Сопругите често претеруваат кога говорат за тоа колку им заработува „посилната половина“. И обратно мажите го потценуваат оние на жените
Според Бирото за попис на САД, во семејствата каде жената заработува повеќе од мажот има тенденција мажот да ги преувеличува примањата кога одговара на анкета за висината на приходот. Жените пак ја потценуваат височината на нивните приходи. Нивниот одговор не се совпаѓа со она што тие го поднесуваат до Управата за приходи на САД.
„Кога жената заработува повеќе, и мажите и жените ја преувеличуваат заработката на сопругот, а ја намалуваат заработката на жената“, се вели во извештајот и се додава дека „Сепак, мажите ја пренагласуваат сопствената заработка помалку од жените, а жените ги девалвираат сопствените приходи помалку од своите сопрузи“.
Според истражувањето, мажите чии жени заработуваат повеќе ги пренагласуваат своите приходи за 2,9 проценти во споредба со она што го пријавиле пред даночните власти. На пример, ако мажот пријавил 30.000 долари приход, ќе додаде околу 870 долари кога ќе поднесе извештај до Бирото за попис.
Ако сопругата на тој маж пријави 40.000 долари во Управата за приходи, тие пред Бирото за попис ќе пријават приход од 39.400 долари или 600 долари разлика.
Ова, како што велат истражувачите, би можело да ги доведе до заблуда креаторите на политиките затоа што „податоците за платите и заработките се основа на повеќето федерални статистички податоци за приходите, нееднаквоста и сиромаштијата и се од клучно значење за разбирањето на пулсот на нацијата и целокупната благосостојба на поединците во заедница“, вели Брус Мејер, економист во Бирото за попис и професор на Универзитетот во Чикаго.
Наодите фрлаат светло за влијанието на општествените норми и како тие влијаат врз начинот на кој луѓето ги искажуваат податоците до владата.
Бирото за попис откри дека кај 22,9 проценти од брачните парови, жените заработуваат повеќе од мажите.
Истражувањето ја нагласи потребата за изнаоѓање на „алтернативни извори на податоци“, наспроти истражувањата во кои поединци сами ги впишуваат податоците.
Во едно друго големо и r se veli deka елеватно истражување на брачните односи во САД, кое целосно може да се види на линкот mindreadinigsblog.worldpress.com се констатира дека дури и кога ќе се земат предвид факторите како што се образованието, староста и работното искуство, женетите и разведените мажи се повеќе платени од неженетите за 11, односно 9 проценти. На прашањето зошто е така, истражувачите потегнуваат една од следните три хипотези:
Според првата, се работи за пристрасност на работодавачите во корист на женетите, односно за дискриминација на неженетите. Работодавачите, како што вели теоријата, го земаат брачниот статус како показател за одговорност и лојалност. Освен тоа, кога одлучуваат за унапредување, зголемување плати и бонуси, без разлика дали свесно или несвесно, се раководат според тоа дека женетиот маж издржува семејство. Хипотезата ја засилува податокот дека разликата во примањата во корист на семејните мажи опаѓа, веројатно во согласност со промената на општествената перцепција на бракот и мажот како главен снабдувач во семејството.
Втората популарна теорија вели дека бракот го прави мажот попродуктивен. Доколку жената остане дома – да се грижи за децата и семејството – мажот добива доволно простор/време да се надгради професионално и да се специјализира, што подоцна му се враќа преку зголемените приходи. Проблем за ваквото објаснување претставува податокот дека женетите и неженетите мажи дури незначително се разликуваат според времето посветено на извршување на домашните работи.
Според третата и сè попроминентна теорија, причинско-последичниот однос помеѓу брачниот статус и висината на заработката се движи во обратна насока од онаа што ја претпоставуваат претходните две хипотези. Според неа, сетот особини кои го прават мажот попосакуван кај работодавачот се совпаѓа со збирот карактеристики кои го прават попосакуван за улогата сопруг: одговорност, интелигенција, чесност, лојалност/верност… Мислам дека и покрај тоа, пазарот не е имун ниту на физичката привлечност.