Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЖЕСТОКО ВО КОСТЕЦ СО ЧЕТВРТИОТ БРАН

August 27, 2021 Filed Under: Македонија

Од различни мотиви граѓаните се помасно се вакцинираат, иако делта сојот зема се поголем замав. Па и тоа е силен мотив за барање спас во иглата со вакцнит

ВАКЦИНАЦИЈА Од различни мотиви граѓаните масовно одат да се вакцинираат, отприлика 15 илјади дневно

Мерките даваат резултати, но рано е да се каже дека бранот завршува. Се поизвесно е дека ќе се воведе и трета доза која во моментов се дава на одредени категории на пациенти. Нови Ковид центри нема да се отвараат но затоа се отвори нов вакцинален пункт во спортскиот центар Борис Трајковски

Интересеот за вакцинација кај населението се зголемува,- дневно се вакцинираат во просек по 11 илјади, па затоа од денеска здравствените власти повторно во функција го ставија вакциналниот центар во „Борис Трајковски“ но овој пат во малата сала. На девет пункта за вакцинација граѓаните се вакцинираа со вакцините на „Фајзер“ и „Синовак“.

„Утрово во осум часот беше отворен центарот во „Борис Трајковски“.Интересот сабајлево беше одличен и очекувам така да остане и во наредните денови. Го повикувам сите граѓани да дојдат и да примат вакцина“, изјави доктор Бети Гелејчевска – Илковска.

Во вакциналниот центар граѓаните може да додјат без закажан термин, но и за ревакцинација. Според официјалните податоци на здравствените власти, само во текот на вчерашнито ден се вакцинираа 13.303 граѓани од кои 9.123 ја примија првата доза. Досега се вакцинирани 695 илјади граѓани а 512 илјади целосно со двете дози на вакцина.

ИЗБОР Обично има 4 типови на вакцина на располагање а најчести се Фајзерот и Синовакот

Министерот Филипче, кој денеска беше во посета на новоотворениот вакцинален центар, соопшти дека мерките даваат резултати и дека младата популација масовно се вакцинира. 170 илјади граѓани на возраст од 18 до 40 години веќе ја имаат примено барем првата доза на вакцина.

Тој ги повика родителите чии деца ќе посетуваат физичка настава во училиштата или па„Апелирам, сега пред почетокот на новата учебна година, да се вакцинираат родителите на учениците кои ќе одат во школо и во градинка, родителите на децата под 12 години, кои не смеат да се вакцинираат. Ова е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата. Сите пандемии и епидемии гледано историски наназад завршиле исклучиво со вакцинација, не со прележување на болеста и сега кога го имаме овој механизам на располагање и веќе кога е докажано ефикасен, односно ефективен, а тоа сега се манифестира со релативно помалиот број на пациенти во градовите кадешто е поголем опфатот со вакцинација“, рече Филипче.

Засега нема да има бесплатни рапид тестови за децата кои ќе посетуваат физичка настава, но таа можноста здравствените власти не ја исклучуваат.Министерот Филипче, моменталната ситуација на оцени како охрабрувачка, бидејќи бројките на нови случаи стагнираат но додаде дека е рано да се оцени дали овој бран забавува и ја губи силата.

Скринингот на здравствените власти покажа дека во моментов две третини од сите активни случаи се заболени од т.н. „Делта сој“. во градинките да се вакцинираат, за да се заштитат себе си и семејството.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet