АТАНАС ВАНГЕЛОВ
Како што убиството на учителот А. Наумов било, според Делчев, „нужно,“ така, во друго време, беше „нужен“ и оној „крвав четврток“ затоа што е впишан во политичката филозофија есенцијализам. Покрај другото, и тоа го спречува Мицковски да го осуди колосалниот криминал на Груевски. Не може да го осуди, а да не го осуди есенцијалзмот како политичка фиулозофија и практика
Ако не ме лаже сеќавањето, водачот на опозиција Х. Мицковски се повика на зборот „есенција“ во една емисија 1-ТВ во која му беше гостин на Сашо Ордановски. Тогаш се обиде, со многу дикат, да ја протне темата ВМРО-ДПМНЕ која била „есинција“ на македонската нација. Меѓутоа, таа тема не наиде на минимум разбирање кај неговиот соговорник (Ордановски). Тој брзопотезно ја елиминира по што, водачот на ВМРО-ДПМНЕ, не покажа баш некоја волја да ја враќа „во живот.“ Како и тој да чекал некој да го ослободи од обврската јавно да разјаснува што поточно разбира под тој есенцијализам.
Кога, во својата колумна „Метафористот Мицко“ напишав дека се работи за еден “анахрон, нафталински, ‘пиреј’-анхронизам“ имав наум, дека Мицковски, со таа своја „есенција“ сака, со еден курушум да отепа два зајака. Од една страна сака да изгради „перцепција“ (Груевски) во јавноста дека тој го враќа ВМРО-ДПМНЕ кон неговите изворни, автентични вредноста. Иако, од многу други практични (ги има мал милион!) причини, тој одбива да ги осуди колoсалните криминали на неговиот ментор. Или, барем, да изјави дека тој ги изневерил тие изворни, автентични вредности. Од друга страна, тој се надева дека, на тој начин, може да им го избие оржјто на демократите (Богојевски, Есмеров, Јанчев), кои често изјавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се демократизира; дека треба да стане модерна (европска) десна партија која, парадоксално, може да стане тоа ако се врати на изворните, автентични вредности на ВМРО-Гоцева.
Зошто велам – парадоксално? Велам затоа што работите со тој изворен, автентичен есенцијализам на ВМРО-Гоцева ни оддалеку не се толку едноставни како што мислат било актуелниот водач на опозицијата, било она демократско крило кое се надева дека со тивка, упорна и континуирана работа „однатре“ може да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и од неа да направи модерна конзервативна партија, демократска по дух и практика. Мошне добро зборува за тој парадокс една епизода од „Спомените“ (Софија, 2012) на анархистот Петар Манџуков од скопско Мирковци, внук на владиката Натанаил Кучевшки.
Во таа епизода станува збор за една кавга меѓу велешките Гемиџии и ЦК на Делчев по убиството на учителот Атанас Наумов кој бил ликвидиран по налог на Организацијта како озлогласен и опсаен “предавник.“ Таа ликвидација му била доверана на Попето (Михаил Апостолов) кој, меѓутоа, не се покажал којзнае колку вешт. Кога не успеал брзо да го приколе тој нереќен учител, неговата жена (Гркинка) почнала да вика на помош по што Попета бил принуден да ја приколе и неа. Иако била во поодмината бременост.
Гемиџиите стојат на становиште дека терористите не само што не смеат да убиваат невини луѓе туку, напротив, тие се должни да платат со својот живот за секој одземен живот. Вклучително и животот на оние што ја заслужиле својата смрт како докажани противници на „возвишена и света кауза“. Во тој поглед легендарните велешки гемиџии ја споделуваат политичката филозофија на рускиот теророрист, поетот Каљаев. Тој во 1905 г. го убива рускиот кнез Сергеj, вујко на цар Николај II кој, во трагедијата „Праведници“ на А. Ками (les Justes) е пртставен како „душа од човек“, каков што и бил во животот.
Наспроти таа политичка филозофија на велешките Гемиџии и, нешто подоцна, на рускиот терорист Каљав, стои онаа на водачот на ВМРО Делчев кој го брани гестот на Михаил Апостолов. Тој вели дека тоа убиство на бремена жена било дури „нужно.“ Дека Попето бил изложен на изборот: или убиство на бремена заради спас на илегалната револуционерна организација (ВМРО) или, напротив, да се поштедат два невини живота (оној на жената и детето во нејзината утроба), со ризик да биде разоткриена и ликвидирана Организацијата на Делчев. Во таа кавга Делечев ја употребува добро познатата закана („долга е раката на ВМРО!“) кон велешките гемиџии на кои, според една славна формула на Карл Маркс, им недостигала “револуционерна страст.“
Што ни покажува таа епизода од кавгата на Делчев со гемиџиите? Во прв ред дека политичката филозофија есенцијализам било онаа на Делчев, било онаа на неговиот далечен наследник Н. Груевски подразбира терор и криминил, а подразбира затоа што светот го дели на посветена елита (ВМРО) и материјал кој се жртвува на олтарот на возвишена и света кауза. Како што убиството на учителот А. Наумов било, според Делчев, „нужно,“ така, во друго време, беше „нужен“ и оној „крвав четврток“ затоа што е впишан во политичката филозофија есенцијализам. Покрај другото, и тоа го спречува Мицковски да го осуди колосалниот криминал на Груевски. Не може да го осуди, а да не го осуди есенцијалзмот како политичка фиулозофија и практика. Ако го осуди, тоа ќе биде крај на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ќе треба да се откаже од својот есенцијалистички дух: било архајски, било модерен.