Претедателот нa државата Пендаровски говореше пред новинарите дека имаат сознанија за намерни и организирани ширења на лажни вести. Од МВР добиваме класично соопштение – тие се задолжени да го спроведуваат законот и тоа го чинат, без поврзување на својата работа со сознанијата на Пендаровски
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните со соопштение од 11 март, „како корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно ’лажни’ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните“. (https://mvr.gov.mk/vest/11424).
Во соопштението онатаму се вели дека лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. При тоа се додава дека нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. „Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот“.
РЕАКЦИЈА НА ШИЛЕГОВ Во некои помалку драматични ситуации можеби би имало место да се види дали МВР со своето соопштение излезе откако реагираше лордмерот на Скопје Петре Шилегов и побра да се применуваат насоките на Владата во борбата со лажни вести (https://24info.mk/шилегов-мвр-за-фалсификатов-и-ширењет/).
На прашање доставени до прес службата на МВР а во одговорот на на Секторотот за компјутерски криминал ни беше одговорено дека основот на нивната работа во овој сегмент е усогласен со надлежностите на Министерството за внатрешни работи согласно своите надлежности, кое ги следи вестите што се објавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во врска Ковид-19, и во случај да се утврди дека истите предизвикаат вршење или поттикнување на вршење кривично дело од Кривичен законик, министерството, во соработка со Основно јавно обвинителство, ќе отвори истрага согласно Законот за кривична постапка. Согласно член 23 од КЗ, доколку со одредени лажни вести се поттикне вршење кривично дело, а дополнително злоупотреби и ширењето на лажни вести преку интернет и социјални мрежи, поврзано со корона вирусот и мерките на Владата, ќе биде санкционирано согласно член 205 став 5 и член 206 од КЗ. (детали за ова видите во Вистининомер –https://vistinomer.mk/za-shire%d1%9ae-lazhni-vesti-za-kovid-19-mozhe-da-se-zavrshi-i-vo-zatvor/).
РУТИНСКИ ОДГОВОР Одговорот е рутински, без детали и без сомнанија дали до сега се откриени вакви вести. Но, на пресот одржан на пладне на 13 март претседателот на државата истакна дека изминатите денови имало обиди за организирано ширење лажни вести во земјата, за да се влоши ситуацијата, користејќи ја епидемијата со корона вирусот. Службите во неговиот кабинет детектирале неколку такви обиди за предизвикување паника
„Апелирам само за една работа: информирањето да биде од официјални извори. Во вакви ситуации, кога се случува епидемија на болест, има и епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението, при што се создава ситуации кога не им се верува на официјални, туку на алтернативни продуценти на вести. Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“, рече Пендаровски. (https://novatv.mk/pendarovski-go-svikuva-sovetot-za-bezbednost-zasega-nema-vonredna-sostojba/).
Ова е многу сериозно сознание и упатува на тоа дека во земјава имаме паралелен лов на лажни вести! Организирано и плански да се настапува со импутирање на лажнои вести не е наивна работа и за тоа секако мора да се работи за некаква штапска „ја наоправија“!
Дали Пендаровски информациите ги добил од Агенцијата за разузнавање (АР), која според законот е овластена за обирање, анализа и обработка на разузнавачки информации што се значајни за безбдноста, одбраната, полтичките, економските и другите интереси на РСМ?
УЛОГАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ Оваа непотврдена насока на размислување има логика во тоа што Агенцијата за разузнавање својот директор го добива со указ на претседателот на државата и што собира информации што доаѓаат во кабинетот на овој функционер. На оваа дистанца меѓу конвенционалналниот однос на МВР и бомбата која на 13 март ја кажа Пндаровски на средбата со новинарите, речиси никој не обрнува доволно внимание на „пожарот што гори“, иако самото изложување на сознанието за тоа дека некој и мисли толку лошо на нашата безбедност за да се наруши угледот на институциите, како што истакна Пендаровски, одново имаме дискрапанца меѓу две важни институции. Особено што во овој миг ама и во помормални околности меѓу ваквите институии е неопходна поголема сорботка и размена на информации
Повод за загриженост дава и фактот дека Пендаровски нагласи, на новинарско прашање дали се знае кои се лицата или структурите кои стојат зад лажните вести, шефот на државата „рече дека не може да открие детали, но само кусо рече дека тоа се биле истите ентитети кои на овој начин делувале за време на референдумската кампања..
(htps://makfax.com.mk/makedonija//пендаровски-откриени-се-неколку-обид/)
Дали е ова одговорот од каде евентуално би имало рaзлики во треманот на ширењето на лажните вести, со оглед на тоа како се сваќа позицијата на првиот човек на полицијата во опозициските редови?