Од значење се исто така анализите на состаноците од кои се дознаваат мотивите и позадината на донесеното решение за кревање на планираното востание, како и посебната улога и одговорност на Иван Гарванов, Анастас Лозанчев и Даме Груев.
ЉУБЕН ЛАПЕ
Посебно место во спомените на Горче Петров заземаат неговите податоци за одразот на решението за кревавье востание во 1903 година, потоа податоците за неколкуте состаноци и дискусиите за и против кревање на востанието19) среде ветераните и основоположниците на организацијата затечени во Софија, кога се донесло решението за кревање востание во Солун на јануарскиот конгрес. Од значење се исто така анализите на состаноците од кои се дознаваат мотивите и позадината на донесеното решение за кревање на планираното востание, како и посебната улога и одговорност на Иван Гарванов, Анастас Лозанчев и Даме Груев.
По пуштањето од интернација од Казанлак, каде го интернирала бугарската влада, Горче Петров замина во Македонија за да земе учество во Илинденското востание, независно од неговото поранешно застапувано становиште за неиавременоста и неподготвеноста на народот за востанието. Ова заминување во Македонија му дало нова можност да ни даде во своите спомени, иако со голема доза на субјективност, а што може лесно да се забележи, непосредни податоци за инертната состојба на духовите сред селанството во Неточна Македонија каде што ja поминал својата прилично голема чета во првите недели на кренатото востание на пат за реоните во Западна Македонија.
Во овој дел на спомените Горче Петров дава податоци за причините на неподготвеноста на прилепската околија за востание и ситните акции на прилепската чета во време на востанието каде што најдолго време се задржал. Со доста поединости се опишани големата битка кај Чаништа во која заедно со Црногорецот доброволец, Јово Јовановиќ, и Костурско-тиквешките чети учествувал и Горче Петров со своите луѓе, како и лутањата по Мориовските планини. Единствени по својата обопштеност се податоците од спомените на Горче за настанатата тешка атмосфера по наредбата на Главниот штаб на Битолскиот округ за расформирање на четите: т.е. очајанието сред народот од неуспехот на востанието и поради заминувањето на многу војводи од Македонија, распаѓањето на големите чети и појавата на сосема мали четички со самозвани војводи што удриле во самоволство, појавата на фракционерски борби во Битолско, Прилепско, Велешко, Скопско и Воденско, како и обидот на Горче да помогне да се излезе од оваа тешка ситуација, се скоро единствени описи во нашата мемоаристика што во така жива боја ja прикажале ужасната ситуација на народот и Организацијаат. Иако прилично скудни, но од значење за настанатата атмосфера на недоверба, се и податоците за неколкуте состаноци на Горче со Пере Тошев и Даме Груев со цел да се пронајдат мерки и начини раскинатата мрежа на организацискиот механизам да проработи. Во таа смисла се и драгоцени податоците во Спомените на Ѓорче за одржаниот конгрес на Битолскиот округ во прилепските села, т.е. за неговиот состав, разгледувани прашавьа за децентрализација|ји демократизација на Органнзацијата во новосоздадените услови, потоа за заземаните ставови од поедини поважни учесници и решението за испраќање на донесените нови проекто-статути и правилници до сите окрузи на Организацијата во Македонија како материјал за идниот ошпт конгрес.
Горче Петрдава податоци и карактеристики за слабиот состав на Централниот комитет во Солун во првата половина од 1904 година, што го образложува со неспособноста на неговото раководство, а што се потврдуваи од објавените документа за истиот ЦК.. Патем спомнатите кратки податоци во Спомените на Горчета за тоа дека добил, задача од Солунскиот конгрес во 1896 г. да изработи устав на Оргшанизацијата и негового категорично, тврдење, дека го изработил статутот со Делчева и дека во времето кога се наоѓал во Велес во иочетокот на1904 година напишал правилник за уредбата на Месниот комитет на Велес и неговата околија), дека забележувајќи ja во ова исто време појавата на изострени односи помету граѓаните и селаните во Битолско, Прилепско и Велешко, односно озлобеноста на селаните затоа што им е префрлен од граѓаните целиот товар за издршка на организациските чети и друго и дека под влијанието на сето ова напишал во воденското село Саракиново „Правилниче за градските и селските организации и кивните меѓусебни односи”) и најодзади неговиот податок за учеството во преработката на Дамевиот проект на Уставот поднесен на Прилепскиот конгрес од 1904 година, несомнено говорат за значајните способности на Горче Петров како еден од најдобрите кодификатори на статутарните документа на Организацијата воопшто и на нејзините потчинети градски и селски комитета посебно.
(крај).