После првите три месеци од годинава дел од изворите на киловати се ставени во позиција на редовен ремонт
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/04/vasko-kovacevski-1.jpg)
Добивка од 2,514 милиjaрди денари или 40, 88 милиони евра оствари АД ЕСМ во текот на минатата година. Oвој период за земјата и за оваа компанија секако беше кризна година. Од компанијата наведуваат дека позитивниот финансиски извештај се базира на зголеменото домашно производство и на намалување на трошоците. Нивниот извештај даден пред новинарите беше предмет на критизирање а во нивните извештаи главно беа заобиколлени бројките.
Освен тоа, на прес конференцијата која практично беше игнорирана како извештај за работа, беше информирано дека ЕСМ Продажба ја заврши 2022 година со добивка од 302 милиони денари или околу пет милиони евра. „И во услови на енергетска криза имавме ноќни вишоци на енергија и токму поради зголеменото производство можеше да се врши продажба преку ЕСМ и да се остварат дополнителни приходи“. – велат во оваа компанија.
Конкретно, во делот на производството проекциите се надминати. Се предвидувало, во однос на 2021 зголемено производството за 20, а региастриран е скок од 26,7 отсто.
Во известувањето се посочува дека АД ЕСМ изминатата 2022 година ја менаџирал со голема поддршка од Владата, од министрите од економскиот сектор, од сите вработени во рудниците, термоелектраните, хидроцентралите кои „несебично се вложле за надминување на кризата и со електрична и со топлинска енергија“.
Што се однесува до поновите параметри – Електрани на Македонија од почетокот на годинава па се досега произведе 44 проценти повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани. А, дури 61,8 отсто над забележаните остварувања во истиот период во 2021.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/04/esm.jpg)
„Првите три месеци од секоја година се секогаш најтешки. Во ек на грејна сезона и непредвидливи временски услови АД ЕСМ не само што го исполни планираното производство, туку и го надмина и остваривме 103,3 проценти“, наведуваат од компанијата и додаваат дека е постигнато и рекордно дневно производство во последната деценија. „Во текот на февруари преку капацитетите со кои АД ЕСМ располага се произведоа 22.933 MWh електрична енергија во еден ден, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата“.
Притоа велат, се ставија во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намали и зависноста од увоз на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме
Податоците пласирани во соопштението ги покажуваат производните остварувања на капацитетите:
– РЕК Битола 2.328.768 MWh година што е за 26,7% повеќе од 2021 година;
– Во РЕК Осломеј 255.231 MWh за 25% повеќе од 2021 година;
– Во ТЕ-ТО Енергетика 40.515 МWh, што е двојно повеќе од 2021 година;
Од обновливи извори на енергија во 2022 година се произведоа 1.087.392 MWh.
Осврнувајќи се на грејната сезона 2022/2023, од компанијата иснформираат: „Планирано беше да се набават 392.430 MWh електрична енергија со вредност од околу 146 милиони евра. АД ЕСМ за овој период или од 1.10.2022 до 31.03.2023 година набави 175.750 MWh електрична енергија со вредност од околу 47 милиони евра. Што значи дека не се потрошиле околу 98 милиони евра, тоа се буџетски пари, пари на граѓаните. Доколку АД ЕСМ вршеше продажба на електрична енергија на слободен пазар, по пазарните цени кои беа високи, ќе оствареше добивка од околу 385 милиони евра“.
Посочуваат и дека за граѓаните и малите бизниси обезбедиле 100 насто електрична енергија, а со поевтина енергија снабдуваат 53 здравствени установи, градинки, девет министерства, универзитети и факултети и други важни институции, неколку општини, училиштата, водостопански претпријатија и прехранбени капацитети субвенционирани од Владата. Исто така, потсетуваат и дека ЕСМ ја менаџираше кризата со топлинска енергија во Скопје.
АД ЕСМ соопштува дека во услови на ковид криза, енергетска криза и воено политичка криза од крајот на 2019 почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција и сите активности се во склад со усвоената Стратегија за енергетика до 2040 година и со движењето кон зеленото сценарио.