Последната анкета покажа дека разликата во рејтингот меѓу Нова демократија и СИРИЗА намалена на 4,7 отсто а владеачката партија ги одложи изборите за следниот месец!
На 4,7 отсто е намалена разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, прво откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го соопшти последниот датум за избори во земјата.
Владејачката Нова демократија и понатаму е со најголем рејтинг во споредба со останатите партии, со 26,2 проценти, СИРИЗА е втора со 21,5 отсто, а трета е ПАСОК– Движење на промена (9,4 проценти).
Во однос на претходното истражување од истата компанија спроведено на почетокот на март, Нова демократија загубила 0,1 отсто, а СИРИЗА добила еден процент плус.
Пораст на рејтингот има и партијата Грци национална партија, на поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање и учество во криминална организација.
Според резултатите, радикално десничарската партија со 3,8 проценти обезбедува место во Парламентот.
Речиси еден од пет Грци (19,5 отсто), се во т.н. сива зона, односно или не одговориле на прашањето за кого би гласале, или рекле дека сè уште немаат одлучено или нема да излезат на гласање или пак нивното гласачко ливче ќе биде неважечко.
На прашањето дали сакаат промена или продолжение, 63 отсто од анкетираните одбрале промена, додека пак поделено е мислењето за тоа дали се за еднопартиска или коалициска Влада.
Коалициска Влада поддржуваат 49 отсто од испитаниците, а 48 проценти се за еднопартиска Влада.
Истражувањето на „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“ било спроведено од 22 до 28 март, со анкетирани 1.306 лица.
Парламентарните избори во Грција, како што веќе соопшто грчкиот премиер, ќе се одржат на 21 маj. Ова го соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на владина седница.
Нова демократија победи на изборите на 7 јули 2019 година, парламентарните избори за нешто помалку од два месеци се регуларни, а до скоро Мицотакис континуирано го изразуваше ставот дека ќе го исцрпи четиригодишниот мандат.
Грција е практично во изборна кампања после Нова година. Законски мандатот редовно завршува во јули 2023 година, но сепак најпрвин требаше да има специјални избори на 9 април. Сега тој термин, заради неповолни настани по власта се одложи за еден емсец.
Две работи се веќе сигурни: прво, јавноста нема да добие одговори на отворените прашања за скандалот со прислушувањето што постојано се проширува и второ, предизборната кампања најверојатно ќе се претвори во сѕдир меѓу владејачката конзервативна Нова демократија и левицата. – Сириза.
Тоа стана јасно за време на тридневната дебата во грчкиот парламент неодамна, која започна откако лидерот на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата. Причина за ова беше извештајот на Управата за заштита на податоци (АДАЕ) за скандалот со прислушувањето што со месеци ја преокупира Грција.
Имено, потврдено е дека грчката тајна служба EYP го прислушувала министерот за труд Костас Цацидакис, како и петмина високи воени функционери, меѓу кои и началникот на Генералштабот на грчките вооружени сили Константинос Флорос. Месеци претходно се дозна дека биле прислушувани пратеникот во Европскиот парламент, Никос Андролакис, претседателот на третата по големина партија ПАСОК, како и двајца новинари.
Премиерот лаконски одговара на обвинувањата, односно на прашањето зошто, пратениците и грчката јавност не добија одговор од премиерот Киријакос Мицотакис за време на расправата. Иако не го негираше следењето, наводно не знаел ништо за тоа. „Судството ќе го расчисти случајот“, едноставно одговори Мицотакис. Истовремено, тој ја искористи дебатата за да зборува на долго и опширно за грешките на претходната влада и за скандалите во кои наводно биле вмешани политичари од Сириза за време на нивниот мандат од 2015 до 2019 година. Во светло на претстојните парламентарни избори, тој го обвини претседателот на Сириза Ципрас дека започнал политичка борба која во основа е нешто како „за или против демократијата“. И обратно Ципрас го обвини Мицотакис дека лаже и се запраша како е можно премиерот да не знае ништо за скандалот со прислушувањето, иако тој ја направи тајната служба главен приоритет кога ја презеде функцијата во 2019 година?
По дебата во која можеа да се слушнат сериозни обвинувања и која доведе до екстремна поларизација, доверба на премиерот Мицотакис изгласаа сите 156 пратеници на владејачката партија, а со тоа и мнозинството од 300-члениот парламент. Дури и министерот Цацидакис, кој и самиот беше жртва на прислушувањето, беше убеден дека премиерот ништо не знаел.
Грчкото население, сепак, не беше убедено. Според последното истражување на атинскиот институт за истражување на јавното мислење „Прората“, речиси 70 отсто од граѓаните сметаат дека Мицотакис знаел за прислушувањето. Повеќе од половина од анкетираните сметаат дека прислушувањето е „погрешно“ и „штетно за демократијата“.
Во исто време, грчките граѓани се убедени дека Мицотакис нема интерес да ја истражува аферата со прислушувањето. Сепак, нема особен гнев во јавноста поради тоа. И покрај прислушувањето, анкетите покажуваат дека Нова демократија сè уште води во Сириза со пет или повеќе процентни поени. Партијата на Мицотакис на тој начин би можела да освои меѓу 30 и 33 отсто од гласовите, но тоа не би било доволно за да продолжи самостојно да владее. Затоа, на конзервативците ќе им треба коалиција. Најверојатно тоа ќе биде социјалдемократскиот ПАСОК, со кој Нова демократија претходно беше во коалиција (2012-2015). Тоа, сепак, би претпоставувало дека нејзиниот претседател, Андролакис, ќе го прости прислушувањето и ќе му верува на својот потенцијален коалициски партнер. Тоа е малку веројатно во овој момент. Барањето на таква коалиција би значело влекување во калта“.
(Р.Г.)