Преземањето на правата и обврските од ТЕ-ТО и БЕГ не е така наивна работа, како што некои мислат и коментираат. А секако нема да биде и кусотрајна, бидејќи ЕСМ ќе го менаџира и севкупното финансиско работење, што е значајен влез во до сега таинствените компании
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе управува со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) додека трае енергетската криза. Засега нема да ѝ биде одземена лиценцата на БЕГ и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика. Од БЕГвеќе признаа дека од 15 јануари нема да може да испорачуваат топлинска енергија, односно Скопје нема да има парно.
На прес-конференцијата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимоски беше кажано дека Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
„Граѓаните ќе имаат парно греење. Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период“, рече министерот Бектеши.
Директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски кажа дека ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ за да има непрекината испорака на топлинска енергија на сите граѓани во Скопје.
„Во овој период преку ЕСМ на некој начин ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ. До завршивање на грејната сезона цел бизнис ќе биде под целосно управување на ЕСМ“, кажа Бислимоски.
Министрите не одговорија конкретно на новинарските прашања зошто не им е одземена лиценцата на БЕГ, иако велеа дека не може државата да управува во криза со претпријатието, а потоа тие во мај да се вратат како „принцеви на бели коњи‘.
Директорот на БЕГ Димитар Кочовски кажа дека од утре скопјани ќе имаат парно, односно ќе испорачуваат топлинска енерегија затоа што е договорено ТЕ-ТО на одложено плаќање да им дава гас до обезбедување на ликвидност и до потпишување на договорот за деловно-техничка соработка меѓу нив и ЕСМ.
На новинарско прашање зошто ситуацијата не се реши побрзо и што се смени сега за да се постигне договор со БЕГ, вицепремеирот Фатмир Битиќи кажа дека другите страни во целиов процес станале поразумни.
„Се случи разговор на две страни кои се обидоа да станат поразумни. БЕГ и ТЕ-ТО ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи. Само во разговор може да се најде решение“, кажа Битиќи.
Премиерот на новата Влада Димитар Ковачеевски за постигнатото решение околу снабдувањето со топлинска енергија на својот фејсбук профил напиша „Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.“.
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе управува со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) додека трае енергетската криза. Нема да ѝ биде одземена лиценцата на БЕГ и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика. Од БЕГво четвртокот рекоа дека од 15 јануари нема да може да испорачуваат топлинска енергија, односно Скопје нема да има парно.
За оваа мерка Владата ќе покрие 80 отсто од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, а останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините.
Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но не планира да даде пари за граѓаните на Скопје да не плаќаат поскапо парно.
Ова е уште еден од фактите кои покажуваат дека градоначалничката Арсовска не работи за интересите на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиски интереси“, истакна советничката Градското собрание Јанчева.
„Арсовска го прекина проектот за Бас рапид транзит, поништи оглас за вработување на пожарникари, Управните и Надзорните одбори на установите и претпријатијата ги полни со партиски кадри, вдомува 109 активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните ги остава сами да се снаоѓаат во време на криза со топловодна енергија. Арсовска работи спротивно на интересите на граѓаните и свесно дејствува против развојот на Град Скопје.
Град Скопје има свој Буџет и наместо да бара оправдувања за нејзината неспособност, таа конечно треба да почне да работи за она што е избрана – да решава проблеми. Во спротивно, нека отстапи од функцијата која досега ја извршува неодговорно и несериозно“, посочи Јанчева.
Во јавноста се појави и Маријан Ненов, кој е дипломиран електроинженер, кого маката во животот го направила и одличен правник. Тој е еден од основачите на здружението „Но пасаран“, кое веќе шест и пол години води судска битка со БЕГ.
Од една страна е компанијата, а од другата се илјадници граѓани, кои добиваат сметки за паушал за парно, а воопшто не користат вакво затоплување. Од 1 април е донесен Правилник со кој паушалот повеќе нема да се плаќа, но старите долгови и тужби никој не сака да ги избрише.
Ненов за „Фокус“ открива и дека БЕГ е „„масло“ на екс премиерот Никола Груевски, кој ја создал заедно со Фамилијата.
АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Република Северна Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија.
-АД ЕСМ континуирано искажува подготвеност и соработка со институциите и во изминатиот период е ставен на располагање за свој дополнителен ангажман и вклученост во просеците за надминување на кризните состојби, велат од оваа компанија.
Согласно Уредбата донесена на петочното седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија.
-Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето, велат од АД Електрани на Северна Македонија.
– ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје, посочуваат од АД ЕСМ.
Владата преку ЕСМ ќе управува со БЕГ до крајот на грејната сезона, за да го стабилизира пазарот на топлинска енергија.