Директорот на Агенцијата за разузнавање беше гостин во студиото на Алсат-М, во емисдијата „360 степени“. Одговараше на многу актуелни прашања од областа на ебзбедноста. Пренeсуваме дел од нив
Едно од првите прашања се донесуваше на прашањето за намножување на бугарски културбни клубови со провокативни имиња. Еве што одговори Мусиу:
„Конктретно околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Република Северна Македонија, да се зачлени во Европската Унија“, вели директорот на Агенцијата за разузнавање
За директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, отворањето бугарски здруженија во Македонија со имиња како „Цар Борис Трети“ или „Ванчо Михајлов“, е провокација и е во интерес на хибридни стратези. Тој во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека нивната цел е да го забават зачленувањето на земјава во Европската Унија.
„Во целиот процес во изминативе 10-12 години јасна и видлива беше интенцијата на трети актери да го успорат процесот на зачленување на Македонија, Црна Гора и други држави во НАТО, исто како и во делот на Европската Унија. Конктретно, околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Република Северна Македонија, да се зачлени во Европската Унија. Но, морам да кажам дека ова нема ништо негативно во односите на Агенцијата за разузнавање со двете цивилни безбедносно-разузнавачки служби на Република Бугарија кои ни се сојузници во НАТО – заеднички работиме, разменуваме информации и за актери кои хибридно делуваат. Само да се потсетиме, таму имаше протерување на дипломати на држави кои го попречувале процесот на разговори помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, рече Муслиу.
Тој рече дека и историчарите што се обидуваат да дадат политички контекст во нивните изјави, а припаѓаат во некое минато време и се уште немаат расчистено со нивната идеолошка матрица од минатото, ги третираат во, како што рече, оваа рамка.
Сепак, Муслиу вели дека нема дилема оти Бугарија сака да ја види Северна Македонија како членка на Европската Унија.
„Целиот процес, откако е потпишан Договорот за добрососедство и пријателство, па и во периодот кога имаше вето, од официјална Бугарија сите официјални лица даваа изјави и јасно го кажуваа ставот дека сакаат час поскоро Република Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Тука немам дилема. Јас кажав дека единствено на што сме фокусирани се трети актери кои сакаат да го попречат нашиот пат кон ЕУ“, вели тој.
Контактите со странски разнузнавачки служби, работењето во интерес на странски хибридни стратегии, контакти со терористички организации, со наркокарели, никого не прават недопирлив, ниту за законот ниту пак како таргет на Агенцијата за разузнавање (АР), рече директорот на АР во гостувањето во „360 степени“
Дел од хибридното делување е остварувањето на политичко влијание во одредена зона, а не е тајна дека голем дел од македонски експоненти во изминатиот период и не криеја дека имаат контакти директни со Москва, изјави директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат прашан дали во земјава навистина постојат политички партии кои се под директно руско влијание. Муслиу вели дека македонската јавност била сведок на патувања на членови на политички партии и пратеници на средби во Москва.
Прашањето до Муслиу беше поставено во контекст на неодамнешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека дел од опозицијата „по цел ден е на телефон со Русија“.
„Дел од хибридното делување е да се остварува и политичко влијание во одредена зона. Значи, да се влијае во политички партии, дали во креирањето на мислењето на граѓаните – тоа е еден дел од алатката. Меѓутоа, сепак, политичкото организирање во нашата држава е уставно право на секого, но од позиција на директор на Агенција за разузнавање треба да потенцирам дека членството во политичка партија никому не му овозможува чадор за имунитет. Контактите со странски разнузнавачки служби, работењето во интерес на странски хибридни стратегии, контакти со терористички организации, со наркокарели, никого не прават недопирлив, ниту за законот ниту пак како таргет на Агенцијата за разузнавање“, кажа Муслиу.
Спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) е една од можностите за поефикасен безбедносно-разузнавачки капацитет на државата, но во Северна Македонија се уште нема услови за такво нешто, оцени директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Според Муслиу, реформата во безбедносно-разузнавачкиот сектор, спроведена по скандалот со масовното прислушување, е успешна од законски аспект, но потребно е повеќе време за да се покажат резултатите. Тој потсетува дека пред само три години беше донесен Законот за АНБ, а за АР минатата година што, според него, е краток период.
„Дали треба да се спојат службите или не, тоа е прашање на демократскиот капацитет и култура во нашата држава, дали ние во оваа фаза сме спремни да влеземе во такво поефикасно решение, затоа што во регионот речиси сите држави имаат една служба во која елементот на безбедносниот и контраразузнавање и разузнавчакиот дел се во едно. Јас мислам дека во оваа ситуација кај нас се уште не се стекнати услови за да може да се дискутира за евентуално вакво решение“,
оцени Муслиу.
Тој, сепак, не ја исклучува можноста за спојување на институциите во иднина, бидејќи дел од аргументите на поборниците „за“ се водат од економско-финансиски причини.
„Буџет има АНБ, буџет има АР, буџет има военото разузнавање во Министерството за одбрана и некои експерти сметаат дека доколку бидеме сите во едно, под една капа, средствата ќе се слеваат на едно место, капацитетите технички и човечки што ги имаме ќе ги здружиме, но кажувам дека треба да оставиме уште малку време“,
вели Муслиу.
Според Муслиу, безбедносната реформа не е само шминка, како што оценуваат дел од пратениците на опозицијата, осврнувајќи се на политичко-безбедносната криза и злоупотребите на техничките капацитети на поранешната УБК.
„Од законски аспект реформата е успешна. Применети се сите препораки и вредности што ги имаат сите европски и сојузнички безбедносно-разузчнавачки служби. Нормално, ниту еден систем, ниту еден закон не е перфектен, секогаш има место за подобрување. Го спомнавте моментот на надзорот и контролата, дефинитвно има тука доста да се работи, но јас, како директор на Агенцијата за разузнавање, која припаѓа на безбедносно-разузнавачкиот сектор во нашата дражава, сум задоволен каква е моменталната состојба“,
рече Муслиу.
Во однос на соработката со Агенцијата за национална безбедност, Муслиу вели дека имале неколку заеднички акции, како протерувањето руски дипломати, во кои учествувале и од воената служба за безбедност. Но, потенцира дека се уште има потреба од засилување на меѓусебната координација.
„Се уште постојат елементи за подобрување, пред се, од административно-технички аспект. Во рамки на координацијата, Советот за координација на службите е еден сегмент, другиот сегмент е канцеларијата која е фактички оперативното тело на Советот за координација“,
рече директорот на Агенцијата за разузнавање
За првиот човек на Агенцијата за разузнавање, не претставува хендикеп тоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на став дека Законот за Агенцијата за разузнавање во јануари 2021 година бил донесен на шверцерски начин.
Да се потсетиме – Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кога истовремено и Блерим Колари е назначен за советник за безбедност.
Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти и на почетокот од 2018 беше еден од кандидатите за директор на Управата за безбедност и контраразузбавање.
Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач.
Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци, а за него високите претставници од пријателските безбедносни служби отворено во јавноста изразиле мислење дека тој е олицетворение на највисокиот формат на професионалец од областа на безбедноста и разузнавањето.
Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а претходно ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.