Претседавачот Османи порача дека организацијата е спасена по премрежијата што се закануваа а средбата мина во знакот на осудата на руската агресија врз Украина. Светските медиуми залудно го очекуваа можното преговарање меѓу Лавров и Блинкен
Министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, е новиот претседавач. Мандатите на генералниот секретар, директорот на ОДИХР, високиот претставник за националните малцинства и претставникот за слободата на медиумите се продолжуваат за девет месеци. Договор за Буџетот на организацијата нема
ОБСЕ е спасена и е безбедна, е пораката која ја испрати претседавачот, министерот за недворешни работи, Бујар Османи, на завршната прес конфернеција со што триесеттиот министерски совет на ОБСЕ кој се одржуваше изминатата недела во Скопје заврши.
Во своето обраќање Османи го нарече овој состанок историски.
„Тука на Балканот се двоумиме да ги наречеме работите историски, но овој Министерски совет веќе е наречен историски. Руската агресија врз Украина ја доведе во прашање европската безбедносна архитектура, но исто така го доведе во прашање постоењето на самата Организација, затоа овој совет е револуционерен“, рече министерот Османи.
Клучно е што на состанокот се постигна консезус и Малта е избрана како претседавач на Организацијата во 2024 година додека во 2025 година вече е познато дека претседавањето со ОБСЕ ќе го води Финска. Местото на министерот Османи ќе го превземе неговиот колега Иан Борг.
„ До пред неколку дена беше невозможна мисија. Гледајте ги текстовите на меѓународните новински агенции, кои што зборуваа за пропаст на ОБСЕ, дека на ОБСЕ и се гледа крајот, дека нема шанси 57 земји членки, и САД и Русија да постигнат консензус за едно прашање. И Укриана и Русија. Никој не можеше да претпостави дека не само што ќе имаме консензус по однос на држава претседавач, туку ќе имаме и продолжување на мандатот на четворицата, за кои различни земји имаа, различни забелешки по однос на секој од нив. Успеавме преку таа наша истрајна политика, за што сакам да се заблагодарам на дипломатите во Министерството“, рече Османи.
Покрај изборот на претседавач се донесе одлука и да се продолжи мандатот за уште девет месеци на четирите клучни позиции во организацијата, генерлната секретарка Хелга Шмид, високиот комесар за национални малцинства Каират Абдракхманов, претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ Тереза Рибеиро, и Матео Мекачи првиот човек на ОДИХР.
Сепак договор за Буџетот не беше постигнат, а вината Османи ја лоцираше во Руската Федерација.
„ Направивме многу напори да одобриме буџет за 2023 година, претходно имавме тешкотии со две други земји членки. Успеавме да најдеме креативен начин напред, и тогаш остана само Руската Федерација. Иако постигнавме консензус, после многу месеци преговори, Руската Федерација му стави вето на буџетот“, изјави министерот Османи.
Тој додаде и дека Состанокот помина во знак на нападот на Украина.
„Руската агресија против Украина ги прекрши основните принципи и посветеноста на нашата организација, предизвика страдање на луѓето во Украина, но донесе и сериозни предизвици за егзистирањето на организацијата“, кажа Османи.
На триесеттиот Министерски совет присуствуваа илјада делегати од 57 држави членки на ОБСЕ и држави партнери на Организацијата.
Голем дел од претставниците на делегациите воопшто не се поздравија со Лавров, а некои и ја напуштија салата додека шефот на руското Министерство за надворешни работи се обраќаше на првиот дел од пленарната сесија
Со студен израз на лицето, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се поздрави со рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, на денешното отворање на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.
Голем дел од претставниците на другите делегации воопшто не се поздравија со Лавров, а некои и ја напуштија салата додека шефот на руското Министерство за надворешни работи се обраќање на првиот дел од пленарната сесија на советот.
Во своето обраќање, како што и се коментираше меѓу учесниците на состанокот, Лавров настапи со низа напади кон Западот, кон НАТО и кон сојузниците на Украина. Тој ги обвини западните земји дека, како што тврдеше, ја поддржале Украина во неспроведување на мировните договори од Минск и со тоа им помогнале на украинските власти да создадат воена сила против Русија.
Лавров во својот говор ги повтори тезите за ширење на неонацизам во Европа и во Украина. После говорот веднаш ја напушти пленарната сала.
Рускиот шеф на дипломатијата, пред почетокот на првата сесија, не сакаше да одговара на новинарски прашања. Набргу после неговото обраќање руската делегација испрати соопштение дека ќе организира посебна прес-конференција следниот ден.
Како што објаснија од медиумскиот центар на Самитот, прес-конференцијата не била планирана во агендата за предвидени настани.
Поради присуството на Лавров, министрите за надворешни работи на Украина и на балтичките земји, го откажаа присуството на состанокот во Скопје. Нивни дипломатски делегации, сепак допатуваа и се присутни на министерскиот совет.
Сепак, средба со Лавров оствари унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој во своето обраќање посочи дека е пропуштена можност за средба меѓу високите претставници на Русија и САД. Всушност многу странски медиуми испратија свои дописници во надеж дека ќе се случи средба меѓу првите луѓе на дипломатиите на САД и Русија – Блинкен и Лавров, па Состанокто го нарекоа „историското разидување“. Да се потсетиме дека Блинкен со својот нов британски колега Камерун заминаа од Скопје во средата во 21.30 часот а Лавров пристигн со авионот на аеродромот Петровец во 23 часот. И што се очекуваше? Се знаеше дека Лавров нема да дојде на заедничката вечер на делегациите кои приостигнаа во Скопје а дека најзвучните имиња од политичкиот живот на Западот нема да рисуствуваат на работните активности наредните денови! Впрочем, средбите од тоа ниво мора да имаат резултаст кој претходно треба да биде изработен на многу средби од пониско нивоа што ги нема!
„Со жалење гледаме дека тоа не се случи. Иако верувам дека таква комуникација, таков директен контакт ќе биде од корист за сите нас, за цела Европа и за мирољубивите луѓе“, рече Сијарто и му се заблагодари на македонскиот министер, Османи што било овозможено присуство на Лавров во Скопје.
Премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на денешната сесија од министерскиот совет беше категоричен дека нема да се сретне со Лавров.
„Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија. Ова е дипломатска победа на ОБСЕ, со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира и ќе продoлжи да биде гарант на обезбедување развој на демократските и на мирните процеси во Европа“, нагласи Ковачевски.