Решението на Централниот комитет во Солун од месец јануари 1903 год. за кревање предвремено востание, не само што енергично го одбил, туку и до последниот момент докажувал дека ќе му се нанесе огромна пакост на македонскиот народ што недоволно подготвен со оружје и во неповолни надворешни услови се наговара да се крене на востание
ЉУБЕН ЛАПЕ
Горче Петров го подготвувал и психолошки Македонецот за одлучниот бој. Токму една статија под истиов наслов во неговиот весник „Бунтовник“ со својата насоченост дејствувала на македонскиот читател да го загрее за пресудниот чин на револуцијата т. е. за бојот, кога вели: „Славно нешто е бојот! Во него човекот се менува многу. Ти нема да останеш каков што си cera, израснуваш мигум, стануваш великан, духот ти станува горд, волјата ти се закрепува, расудувањето се избиструва, а целиот стануваш бодар и непоколеблив … самиот се прашуваш: Јас ли сум? Го сожалувам то] што не учествувал во боj – продолжува Горче. Toj никогаш не ќе има поим за величието на човекот, за неговата мисија на земјата“ .. итн. итн. Cè во овој дух и насока го подготвувал Горче македонскиот роб за крвавата расправија.
Но и самиот Горче Петров водел голема борба не само преку печатот, туку и со друга разни средства против орудијата на бугарскиот двор и влада кои дејствувале да ja уништат самостојноста и независнота на македонското национал-ослободително движење и Македонија да ja вклучат во рамките на бугарската држава. Во борбата против врховистите и нивните махинации Горче Петров напишал повеке статии, а особено една подолга расправа под наслов „Македоеското-ослободително дело на бугарската почва“ во кое дело на сјаен начин ги раскринкал сите нивни планови и потфати нор ад и што, како што веке еднаш се спомна, беше на два пати затворан и интерниран во Бугарија. Токму тогаш престанал и неговиот мандат во задграничното претставништво, но не и неговата борба против cè поупорните настојувања на врховизмот да го заграби раководството на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Решението на Централниот комитет во Солун од месец јануари 1903 год. за кревање предвремено востание, не само што енергично го одбил туку и до последниот момент докажувал дека ќе му се нанесе огромна пакост на македонскиот народ што недоволно подготвен со оружје и во неповолни надворешни услови се наговара да се крене на востание. Наспроти стратеги]ата за кревагье на неподготвеното востание, Горче Петров истапил со своја теорија за напуштање на дотогашното пасивно држење на четите и преминување кон една поголема активност, ко ja би се доближила до востание, но без да се објавува тоа. Оваа политика на делумна активност, според Горче Петров би ги прекалила четите и градските елементи и кога би се практикувала неколку години би ги растресла темелите на Турската империја, која би паднала како зрела круша од постојаните потреси на Организацијата. Откако не успеал ни тој, ни неговиот другар Гоце Делчев да го отклони решението за кревагье на востание другиот ден по неговото објавување, т. е. на 3 август 1903 год. и самиот со прилично голема чета составена од македонски печалбари во Бугарија ja преминал турската граница, за да ja подели судбината на востанатиот народ во својот роден Прилепски крај. Пламениот агитатор и публицист го заменил перото, во овие бурни илинденски денови, со пушката и како востаник зел учество во познатата крвава битка на мариовскиот терен кај Чаништа и во други поситни акции. Останувајќи во Македонија, цела година по востанието, да ги средува приликите по доживеаната катастрофа Горче Петров активно учествувал и на Прилеп-ι скиот подвижен конгрес за целиот Битолски округ, одржан во прилепските села од втората половина на мај до крајот на месец јуни 1904 година. Согледувајќи ги недостатоците на организацискиот механизам на теренот и во праксата, Горче Петров заедно со Пере Тошев остро истапил против дотогашната централизациja во Организацијата, заземајќи се за неодложно воведување на изборност на сите тела во Организаций ата, како не би се повторил случајот со вовлекувањето на луѓе од типот на Иван Гарванов. Преработувајќи го, заедно со Груев, стариот правилник на Организацијата во духот на предложените измени и составувајќи уште два правилника, еден за уредбата на Месниот комитет во Велес и нешвата околи ja, друг за градските и сел ските организации и нивните меѓусебни односи во Воденско, Горче Петров ги покажал уште еднаш извонредните квалитети на сјаен кодификатор на статутарните документа на Организацијата како целина и иејзините потчинети градски и селски комитета посебно. Извонредно важна е нешвата предводничка улога во подготвувањето, идеолошкото насочување на целите и задачите на бор/» бата во новонастанатите услови по Илкнденското востание, како и неговиот придонес во победата на левого крило на Организацијата на општиот конгрес одржан во Рилскиот манастир во 1905 година. Неговата објавена стати ja под иаслов ,,Мисли за револуционерната борба во Македонија и Одринско”, а особено неговата значајна студија на тема „Македонского ослободително дело. Цел, средства и задачи”, колку што даваат значаен осврт на изминатиот пат и на македонското слободително дело и ги сумираат неговите резу л тати, уште повеќе е значајна што ги трасираат во новите услови целите, задачите и средствата на борбата што ќе го доведат до неговиот успешен крај. ‘,Ние треба да се чуваме од секакво директно или индиректно мешање во нашите работа на ко]а и да било држа·? ва, колку поради опасноста на лоши толкувања однадвор, толку и од гледиштето на нашата идеологија. Особено треба да бидеме претпазливи и внимателни во односите кон официјална Бугарија зашто таа е трн во очите на сите заинтересирани за нашего прашање и за нашата борба, а за самите нас таа, пред сите други држави, може да стане волк, кој влегол во нашата кошара”, предупредувал Горче Петров во 1905 година во оваа студи]а за целите, средствата и задачите на македонското ослободително дело5. Воопшто, Горче Петров е еден од малкуте оснивачи и водачи на македонското национално ослободително движење што имал јасна претстава за патиштата по кои требало да се движи македонского ослободително движение во сите новонастанати у слови и промени. Младотурската револуција од 1908 година, со нејзините шумни пароли за слободата, еднаквоста и братството, го затече Горчета во Бугарија.
Toj ja примил со радост успешно изведената револуција и наеднаш заминал за Македонија за да ги исползува новонастанатите услови и да се ангажира за подобрување на положбата на македонскиот народ. Прокламираната слобода на зборот, говорот и печатот му дала можност заедно со писателот Антон Страшимиров да го покрене списанието „Културно единство” во Солун и да укажува во своите статии на основните нерешени проблеми во Maкедонија, застапувајќи се за нивното неодложно поставување и решаванье. Со статијата „Чифлигарството во Прилепско” Горче укажуваше на лошата материјална положба на до гуша задолжените селани кај лихварите и градските кредитори!!, тврдејќи дека „Ретки се селаните што можат да ги приберат во амбарот производите на својот годишен труд и да располагаат со нив соодветно на своите интереси. Обично, нивниот дел од земјоделските производи им го земаат лихварите и кредиторите веке на гумно”. Уште покатегоричен бил во барањата да се сопре безочната експлоатација над беззаштитениот и бедниот работник од страна на лихварите и разните агенциски компании ,кои ги ограбувале нашите гурбетчии и преселеници во тоа време. Застрашувачката појава на емигрирање од Македонија во Америка и нејзините страшни последици од обезлуѓување на Македонија пи обработал во другата статија под наслов „Емигрантското движенье за Америка во Македонија”, упозорувајќи на тоа дека „Општествеыите дејци и установи (во Турција) ќе изостават едно од своите големи задолженија во општеството, ако не се заинтересираат за тоа прашање и ако не им иодадат рака за поткрепа на овие несреќници во нивната самозаштита”. Краткотрајниот период на уставната слобода во Македонија, заменет со трагичните години на Балканските и Првата светска војна, во кои Македонија станала крваво боиште и касапница на војските од соседните монархии и европските држави, ja оневозможиле политичката активност на Горчета.
(продолжува)