Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕ ПРИЕМ НА ДОЛГОМЕТРАЖНИОТ ПРВЕНЕЦ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ

March 13, 2024 Filed Under: Ревија

„Бизнисот на задоволството“ награден за највпечатлив филм на фестивал во Аризона

СЦЕНА Филмот „Бизнисот на задоволството“ беше премиерно прикажан лани летото

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“, во Аризона, САД кое се одржа од 24 февруари до 3 март.

„За првпат награда во Америка и трет континент на којшто филмот е награден. Од една страна мислам дека со оваа шеста награда, филмот го оправда своето постоење, но како вечен оптимист се надевам дека фестивалскиот живот на филмот ќе донесе и нови успеси“, рече Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, и добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Прввиот долгометражен филм на Гоце4 Цветановски беше „Денот на жената”. Тој се потпишува на режијата на голем дел од творештвото од „Светот на Биби“. А неговата најголема тенденција е да се потпише на првиот македонски долгометражен анимиран филм. Продуцира кратки филмови, музички спотови, комерцијални реклами… Со неговиот тим од 2Д-аниматори работи и за комерцијални клиенти, како Ед Ширан, „Феит ноу мор“, Самсунг, Алкател…

Македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се случи летоска во паркот на Младинскиот културен центар во Скопје и со него беше затворен 22. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“.

– Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано – рече Цветановски во пресрет на премиерата на филмот.

По премиерата на филмот во Бугарија на фестивалот In the palace во Софија, каде ја доби наградата за најдобар филм, Цветановски со нетрпение ја очекува реакцијата на македонската публика, за која вели дека го има последниот збор.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet