Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЖАН ЛУИК ГО ДОБИ ГРАНД ПРИТОТО НА ГАЛЕРИЈАТА НА КАРИКАТУРА 2018

June 4, 2018 Filed Under: Ревија

„Остен“ ги соопшти наградените автори на јубилејното издание на Галеријата. Гранд прито отиде за Франција. Најдобар домашен кариктурист е Блаже Докулевски. Спектакуларната прослава на јубилејот е закажана за наесен

ИНФОРМИРАЊЕ Покана на присутните за есенското спектакулрано одбележување на 50-тиот роденден на Остен: Драган Поповски, Корнелија Конеска и Мице Јанкуловски

Во Музеј на Град Скопје беа изложени пристигнатие и слектиани дела пристигнати за конкурсот за 2018 и информираше и за плановите за одбележување на полувековниот јубилеј.

Првата селекција на учесници на 50. Светска галерија на карикатури ја направи познатиот карикатурист од Турција Ердоган Басол, кој беше и член на жирито, а останатите членови на интернационалното жири кое одлучуваше за наградите се: Ан Телнес од, САД (уредник-карикатурист на Вашингтон пост), Мостафа Рамезани, Иран/Франција (карикатурист и графички дизајнер), Владимир Казаневски од Украина (карикатурист и предавач по Теорија на уметноста на карикатурата) и Мице Јанкуловски од Македонија (уметник, карикатурист и претставник од „Остен“).

По повод 50-годишниот јубилеј, „Остен“ ќе изложи по едно дело од сите карикатуристи кои се пријавиле на 50. Светска галерија на карикатури  Скопје 2018. Изложбата може да се посети до 10 јуни во Музеј на град Скопје.

ПОБЕДНИКОТ Жан Луик за ова дело доби Гран при на овогодинешната Галерија

– Светската галерија на карикатури и овојпат ги обедини уметноста, хуморот и интелигенцијата од цел свет, изразена преку цртеж. Доследни на својата заложба за поттикнување на уметноста на хартија, како и секоја година, основен критериум за учество на Светската галерија на карикатури беше учество со оригинални, рачно цртани карикатури, сатирични цртежи и стрипови. Карикатуристите од целиот свет ја поздравуваат оваа наша заложба и ги препознаваат нашите напори за поттикнување вистински уметнички вредности при создавањето на карикатурите, па одѕивот беше исклучително голем: 208 карикатуристи од 50 земји во светот испратија во Остен близу 800 карикатури – соопшти во името на „Остен“ директорката Корнелија Конеска.

БЛАЖЕ ДОКУЛЕВСКИ Оваа награда му ја донесе на Блаже Докулевски наградата за најдобра карикатура за 2018 година

Членовите на управата на Галеријата соопштија за немерите да ја прошират својата галериска поставеност и тоа во Франција. Потоа беше подвлечено дека се изработува документарен филм за историјата на Остен во изработка на ЕСРА како и специјален каталог, што пред публиката ќе бидат претставени наесен, во Галеријата Чифте амам.

Првата награда ќе замине во Фрабнција. Карикатуристот Блаже Секуловски ја доби наградата за најдобра македонска карикатура.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet