Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЖЕНИ: НЕРАМНОПРАВНОСТ НА ПЛАТНИОТ СПИСОК

April 22, 2019 Filed Under: Македонија

Само 1 отсто од жените земаат плата повисока од 40 000 денари. Во земјава во 2017 година имало 290 387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто, додека бројот на вработени мажи изнесувал 450 261, односно стапка на вработеност 53,6 отсто

АНЕТА ДОДЕВСКА

 

СТРУКТУРА Жените работнички се ориентирани кон пониско платени гранки – сметаат во Синдикатот

 

Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8 отсто се мажи а 39,2 отсто се жени. Најновите објавени податоци од државната статистика покажуваат сеуште присутен „економски јаз“ по родова основа. Податоците и од невладиниот сектор упатуваат на тоа дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18 отсто помалку во однос на мажите, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во земјава од вкупниот број на работодавци, само 19,4 отсто се жени.  Иако институционално се прават обиди за законска процентуална застапеност на жените во јавниот и политичкиот живот –  останува отворено прашањето колку и дали тие обиди даваат ефект.

Само 1 отсто од жените земаат плата повисока од 40 000 денари …

КОН ЗАВОДОТ Во „57“-ца, на пат кон Заводот за вработување, главно се сретнуваат жените

Во земјава во 2017 година имало 290 387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто, додека бројот на вработени мажи изнесувал 450 261, односно стапка на вработеност 53,6 отсто. Овие бројки покажуваат на се уште присутната родова нееднаквост, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.

„Вработеноста во Република Северна Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапката на вработеност во Република Северна Македонија во 2017 година кај жените изнесува 34.6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21.8, а кај мажите 22.7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44.3, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.3 отсто “ – се вели во публикацијата.

Од вкупниот број на работодавачи ( сопствена фирма) во земјава кој изнесува 128 714, 19,4 отто се жени а останатите 80,6 отсто се мажи или на четири работодавачи од машки род, има само една жена.

 

Работодавачи по пол:

 

жени   24 997

мажи  103 717

 

Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

ПОУСПЕШНИ Фирмите со менаџерки на чело се поуспешни – тврди министерката за труд Царовска

Вработени според сектори (женски род):

 

Дејности на здравствена и социјална заштита  76,95 отто

Финансиски дејности и дејности на осигурување  65,8%

Образование 58,2%

Стручни, научни и технички дејности 53,0%

Преработувачка индустрија                           45,4%

Земјоделство шумарство и рибарство          38,3%

Трговија на големи и трговија на мало; поправка на моторни возила  43,9%

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна   31,3%

 

Од вкупниот број на вработени жени само 1 отсто или  2 979 вработени земаат плата повисока од 40 000 денари, додека од вкупниот број  на вработени мажи , оваа плата ја земаат  9 284 или 2,1 отто. Големи разлики има и кај висината на платат од 25 000 денари до 30 000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9 отсо од жените а 5,2 отсто од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во  вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со  51,7 отто а мажите со 48,3 отсто.

Во предворје на 1 ви Мај – Денот на трудот, овие податоците не се оптимистички. Неодамна Центарот за истражување и креирање на политики објави истражување според кое трудот на жените е за 18 отсто помалку вреднуван во однос на трудот на мажите . Загрижува податокот дека оваа разлика во висината на платите за исто работно место, позиција и сектор, пред девет години изнесувала 6,6 отсто а сега е тројно зголемена. Ваквиот тренд е загрижувачки за синдикалните организации.

„Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажите“ – изјави неодамна Маре Анчевска од  СИЕР.

Во прилог на оваа состојба зборуваат и наодите објавени од  Сојузот на стопански комори според кои жените во преработувачката индустрија и трговијата земаат за 17,9 проценти помала плата за истото работно место како мажите, односно дека би морале да работат дополнителни 65 дена во годината за да ја остварат истата плата како и мажите, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во јавниот сектор се прават обид за почитување на принципот на родова застапеност а еден од последните примери за практицирање на принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност беше во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија, која воедно за прв човек доби жена – претседател.

Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население во нашата држава е речиси подеднакво, односно 49,9 проценти се жени, a 50,1 процент се мажи. Податоците укажуваат дека жените се подолговечни  односно живеат 3,8 години подолго од мажите т.е. 77,5 години, а мажите 73,7 години.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet