БОРЧЕ ТРАЈКОВСКИ
Големината на луѓето доаѓа со нивниот карактер дека при ваква одлука, не треба командантот Форина да го разрешува Генералот, напротив, генералот сам треба да ја донесе таа одлука, а не да квичи и да се правда пред јавноста
Не е проблемот во тоа што ти и твоето Достоинство сте решиле да ја напуштите коалицијата со СДСМ и ДУИ, туку, проблемот е во тоа што со таа одлука ја нема и твојата неотповиклива оставка од позицијата директор на ЦУК, како назначен, именуван од таа влада која ја напушташ. Големината на луѓето доаѓа со нивниот карактер дека при ваква одлука, не треба командантот Форина да го разрешува Генералот, напротив, генералот сам треба да ја донесе таа одлука, а не да квичи и да се правда пред јавноста дека бил добар, дека бил во служба на народот, дека гасел шумски пожари со гранчиња, дека стоел под пукнати мостови. Како лидер на „Достоинство“, и ти и сопругата треба да си поднесете оставки, затоа што не сте решиле на изборите да настапувате самостојно, туку се припојувате кон најапашкото политичко крило во државава, оноа истото заради кое заедно марширавме во Шарената, заради оноа крило за кое зборуваше пред МРТВ а ние те слушавме и бевме на твоја страна, па марширавме до Обвинителството.
Си заборавил, бе, Стојанче, дека таа твоја борба го донесе СДСМ на власт, и дека тие, заедно со ДУИ те назначија директор на ЦУК. Што квичиш бе дечко дека Талат најавил твое разрешување, кога самиот си го нацртал патот кон твојата интересџиска иднина. Те заболе тебе за државата, за борците од 2001, за командантите на премирски и министерски позиции со кои беше заедно 7 години, за погрешните закони кои ги носеше владата заедно со тебе.
Не чекај да те разрешат, веднаш поднеси си оставка од позицијата и слободно влези во криминалното јато на ДПМНЕ. Таму ќе ја добиеш заслужената награда…
Абе Стојанче, Џенерале..