Oд бегалците научив дека треба да го цениме она што го имаме. Да не се караме, да не шириме омраза. Сфатив дека една мала чаша вода вреди живот“, вели за ДВ Ленче Здравкин, добитничка на наградата „Мајка Тереза“ Ленче Здравкин им помага две години на бегалците, но до скоро тоа не смееше и да се каже. Започна со млеко, леб, паштета што ја делеше пред куќниот праг. Нејзините напори за солидарност станаа легенда. Објавуваме текст од пред три години. Објавен во Глобус
ДАНИЕЛ ЕВРОСИМОВСКИ
Резето од вратата на домот на Ленче Зравкин е скршено. Но нејзиниот дом нема потреба од затворање. Тоа е куќа отворена за сите. “Куќа на надежта”, како што го добила името, а се наоѓа во близина на железничката пруга, во центарот на македонскиот град Велес.
За две години, тоа е свртувалиште за илегалните мигранти кои минуваат низ градот на пат кон границата со Србија. Или “хотел” каде се јавува спонтана акција на добротворна организација за спас на гладните, жедните, уморни и болни бегалци.
Ленче (48) не поздравува и ни се смешка. Нејзината куќа е полна со шишиња со вода и пакети со храна. Постојано го држи телефонот во рака. Постојано ја бараат за да дознаат кога и како можат да донесат помош до неа. Во попладневните часови пристигнуваат испораките од неколку организации. Пристигна и автомобилот натоварен со млеко и колачиња.
Ленче се извини, ја зема помошта, ја депонира во ходникот, ги испрати луѓето и потоа ни направи кафе. Таа ни кажува дека од обврски за спиење има само четири часови на ден.
Откако се дозволи бегалците да може легално да користат јавен превоз, мигрантите не поминуваат покрај нејзината куќа пеш, по пругата или на велосипед, како порано. Сега ним Ленче им помага во пограничните зони, каде што тие се заглавени а ним им е нужно се’. Им носи храна и вода и ги прави овие луѓе сигурни дека имаат барем некаква поддршка.
Ленче и сопругот се сопствениците на локалната телевизија. Сепак, вели дека нејзината вештина е биоенергијата.
“Ние имаме трансфер на енергија со бегалците. Јас им давам енергија, и тие ми ја враќаат, се надополнуваме “, вели таа. Неа и помага и семејството – тука се нејзините два сина, снаата, како и најмладиот член на семејството Здравкин – внукот Ангел.
Мигрантите ја промениле, вели, таа не е истата Ленче од пред две години, по сите овие луѓе кои сречиси и починуваа во рацете.
Како започна твојата хуманитарна мисија?
– Се започна пред две години. Кога видов мали групи кои поминуваа пред мојата куќа. Во еден разговор со сопругот и преку медиумите дознав дека се тоа бегалците од Сирија, Сомалија, Авганистан… Нема многу мотиви да се започне со нивно помагање, тоа беа млади момчиња, на возраст од моите деца. Тоа беше крајот на зимата, и почнав со малку чај, леб, вода, а со доаѓањето на пролетта и со овошје. Групите потоа се зголемија, и јас морав да имам се повеќе храна за да им давам.
Исто така, имаше период кога доаѓаа и од 200 до 300 луѓе одеднаш. Оваа пролет особено, па граѓаните кои слушнале за мигрантите и жителите на Велес и Македонија станаа на нозе и почна да им помагаат кога почнаа да пристигнуваат продукти од сите страни. Тука е Здружението на граѓани “Легис”, кое во текот на годината несебично помага, а тука се и Црвениот крст и УНХЦР.
Како успеа успеа да го издржиш финансискиот тој период?
– Финансии беа ограничени. И сега се прашувам како јас успеав. Како и секоја жена која подготвува ручек, јас мислев однапред за секој ден. Кога ја делев на сите храната што ја имав, јас веќе мислев што да се прави за следниот ден. Дојдов до ситуација кога навистина немав ништо да им дадам. Почнав да се купувам вреќи со брашно, па самата месев леб. Одев на пазар и купував вреќи со компири што навечер и им ги потпечував и така им ги делев. Отсекогаш сум наоѓала решение.
Што за вашиот хуманитарна работа вели семејство и околината?
– Од самиот почеток, моето семејство е вклучено во тоа и ме поддржува. Дури и нашиот најмладиот член, мојот внук, кој има само две и пол години, максималната е вклучен. Седат на балконот и кога ќе види дека мигрантите доаѓаат ми јавува: “Бабо,доаѓаат бегалци, брзо, побрзај!”.
Тоа ме потсетува кога ќе заборавам да им дадам некоја кеса и слично. И моите сограѓани даваа придонес, потоа некои компании. Македонците кои живеат во странство, кога слушнаа, се вклучија. Македонците се хумани луѓе. Немаше никакви негативни реакции.
Зошто ова е вашата хуманост? Дали таа има историја?
– Отсекогаш имав ситуации кога некому му треба помош, да му се заврши работа, да се однесе на лекар. Не сум одбила никого… “Помогнете им на лицата на кои таа им треба” ме води низ животот. Секоја понудена помош може да спаси нечиј живот.
Што ви побудија овие мигранти?
– Еве, веќе три недели тие не минуваат пред мојата куќа. Но, тие постојано ми се пред очите. Чувствувам како ми недостасуваат. Кога ќе заспијам, ако нешто тропне, јас веднаш станувам и проверувам да не е случајно некој од нив. Постојат многу тажни приказни Слушнав за многу трагедии.
Дали има приказна која ви остави посебен впечаток?
– Секој ден е полн со посебни приказни. Две сестри дојдоа кај мене во предниот дел на куќата, крвави и уморни од патувањето и жештината. По пат тие ги загубиле другите членови на семејството. Тие немаа како да контактираат со нив. Тие ни ја кажаа нивната судбина. Тие ни ги дадоа имињата на другите. Членовите на моето семејство, секој колку што можеше, почнаа да вртат телефонски броеви, да бараат траги на интернет, да ги најдат. За дванаесет часа успеавме да ги собереме сите на куп, тука пред мојата куќа. Тоа е една од подобрите приказни.
Дали останувате во контакт со мигрантите на кои сте им помогнале?
– Со дел од нив. Како кога ќе пристигнат на нашата крајна дестинација, ми праќаат поракаи Моето семејство има многу членови, но со бегалците, моето семејство сега е огромно. Тоа е големо задоволство, јас сум среќна, богата. Кога наутро ќе добијам порака: “Добро утро, мамо”, тоа се неописливи моменти.
Како го доживеавте вести за усмртените емигрантите на македонските пруги?
– Бев тажна и болна. Оние четиринаесет момчиња кои загинаа, беа закопани тука во Велес. Бев на нивниот погреб. Тие беа толку млади луѓе, од 20 до 27 години. Знам дека овие деца имаат некаде мајка која чека на повик дека децата и стигнале некаде. Тоа е тешко, бидејќи тие побегнале од земја каде што се војува а починале во земјата каде што има мир. Тоа е живот.
Понекогаш се плашевте ли од мигрантите заради законот, со кој се забранува помош на илегалните имигранти?
– Никогаш не сум се плашела. Многу често тие се плашеа од мене. Додека бегалци поминува низ нашата земја, познато е дека им се случувало на поединци или групи да ги натепаат или да ги ограбат.. И тие почнуваат со недоверба да гледаат во мене кога јас им давав кеси со храна или нешто друго, и им приоѓав полека, со знаци дка сакам да им помогнам, да им го покажам патот.
И, во врска со законот – мојата куќа е на линија на поминување на мигрантите. Ако некому му е потребна помош, ако некој поминува во предниот дел на куќа, му треба прврска на ногата или слично, не знам таков закон кој забранува да им се помага на луѓето.
На социјалните мрежи, има големи пофалби за вашата работа. Медиумите ве нарекуваат “нова Мајка Тереза” и вашиот дом “Куќа на надежта”. Која е вашата реакција на сето ова?
– Јас мислам дека секој како мене би постапил исто. Ако седиш дома со своето семејство и гледаш низ прозорецот додека поминуваат и се мачат…Никој не може да остане рамнодушен кон тоа. Секој би постапил исто.
Дали имате порака за мигранти, што им порачувате на други луѓе и на надлежните институции?
– Мора да се најде решение за овие луѓе. Мојата порака е дека човечкиот живот е непроценлив. Ние не можеме да дозволиме луѓето да умираат, жените да се породуваат на железничките станици. Ние сите треба да го цениме животот на човекот. И сите ние, колку што можеме, ние треба да се обидуваме секој ден да направиме добро дело. Тогаш сите ние може да уживаме во подобар живот. Кога ќе се соочам со нив, си велам – ти благодарам, Боже, што моите деца имаат кревет. Ние треба да го цениме она малку што го имаме. Животот е круг. Денес тие се бегалци, утре може да сме ние.
(објавено на 7 јули пред три години)