Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАЕВ: ДАЛИ СМЕ ЗА ДЕЛЧЕВ ИЛИ ЗА ПУТИН?

May 3, 2022 Filed Under: Македонија

Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, истакна Заев. Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода

ЗОРАН ЗАЕВ Да се држиме цврсто до нашите европски постулати..Да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај

Поранешниот премиер Зоран Заев , во своето обраќање на вчерашниот настанот во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија на тема „Европска припадност/европски идентитет за земјите кандидатки”, се осврна на симболиката на датумот – 27 април, кој одбележува 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на истиот ден во 2017 година во Македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно.

Честитајќи му ја победата и новиот мандат на францускиот претседател Макрон, кои Заев ги посочи како нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, истовремено потенцирајќи дека кога е во прашање носењето одлука меѓу либерелизам наспроти конзерватививам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.

Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница, ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, истакна Заев. Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.

Заев се заложи за Отворен Балкан, со солидарноста, соработката, заедништвото, слободата и мирот се нашата интерпретација на европските вредности –  наспроти Балкан во војни. Балкан на мир. Балкан кој зрачи со соработка во исто време кога Европа во еден друг свој крај се бори со агресијата од Русија.

Тоа е нашиот европски идентитет денес – и европски, и македонски, и балкански, рече Заев.

Во продолжение, ЗАев се осврна на одбележувањето на ( Мај, како ден на победата над фашизмот.

Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин? Запраша поранешниот премиер. 9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чича победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?

Во своето обраќање, Зоран Заев, меѓу другото, го постави прашањето:

Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите?

За Путин или за Делчев?

За агресија или за европски слободи?

Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор.

Нема неутралност по овие прашања.

Заев предупреди дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда, и апелираше – сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај.

Според него, руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионов. Особено нашето, македонското прашање.

Не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина. Не постои оправдување за украинските деца со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа. Нема да постои оправдување доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса, преупреди тој.

Заев од, како што рече, мојата европска Струмица, постави прашање дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја?

Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носење одлуки.

ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена, широка., рече Заев. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот.  ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата.

Според Заев, европските лидери треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство – онака како што тоа го правеа основачите на ЕУ. Доколку основачите на ЕУ калкулираа со сопствените рејтинзи, тогаш ЕУ немаше ни да се создаде.

Политичката храброст вреди. Таа е носител на промените. Ете го Договорот од Преспа како доказ дека политичката храброст вреди, изјави Зоран Заев.

Во обраќањето, Заев истакна дека Северна Македонија направи многу за себе, но и многу за Европа.

На Балканот и на Европа им дадовме модели, примери, успеси.  Договорот од Преспа е нашиот влог во иднината на Европа. Ние сме подготвени да чуеме, да прочитаме и да видиме и подобри примери. Во меѓувреме – следете го нашиот, истакна Заев.

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet