Дали неодамна заврши најголемата афера која беше конструирана во Македонија во последните три децении? Требаше сериозно да се дестабилизира земјата „која и онака не треба да постои“ и во тоа беа вклучени сите коруптивни елементи во Македонија: од оние парајлиите, кои така се одржуваат во позиција на големи монополисти во земјава, до оние кои сакаа да им бидат нивни слуги, нaвiкaнти да го носат поданичкиот кожув и зиме и лете. Меѓу нив и многу мои колеги
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Веста која заслужува најголемо внимание минатата недела е секако одлуката на Апелација обвинетиоБоки 13 да одлежи девет години затвор во Идирзово, додека затворската казна за бившата специјална обвинителка Катица Јанева ќе биде седум години. Апелација така само ги потврди пресудите за случајот „Рекет“ и ги одби жалбите на двајцата обвинети, како и жалбата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое бараше и повисоки казни за Боки и Катица.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди.“ – велат од Апелационен суд Скопје.
Со одлуката на Апелација, пресудата стаа и правосилна, по што обвинетите експресно заминаа зад капијата на Идризово. Дали така заврши најголемата афера која беше конструирана во Македонија во последните три децении? Требаше сериозно да се дестабилизира земјата „која и онака не треба да постои“ и во тоа беа вклучени сите коруптивни елементи во Македонија: од оние парајлиите, кои така се одржуваат во позиција на големи монополисти во земјава, до оние кои сакаа да им бидат нивни слуги, навкнати да го носат поданичкиот кожув и зиме и лете. Меѓу нив и многу мои колеги.
Во затвор – засега само истражен – е и Сашо Мијалков, фиданка на Јордан Мијалков, човекот кој во претходниот систем беше испратен во Прага за да биде шеф на индустриската шпионажа на втотрата Југославија и творец на креатурата од премиер, негов внук од сестра – Груевски, со чија помош се создаде една силна политичко – безбедносна алка која комплетно ја контролирашер земјава и послужи за енормно богатење на нивната фамилија. Во затовр, одново само истражен е и вториот битен човек на транзициската приказна на Макеоднија – Јордан Камчев, изданок на конвертитството од СДСМ, каде политиката никако да се отплетка од својата матрица, создадена по димензиите на Маовата реченица „не е важно каква боја има мачката… важно добро да ни служи нам“.
Процесите против нив нема да одат лесно откако во функција се ставија сите полуги за кочење. На поример – поротниците. Во разговор со една поранешна судијка, со стаж и во странство, околу поротниците, наметнат од мене, укажав дека вмроовската апарфатура сериозно смета на поротниците и дека тие во догледно времне ќе станат од епизодисти кои не ги забележува никој во актери кои носат драмска пресвртница. Избрани од една најниска партиска номенклатура која добива сатисфакција надвор од нивната осноивна функција, тие поротници станаа подесни кочничари за одолговлекување на судските процеси. Деновиве веќе имаме второ или трето користење на тоа орудиe а да не се сомневаме дека таа игра поротниците и натаму ќе бидат „корисни“. Засега не успеа трикот со боледувањата, кој беше во игра со министерката Јанакуловска. Но арсенал постои. Па веројатно и некои не толку видливи „нати го-дајми го“ компензации со клучните криминалци во земјава. Она со гласањетово во Парламентот за промена на Уставот успеа со оние осум превртувања на пратеници, за што беше благословуван Мијалков, кој секако очекува за тоа нешто опипливо. Ова со ослободувањето при аферата Тортура е илустрација за такво нешто – во овој процес и обвинителството и судиигте се избрукаа: тука никпој во јавноста не почувствува правда и праведност. Би се рекло дека ако во ваков процес му се судеше на убиерцот на Афроамериканецот Лојд, кој ја возбуди светската јавност, обицнетиот немаше да оди во затвор и ќе беше ослободен: немало докази!
Како и да е рушењето на Јанева, како дел од домино партијата во која лесно требаше да падне и премиерот Заев, секако ангагжираше многу пари (иакјо има и такви кои велат дека парите само завртеле круг), многу луѓе, медиуми секако, требаше да послужат за имтереси кои имаат јасни меѓународни извори („Камчев за конзул на Бугарија“). Коинциденција ли е тоа со атентатот врз претседателот Глигоров и улогата на Мултигруп!? Со нерасчистениот пад на авионот на претседателот Трајковски …
Со обвинителката Катица Јанева се направи коперникански преасврт – таа од хеорина на борбата со полит-мафијата се претвори во нивни сојузник! Во случајот „Рекет“, да се потсетимје, Бојан Јовановски е обвинет за перење пари и примање награда за противзаконито влијание, додека пак Катица Јанева е обвинета за злоуптреба на службената положба. Според обвинението, кога во 2018 година СЈО отворило истрага за предметот „Империја“ каде осомничен беше бизнисменот Орце Камчев, биле барани пари од него за тој да добие подобар третман, како и враќање на пасошот, укинување на притвор, но и склучување на спогодба. Обвинителството тврдеше дека од Камчев биле изрекетирани 1,5 милион евра.
Како што се наведува во тогасшното соопштение од Јавното обвинителство, првообвинетиот се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а двете други лица за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетото лице се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Првообвинетиот во периодот од ноември минатата година до април годинава, искористувајќи го своето претпоставено влијание врз второобвинетото лице – јавен обвинител, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Тој, искористувајќи ги претходно воспоставените пријателски односи, влијаел врз второобвинетата, при спроведувањето на истражна постапка во предметот со работен наслов „Империја“, да ја олесни положбата на сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Третообвинетиот (КИчевеццот) битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител, појаснува Јавното обвинителство.
Второобвинетата ја искористила службената положба и откако првообвинетиот заедно со третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот, доставила до Апелациониот суд во Скопје предлог за определување поблага мерка – куќен притвор, кој бил прифатен. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот.
Со преземените службени дејствија, второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од државата што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
Со обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите.
Она што засега е познато, а се однесува на аферата „Рекет“, е дека само за враќање на патна исправа биле исплатени 1,5 милиони евра и дека за запирање на кривичниот прогон на Камчев требало да се доплати уште 6,5 милиони евра.
Милионот го видовме, спакуван и во рацете на Боки 13 и на Зоран Милевски, но каде завршиле тие пари? Каде се преостанатите 500.000 евра?
Под претпоставка дека една третина од парите му биле исплатени на оној кој „не вложувал жалби по поднесените барања на Камчев“, односно оној којшто се јавува како гарант на целата операција, тогаш за делење останува уште предметниот милион. Со оглед на тоа што Боки 13 не изгради ниту еден геријатриски дом, ниту им даде пари на луѓето од неговиот „Меѓународен сојуз“, тогаш треба да претпоставиме дека дел од парите завршиле во телевизијата на Боки „Тредичи“.
„Овој процес е многу специфичен и многу важен за нас како општество поради штетата која ја нанесе во довербата на правосудните органи. За разочарувањето кое го претрпеа граѓаните. За поддршката која ја даваа на Специјалното јавно обвинителство, во очекување дека сторителите на инкриминираните дејствија ќе бидат санкционирани за делата кои ги направиле. Или со еден збор, за опстанокот на моралот на едно општество“, рече судијката Васка Николовска-Масевска при читање на пресудата