Нема во нашата национална историја поупорен и понеотстаплив борец за независиоста на македонското национал-револуционерно движенье во сите фазы од неговата превратна судбина
ЉУБЕН ЛАПЕ
На 28 јуни 1921 г., токму пред 100 години, македонскиот народ, особено градот Прилеп, го изгуби својот сограѓанин Горче Петров, човек чие што име, дело и мисла се иеразделно поврзани со создавањето, растежот и трагичната судбина на Тајната македоноодринска револуционерна организација. Силен и надарен интелект, иако само со шесткласно гимназиско образование, Горче Петров во текот на целиот свој живот ќе ги осмислува и трасира патиштата на нашето национал-револуционерно движење, ќе ja изградува неговата идеологија и неговите принципи, ќе ги систематизира нив во неговите статуты и правилници, ќе ги популаризира преку легалниот и нелегалниот печат и ќе ja брани самостојноста на македонското национал-рево луционерно движење од бројните внатрешни и надворешни непријатели за да падне во таа одбрана како нивна најскала жртва.
Нема во нашата национална историја поупорен и понеотстаплив борец за независиоста на македонското национал-револуционерно движенье во сите фазы од неговата превратна судбина. Од првиот ден кога стапил во него 1894 год., до последниот ден кога со насилната смрт на 28 јуни 1921 година бил истргнат од него, Горче Петров им останал до крај верен на своите идеи. Од редицата борци и негови другари по идеја: Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Петре Поп Арсов, Јане Сандански и др., нему му беше судено да го надживее скоро најголемиот дел од нив и да остане најдолго време аыгажираы на поприштето на борбата за ослободувањето на својот народ и земја од сите нејзини внатрешни потисници и надворешни лакомци за разделувањето на нејзинити богатства. Не може да се разбере и следи Горчевата разновидна и бо-, гата аткивност како просветен работник, идеолог и организатор на Тајната македоно-одринска револуционерна организација, како правен кодификатор на нејзините принципи и прв нејзин дипломат, како сјаен публицист и човек со научни потфати на по лето на македонското национал-ослободително движење, ако во куси црти не се изложи неговиот животен пат и конкретната средина во која растел, се движел и дејствувал.
Роден во денешното прилепско предградие Варош околу 1865 или 1866 година од неодамна преселениот, од село Тројаци, Петре Николов и мајка варошанка Злата Тоскова, Горче Петров го завршил основното образование и долните класови на гимназијата во Прилеп и Битола, а трите горни класа во Солун. Поради испраќагьето на тајни дописки во бугарските везници против језуитските постапки на егзархиските училишни власти во тогашната солунска гимназија, како и поради подбуцнувањето на своите другари од клаоот на училишен штрајк, бил исклучен од Солунската гимназија заедно со уште 12-13 другари. По краткиот престој во Пловдив се вратил во Македонија за да стане наставник во Штип од 1885 до 1887 год., па коректор во печатницата на Коне Самарциев во Солун 1888 год., пак наставник во Скопје од 1888 до 1891, потоа наставник во Битола од 1891 во 1895 и најпосле професор во солунската гимназија од 1895 до 1897 година.
Тогашните услови еа распаѓање на турскиот полуфеудален систем во Македонија и доживеаните неуспеси во востанијата во текот на позната Руско-турска војна, од 1877 до 1878 година, особено настанатото силно бунтовничко раздвижување во прилепско со јуначките подвизи на Спиро Црне, браќата Чакревци, Димо Дедото и друга прилепски борци против османската потисничка власт, морале да остават длабоки траги во душата на младиот Горче и да га зацртаат првите сфаќања за нужноста од борбата против турските неправди.
Од друга страна и засилената пропагандна активност на соседните балкански монархии, кои преку училиштата и црквите дејствувале врз поделбата на Македонија и нејзиното потчинување не помалку болно се одразиле врз младиот Горче што се гледа од неговата загрижена дописка во весникот „Балкан“ од 22 март 1883 година: „Ништо утешно од пеливаискиот плоштад како што ja крстија оправдано бедна Македонија! Секој ден, секој час разни пропагандиста по неа, едни од друга поенергични, поадвокати и пошлеми лажливци“. Во овие и во ваквите услови Горче морал да дојде до спасоносната идеја дека единствеииот пат за ослободување од турското ропство и од апетитите на странските монархии е да се организира македонскиот народ на револуционерна борба и систематски да се подготвува за своето ослободување. Оттука и патот на раниот ученички бунтар од Солунската гимназија и првиот организатор на еден таен комитет во Штип, што се распаднал поради незрелите услови, го водел Горчета кон сосема природното вклучувавье во редовите на туку што формираната Тајна македоно-одрннска револуционерна организација во Битола и при неговото преместување во Солун, го искачува брзо и до врвното место на Организации ата, до нејзиниот Централен комитет. Пред да се посвети на револуционерното дело, пред да ja даде клетвата за верно служење на македонскиот народ до крајот на својот живот,
Горче и дал на македонската наука виден придонес со своето волуминозно дело од 743 страници под скромен наслов „Материjaли по изучванието на Македонија”, објавено 1896 год. како плод на неговите неуморни географско-етнографски испитувања, вршени на самиот терен на Македонија. Нашата географска наука, допрва треба да ги оценува неговите научни квалитети и достоинства из жложени во ова прекрасно и ретко дело. Уште како наставник и училишен инспектор на битолските училишта во градот и околијата, Горче Петров ги пројавува за прв пат своите способности на неуморен агитатор и пропагатор на револуционерните идеи на Тајната организацща. прво меѓу битолските младинци и занаетчии во градот, потоа меѓу самите селани надвор од него.
Од непроценливо значенье е иеговото ангажирање во издавањето на првиот нелегален весник во Организацијата за Битолскиот округ под борбениот наслов „На оружје”! со што Горче ги направи во овој домен на идеолошката активност, првите noceриозни чекори за внесување револуционерна свест и правилна ориентација во градските и селските маси за вооружената револуција. Во својство на член на Централниот комитет на Организацијата во Солун, Горче Петров зел учество во 1896 год. на нејзиниот втор конгрес. Поверувањето нему и на Годе Делчев заедно да го изработат новиот статут и правилник на Организацијата и истовремено испраќањето во Бугарија за да организираат ново тело на Централниот комитет, така нареченото Задгранично претставништво, со задача да ja преставува Организацијата пред надворешниот свет, да ги брани нејзините интереси од сите надворешни напади како и да ги задоволува нејзините потреби во оружје, револуционерна литература, говори за високата доверба кон двајцата нејзини нови членови, кои оттогаш станале и неразделни другари.
Од овој момент, Горче Петров ja напуштил за секогаш просветната рабвата за да и се посвети целосно на револуционерната активност. Шестгодишниот престој во Бугарија, во својството член на Задграничното претставништво, е еден од најнапрегнатите, но истовремено и најплодните периоди во Горчевата активност. Токму во овој период Горче се пројавува како вешт дипломат, блескав публицист, идеолог и теоретичар на македонската револуција. Острата потреба на Организацијата да ги снабди своите членови со оружје, го принудила Горче Петров во тоа време да го исползува решението на бугарската влада за отфрлање на застареното оружје и заменување со поефикасно, поради што можело, за ефтини пари да се добијат застарените пушки за Македонија. Илузијата дека, покрај добиените пушки, ќе може да ги добие и неопходните, куршуми од бугарската буржоаска влада го натерала Горчета да се откаже од понатамошните настојувања и да се ориентира на спасоносната мисла за самонаоружување на Оргаеизацијата со свои nap и средства, дури и до создавање на своја сопствена бомболеарници и тоа покрај турската граница во ќустендилско. Таму, покрај Гоце, како нејзин организатор работел и Горче Петров. Горче вложувал посебни настојувања за исползување на ослободителното дело и за преориентација во работала на бројната македонска емиграција во Бугарија и Романија. Да се активира таа во полза на македонското ослободително дело, да се земе раководството на таа емиграција, собрана повеќе околу Врховниот македонски комитет и да се ориентира само на материјално помагање на македонското ослободително дело во лицето на Внатрешната македонска револуционерна организација, чии што претставник бил Горче, биле намерите што ja апсорбирале секојдневно неговата активност. Постигнатиот успех, изведен во ооработка со, навидум искрените млади бугарски офицери на чело со Борис Сарафов, бил краткотраен и проследен со контраатака на бугарскиот двор и неговото орудие-генералот Иван Цончев. Овој не само што го изместил раководството со кое соработувале задграничните претставници, туку и на два пати го отерал во затвор и интернација Горчета Петров.
Својот престој во Бугарија Горче го исползувал да даде придонес и на друго поле. Зголемениот прилив на нови пресни сили во веќе прилично раширената мрежа на Организацийата во Македонија ja наметнувала потребата од нивното изградување во силни, смели и свесни борци на македонската револуција, борци готови да поднесат секакви измачувања и жртви за слободата на својатц народ и земја. Горче располагал со извонредна смисла за пишување и за агитација, сјајно докажана во издавањето на нелегалниот весник „На оружје”! во Битола и продолжена во другиот таков нелегален весник „Востаник” во Солун.
И навистина, само 8 месеци по своето пристигнување на новата должност – задграничен претставител, Горче се зафатил со издавањето на весникот „Бунтовник” од 1898 до 1899 година во тираж од 1.000 примероци. Сам ги пишувал своите статии во него, сам растурал 40 примероци од нив по свои пријатели за да ги извади трошоците за печатење, а останатите 960 примероци ги праќал во Македонија, преку тајните капали на Организацијата, за растурање по окрузите и околиитена истата. Со својот пристален јазик и пжпување да може и најпростиот работник и селанец да го разборе; со раскривањето на сите дотогашии лаги на турскиот султан за некакви реформи за подобрување на животните услови на македонскиот роб; со укажувањето дека ропството се должи пред cè, на самиот роб и дека кога ќе престане, робот во душата своја да се чувствува таков, ропството ќе исчезне само по себе си; најодзади, со извлекувањето посебни и конкретни примери на покажана и беспримерна храброст и преданост на делото на револуцијата, особено со акцентирањето на прилепскиот учител Стојан Лазов. Тој во б орбите против турскиот шпион го жртвувал својот живот и го истргнал Горчета од смрт.
(продолжува)