Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА КАНАЛ 77: ПАТРИОТИЗАМ Е ДА ЗАГЛАВИШ ВО МИНАТОТО

December 29, 2020 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Во саботното интервју за штипското радио премиерот се осврна на состојбите со спорот со Бугарија, на критиките за неговото интервју за БГНЕС, за критичарите во партијата

ПЕСИМИСТ Премиер признава дека немаме шанса да го избегнеме ветото

Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио Канал 77.

„Патриотизам во политиката е да обезбедиш двајца грчки премиери да потврдуваат постоење македонски јазик и македонски народ. Што бранат лидерите на опозицијата овие денови со протестите што ги организираат? Нели го изгубивме идентитетот со договорот од Преспа, како што велеа тие? Тешко, невозможно е да се постигне консензус со луѓе што лажат дека Холандија и Данска го блокираат усвојувањето на преговарачката рамка. Деманти стигнаа од највисоките политички институции на овие земји. Да лажете не е патриотизам”, рече премиерот Заев во интервјуто за Канал 77.

„Апсолутно сум растеретен и служам на мојата земја и целиот мој народ најпатриотски и онака како што знам и умеам. Секако слушајќи го многу внимателно и учејќи го и тоа што не го знам, но знам дека ние сме Македонци кои што зборуваме македонски јазик и сме денес членки на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваме македонски јазик и ќе бидеме членка на ЕУ. Јас изразувам огромна почит за граѓаните од другите етнички заедници, односно Албанците, Ромите, Турците, Власите… што имаат разбирање за оваа прашање кое што се однесува на граѓаните со македонска етничка припадност, затоа што прашањето сега е за граѓаните од македонска етничка припадност, но ЕУ и иднината е за сите нас. Ова прашање со Бугарија не обедини како никогаш повеќе, не обедини дома како етнички заедници“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 77. Кога Заев зборува за обединувањето дома, мисли на сите фактори, освен на опозицијата, која и понатаму продолжува со апсурдни протести за идентитетот, прашање кое воопшто не е на дневен ред. „Тоа опозицијата оставете, опозицијата е аут, почнаа од тоа што се аут, од нивните лични фрустрации веројатно, нивното посветеност кон мене, почнаа да викаат „Да живее Заев“ тоа веројатно оти човек не спие или во сонот или го сонува постојано Заев. Но, јас ги почитувам, тоа е опозиција, сум бил 11 години опозиција и тоа е така, но толку гнев, толку омраза, толку зла крв нека им е на чест, јас немам проблем.“- коментираше Заев за однесувањето на опозицијата и етничкото обединување во државата го илустрираше со пример од праксата. „Дефинитивно како етнички заедници го видовме чувството на победа и заедништво со успехот на фудбалската репрезентацијата кога сите се радуваме, кога било тоа така кај нас? Видовме единство на дело кое што е изградено низ дебата, низ дијалог и меѓусебно разбирање“- заклучи Заев.

ПОРАКА Заев му порачува на Црвeнковки дека избори во партијата ќе има па секој е слободен да се јави

Заев одговори на прашањето за интервјуто кое предизвика реакции во јавноста за бугарската агенција БГНЕС.

„Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Јас како стумичанец се сеќавам на свиждањето -за да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“.  Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, вели Заев.

„Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Јас како стумичанец се сеќавам на свиждањето -за да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“.  Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, вели Заев.
Со Бранко Црвенковски не сум се слушнал година и пол. Поздрави сме праќале по луѓе, ама директна комуникација сме немале. Она што јас го мислам е дека Црвековски треба да биде активен во политиката, како што се поранешни функционери во други држави, може да придонесе во своето општество. Има и други поранешни премиери и претседатели кои се активни. Црвенковски и тие околу него имаат демократско право да реагираат. Сега тие не се дел од органите на партијата. Ако прашувате дали водам грижа дека ме загрозуваат мене и мојата позиција во СДСМ, еве ќе им кажам, во април имаме избор за претседател на СДСМ, имаме демократизирање на изборот, секој член ќе гласа. Ако некој мисли дека Заев треба да биде сменет нека повелат. Изборите се тука.“- изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на Канал 77, одговарајќи на прашањето за ставот на Црвенковски и уште неколкумина поранешни функционери кои јавно реагираа после интервјуто на Заев за Бгнес.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet