Хајл.

Кај нас засега не се размислува за вакво нешто, иако поголем дел од компаниите беа принудени поради новонастаната состојба со ковид-19 да го применуваат овој начин на работа. Неодамнешното истражување што го спроведе Сојузот на стопански комори (ССК), во кој членуваат над 24.000 главно микро, мали и средни претпријатија, покажа дека 80 проценти од компаниите немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн.

„Од сите претпријатија вклучени во истражувањето, 80 отсто се изјасниле дека немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн, а на прашањето дали бараат алтернативен начин за остварување на нивната дејност, 70 отсто се изјасниле дека не е можно да ја вршат нивната дејност на алтернативен начин, 19 отсто од нив бараат алтернативни начини, а 11 отстоне бараат друг начин“, вели Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на ССК.

ВО ЗАКОН Ферманскиот министер за труд очекува законски измени за да заживее оваа практика

ИСТРАЖУВАЊЕ НА КОМОРАТА Истражувањето на ССК покажа и дека поради кризата предизвикана од ковид-19, претприемачите генерално се соочуваат со намален обем на работа и со големи штети во работењето, а голем дел од нив не се во можност да се задолжуваат со нови кредити на веќе постоечките за да ја пребродат кризата. Засега, најголем процент од нив се уште не го намалиле бројот на вработени, но дури 46 отсто се изјасниле дека планираат да го намалат бројот на вработени доколку немаат ликвидност и средства да ги исплатат платите и трошоците.

Водечката глобална компанија во областа на истражувањата и давање совети за финансиите „Гартнер“, во анализата објавена на 30 март пишува дека три четвртини или 74 отсто од организациите ќе одлучат најмалку пет проценти од вработените да ги остават да работат од далечина.

Овој податок дава пример какво ќе биде влијанието на корона-кризата на начинот на функционирање на компаниите“, вели Александер Бант од „Гартнер“ со седиште во Вашингтон.

Според Бант, финансиските директори, кои веќе се под притисок да најдат начини да ги менаџираат трошоците, гледаат шанса во придобивките во смисла на трошоци од работењето од дома.

„Работата од далечина е еден од примерите за креативна заштеда на трошоците кон која се стремат финансиските директори за да избегнат отпуштања. Повеќето финансиски директори препознаваат дека технологијата и општеството се развиваат во правец да овозможат работење од дома за повеќе работни позиции, повеќе од кога било до сега“, посочува Бант.

БЛАГОЈА ГРОЗДАНОВ Акетата покажа дека 80 отсто од вработени во земјава немаат услови дома за да работат од таму

ШТЕДЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ Додека организациите сè уште се обидуваат да најдат решенија за прекините на стопанските активности предизвикани од ковид-19, работењето од дома може да се имплементира како решение за мерките кои се преземаат од финансиските директори да ги намалат трошоците, се наведува во истражувањето.

Во најновата анкета на „Гартнер“, 20 отсто од испитаниците посочиле дека имаат одложено трошење на технологија во простории, а дополнителни 12 отсто планираат да го сторат тоа, 13 отсто од испитаниците истакнале дека веќе направиле намалување на трошоците за недвижнини, а други 9 отсто планираат да преземат активности во оваа област во наредните месеци.

Сличен став заземаа и „Фејсбук“ и „Гугл“ чии работници до крајот на годината ќе работат од дома.

Во истражувањето биле вклучени 317 финансиски раководни лица од компании, клиенти на „Гартнер“.

Падемијата го промени пазарот на труд и побарувачката за работна сила

Во услови кога светот се бори против невидливиот непријател и кога голем дел од бизнисот трпи штети, промени се забележуваат и на пазарот на труд каде рапидно се менува побарувачката на работна сила. Очигледно е дека во услови на пандемија на корона вирусот, најмалку барани се туристичките работници и угостителите поради откажаните ангажмани и затворањето на угостителските објекти, а за сметка на тоа најбарани се здравствените работници и доставувачите на пратки поради онлајн нарачките.

ПОСЕБНО ПОВОЛНО ЗА МЛАДИ ЖЕНИ Работењето од дома има свои предности за оние со домашни обврски

Меѓу најбараните работни ангажмани моментално во САД, што е глобален тренд на запад, се работните позиции во здравството и трговијата и професиите како возачи, психолози, доставувачи, градежни работници и сметководители. Експертите ја истакнуваат и се поголемата потреба од промена на земјоделството, бидејќи сметаат дека ако потрае пандемијата, поради намалениот увоз, производството на сопствена храна би можело да стане приоритет.

 

Filed Under: Ревија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet