Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ЗАГЛАВЕНА ДРЖАВА“ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

February 1, 2022 Filed Under: Колумни

ДЕНКО МАЛЕСКИ

Улогата на парламентите во надворешната политика во модерни времиња е зголемена, но не и на сметка на извршната власт, туку повеѓе како еден вид паралелна јавна дипломатија во контакти со парламенти на странски земји

Последната седница на Комисијата за надворешна политика на македонскиот парламент покажа дека за опозицијата не е доволно што постои заедничка декларација за односите со Бугарија, туку дека претставничкото тело треба, заедно со владата, да учествува во самите преговори. Барањето да се има увид во сета досегашна кореспонденција меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија значи токму тоа.

Да, улогата на парламентите во надворешната политика во модерни времиња е зголемена, но не и на сметка на извршната власт, туку повеѓе како еден вид паралелна јавна дипломатија во контакти со парламенти на странски земји. Но, и во новите времиња останува старото правило: во демократските држави политичките системи почиваат врз начелото на поделбата на власта. Надворешната политика се формулира и се спроведува од страна на извршната власт. Учеството на цели парламенти во формулирањето и спроведувањето на надворешната политика би ја загрозило целта на секоја дипломатија, преку разговори и  средби да се формулираат спогодби за решавање меѓународни проблеми, за тие да не прераснат во конфликти.

Се разбира, финалето на секоја поголема дипломатска акција е во парламентот, па така секој меѓународен договор кој ќе го формулира и ќе го склучи американскиот претседател кој е на чело на извршната власт, мора да биде потврден со двотретинско мнозинство во Сенатот. И кај нас принципот е ист: постигнатите меѓународни договори се одобруваат во парламентот со мнознство од 61 пратеник.

Ако се инсистираше на согласност на целиот македонски парламент околу условите за прием во ОН, дебатата за нашето членство ќе траеше до ден денес. Се разбира, без таа лична карта на државата, без дозвола таа да влезе во општеството на држави како членка на ОН и да ги користи привилегиите за економска и политичка поддршка, одамна ќе пропадневме, но, теоретски гледано, дискусијата дали со ПЈРМ или без ПЈРМ можеше да трае триесет години.

Системот на поделба на власта и на мнозинско одлучување во парламентите не се случајно измислени. Тие се движечката сила на едно општество во еден свет на константни промени, кој бара прилагодување за да се опстане. Променети меѓународни околности бараат промена на политиката на една држава околу која секогаш ќе има несогласување зашто демократијата почива токму врз несогласувањето. Активна извршна власт и променливи коалиции во парламентот, кои, согласно променетите меѓународни околности, различно го формулираат државниот интерес е спасот.

Да се прогласи постоење на „национални“ теми кои се поголеми од демократските начела води кон  „заглавена држава“ во меѓународните односи. Имено, парализирана од страв, извршната власт ќе загуби секаква волја за иницијатива за решавање на спорот.

 

Filed Under: Колумни

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet