На ВМРО ДПМНЕ, како упорен иницијатор за вонредни парламентарни избори од октомври наваму му требаа многу изговори за да го одбегне конкретното влегување во политичкиот ринг. Јасно е дека есапот не им е добар. Дали терминот од 15 јули е добитен за едната или другата голема македонска партија?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
СДСМ има нежно гласачко тело – вака ја објаснува еден поранешен функционер на оваа партија, одамна во политичка пензија ама активен во проценувањето на ставот на јавното мислење кон одредени прашања. Тој смета дека годишните одмори сигурно би влијаеле на одзивот на гласачите на социјал-демократите, каде има граѓани кои едноставно сметаат дека нивниот социјален статус е сигурен надвор од изборниот резултат. Така што може да се очекува дека тие гласачи би го доживеале неодењето на годишен одмор како „загрозување на некои права“, што е пак во хронологиска врска со нивните материјални придобивки. Тоа впрочем важи и за одење на викенд во доба на изјаснување кога е времето убаво. Надвор од ова експликација би можеле да се потсетиме како тогашниот актуелен градоначалник на Скопје – Пенов ги изгуби изборите за трет мандат, во 2004 година, по неверојатно нискиот излез на бирачите – победи кандидатот Трифун Костовски со воени одвај на 96 илјади гласачи. Убавиот мартовски ден осамна со испразнети паркинг места низ Скопје – ова покажа дека грото од населението во главниот град замина на викенд по долгата зимска пасивност и така… одлучи главно она население кое е постатично и поверно на своите „свети“ обврски.
ПАРТИЈА – ХРОНИЧЕН КАЛКУЛАТОР Нема сомнение дека ВМРО ДПМНЕ – партијата калкултор на нашето политичко небо, која не бира средства да се врати на власт по декември 2016 година, јасно дека има доволно аналитичари да определат дека треба да се гласа токму тогаш кога СДСМ е „најкршлив“ – ако веќе тоа нема да се случи на крајот на август или понатаму во есента, добро е и тоа да биде среде летото, кога предизвиците како што се летните одмори, но и високите темпаратури, кога треба да се чека во редови пред биралиштата со маски на лицето и ракавици на рацете ќе влијаат на излезноста. Во такви услови разликата во одреден број на проценти кај гласачите се претвора во помала квантитативност во бројки и е подофатлива како растојание! Датумот како 15 јули, како определен датум нза избори, секако е поблиску до таа ситуација, отколку 5 или 8 јули, иако се работи само за разлика од една недела!
Бројот на заболените од ковид -19 несомнено, како и насекаде во светот ќе расте. па така тоа веќе не може да се смета како причина за сериозно релативизирање на изборите. Тоа му стана јасно дури и на Мицковски, кој здравјето на граѓаните го одбегна во последната недела како тема за последното одложување а се фати за две административни причини кои не држеа – веќе беа исполнети. Имено, имаше усвоени здравствени критериумни за одржување на изборите, како прв услов, како што имаше и ветување на ОБСЕ дека ќе донесе свои наблудувачи. Од таму веќе ги распишаа и изборите за членови на нивната мисија тука.
Впрочем, беше понудено изборите да бидат на 8 јули а 6 и 7 јули да биде посветен на оние заболени кои се во изолација и кои би имале можност да се изјаснат. Проблемот не е во заштитата од болеста на населението, туку само во онаа џамбаска логика „купи ден помини“, која во нашиот случај се сведува на било каква отстапница од излегување на политички мегдан за вмроовците. Ден по ден, па недела, па месец и ете од барањето за итни избори кои еднаш веќе беа побарани и вднаш одбиени (изборите беа побарани во октомври а се работеше за термин во декември минатата година), кога Мицковски призна дека не е дораснат и го исфрли април како датум. Ова беше прифатено но дотогаш имаше 6 месеци, на исто толкави 6 мсеци кога би требало да се закажат редовните избори! Веќе тогаш постоеше еден голем апсурд.
ЧОВЕКОТ ЗАД ПЕРДЕТО Оттогаш наваму имаме актуелни препелкања со цел да се дојде до есента, кога белким ќе дојде до некаква драстична промена на волјата на гласачкото тело. Ако не, во оваа криза секој ден во ваква констелација на власта и со блокада која ја прави заменик министерката за финансии, сега и во иднина, може да дојде до социјални потреси и евентуално бранувања на чии далги Мицковски би добил многу нови поени.
Всушност, играта на командантот Груевски, кој секако од Будимпешта ги следи нстаните во земјава и дава насоки како да е тука, крај завеsaта до она историско перде во партискиот штаб, е да се создаде хаос а не да има што постабилна изборна атмосфера. Ако се сакаат нормални избори треба да се работи на тоа а не да користат сите средства (времениот министер за внатрешни Чулев во подгревање на епидемијата, заменик министерката за финансии со блокирање на добиени меѓунродни кредити, претседателот на ДИК во било која насока само да нема предизборни активност) и постојано да се држи некаква дистанца опд конкретен датум која изгледа страшно. Да се потсетиме дека прашањето на изборите с старо. Од почетокот на есента 2019 година!
Заради калкулантството на францускиот претседател Макрон со одредување на датум за почнување на преговори со Северна Македонија за влез во Унијата, што требаше да се случи лани во октомври, ВМРО ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ за неизвршени изборни ветувања – и покрај наводното жртвување на името не ги добил поставените цени на она „го предадоа името“. Одложувањето на преговорите со Унијата, кое не беше прво во историјата на земјата (!), беше пропратено со одложување на формалниот прием на Северна Македонија во НАТО (заради проблемите со конституирањето на шпанскиот Парламент) па се чинеше дека постои основ за „рушење“ на клучните придобивки на Владата на Заев. Всушност, на црвено-црните секогаш им требаат некакви големи теми за да го напаѓаат противникот во политичкиот ринг а тогаш им се пристори дека се поклопуваат коцките: ем социјал-демократите „го предадоа името“, ем тоа го направија „за џабе“.
Постои голема дилема дали Заев направи добар чекор што ја прифати ракавицата на Мицковски (неговиот албански колега беше во слична каша ама издржа, не сакаше да има предвремени избори). Но Заев при крајот на 2019 година очевидно играше „ва банк“ – предложи термин во декември за вонредни избори што го натера шефот на вмроовците да признае дека тешко излегува од својата кукавичка кожа. Едноставно не сака ризици, бидејќи, беше свесен дека во случај на пораз ќе мора да замине од кормилото на партијата, ем истата веројатно потоа ќе се сруши на многу фракции.
РЕЈТИНЗИ Иако рејтингот на СДСМ бил веројатно во пад и лани, не изгледало дека победата на Мицковски е извесна. Впрочем, неговото барање тие избори да се одложат за средината на април покажа колку далеку е тој од некаква добитна позиција, макар и гледано низ призмата на минијатурна разлика. Испитувањето на јавното мислење од крајот на јануари покажа дека Мицковски имал причина да се плаши од пораз, можеби не многу убедлив, ама секако пораз. Оттаму појавата на короната за пропагандистите на ВМРО ДПМНЕ значеше причлина за искликнување „уф, се извлекоа“.
Во меѓувреме земјава беше примена и во НАТО и влезе на дневен ред кај челниците на Брисел за отворање на преговори, што покажа дека сметката на предизвикувачот и онака беше полна со лажна надеж, бидејќи, нивната голема тема, како стара камионска гума едноставно – издиша.
Практично, она што во јавноста го истакнуваа како повод за акцентирање на епидемијата, како спас на оние кои губат во очите на јавноста, се претвори во спротивен процес, бидејќи, сите луѓе во вакви ситуации сакаат силна држава, па не ги љубат оние кои преземаат чекори за дисквалификации на нивната екипа за одбрана. Кога во еден миг себе си’ си признаа дека се пресметале, црвено-црвениот тим го вклучи во кругот каде стрелаше а каде беше нацртан само Заев и министерот Венко Филипче, па оттогаш овие две имиња не ги двојат. Тие знаеја дека се во незавидна позиција и дека ако имало избори во скорешно време поразот бии бил за нив сериозен!
Како стојат состојбите за оваа партија – предизвикувач и воедно бегалец од мегданот сега? Нема сомнение дека таа има цврсто партиско јадро кое ќе излезе на избори и да е минус 25 или плус 40 степени и дека таа бројка е константна На парламентарните избори во декември 2016 година Груевски доби 456 илјади гласови и истата бројка никако не може да се смета за стабилна, туку е израз на многу околности кои ги користеше овој автократски лидер. На локалните избори, следната година, бројот на гласачи кои излегле за кандидатите на тогаш веќе најголемата опозициона партија се симна на 335 илјади гласачи, што е цела една третина помалку и доживеа дебакл.
На следнте изботи – за претседател на државата, ВМРО ДПМНЕ освои (го земаме само првиот круг како порелевантен од аспект на партиските поддршки) нешто над 315 илјади гласови, што е мал додатен пад. На реферндумот оваа партија имаше апстиненција и тука не може да се бараат индикатори.
Ако го отфрлиме референдумот, каде зад СДСМ стоеја и други политички субјекти СДСМ го имаше следниот скор – 437 илјади гласачи зад себе на парламентарните избори, скоро 416 илјади во трката за градоначалници и советници во 2017 година и над 322 илјади (прв круг на претседателски избори). И покрај големата победа на локалните пред три години СДСМ покажува пад од 30 илјади гласачи, како отсуство на флегматичниот дел од редот на шарената револуција а посериозен е падот во трката за претседател (од 100 илјади гласачи) што беше силен знак дека јавноста тешко го прими фактот за „промена на името“ и за другите „патриотски шифри“.
ПОМОШ ОД СТАРИ АНКЕТИ Може ли да се смета дека ВМРО ДПМНЕ има стандардно и цврсто гласачко тело од 310 илјади гласачи а дека таа бројка е зацементирана? Или да се тврди дека дострелот н СДСМ сега би бил како и лани – 322 илјади гласачи. Според анкетата која ја изведе ИРИ на крајот на февруари до 10 март во земјава на многу прашања ама и на тема парламентарни избори разликата меѓу партиите е тука некаде, околу 30 илјади гласови. Со тоа што СДСМ има коалиционен капацитет и со гласовите на БЕСА доаѓа до разлика од пет отсто што посериозна разлика од ривалот. Реакцијата од Шампитата, од каде си побара „реиздавање“ на спомнатата стара анкета на ИРИ покажува дека оваа партија пред три месеци била во далеку подобра ситуација од онаа ситуација што ја имаат сега. Коментарот на заменик дирелкторката на ИРИ за Македонија за емисијата „360 степени“, во средината на март, која секако не е благонаклона кон социјал-дмократите, беше дека партијата на Мицковски не ја искористила ситуацијата која околностите на тернот им ја дале, веројатно мислејќи дека вмроовците и не добиле толку колку што сметале. Во меѓувреме, нели, СДСМ влезе во НАТО дфинитивно и ги зеде клучевите од претсобјето на ЕУ, покажа виталност во ерата на пандемијата, со што таа слика од доцната зима ја дезавуира.
Па кој добива со одредениот датум – 15 јули? Би можело да се процени дека жешкото лето може да штртбне од масата на гласачи на СДСМ. Воедно не може да биде поспокоен ниту Мицковски чие побогати членови одамна се со купени имоти во соседна Грција (многу афери како онаа за забавата во Халкидики), па пушптањето на границите околу 1 јули може да предизвика сртв за плажите и тамошните пејсажи и кај неговите гласачи. Многу ќе зависи, значи од закотвените среде лето – пензионерите, кои ги има над 300 илјади и земјоделците. Тоа е масата која ќе одлучи и овој пат на изборите.