Договорите со Грција и со Бугарија се клучни за напредокот на државата, за промовирање како лидери во регионот, но и како светска пракса дека и големите конфликти може да се решат мирно, со дискусија и компромис, посочи претседателот Зоран Заев во интервјуто за телевизија Клан
„Без Договорот со Бугарија, а особено без договорот од Преспа, можевме само да сонуваме за ЕУ и за НАТО, беше речиница- централчно место во интервјуто кое неодамна експремиерот Заев го даде за најновата телевизија во македонскиот простор Клан
„Бугарија се бори за нас на патот кон Европа и тоа е факт. Јас сум отворен човек и ќе ви кажам дека до пред две- три години ние бевме скарани со сите соседи, ама не уверуваа дека не е до нас, туку до другите држави било. И сега, како наеднаш за две години сите пет соседи ни се одлични пријатели, како државите на Европска Унија наеднаш ни се пријатели? Тоа значи, ако имаме искрена, добронамерна политика можеме да решиме секакви прашања. Со Бугарија ги надминавме сите отворени прашања, ни остана само Гоце Делчев, но го имаме решението и знам дека ќе го спроведеме. На крајот двете држави ќе бидат победнички“- изјави Заев.
За да потврди дека Бугарија ни е вистински пријател илустрираше со настапот на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Европската Унија кога до два часот наутро зборувал и се обидувал да им помогне на Северна Македонија и Албанија. Истото го прави и Грција, која после Преспанскиот договор ни стана уште еден стратешки сојузник.
„Кога јас и Ципрас тргнавме да го решиме спорот не мислевме на нашите политички кариери, туку на иднината на нашите деца. Нас око не ни трепна дали ќе изгубиме на следните избори или ќе бидеме политички мртви, ние сакавме да изградиме цивилизирани односи кои ќе ни го отворат патот кон ЕУ и успеавме во тоа. Можеби спорот ќе се решеше и после 15, 20 години, но тогаш кој знае како ќе се викаше нашата држава и дали воопшто ќе зборувавме за Македонија. Сега имаме ситуација во која имаме и македонски народ и македонски јазик“- заклучи Заев.
Зборувајќи за меѓуетничките односи на гостувањето во телевизија Клан, претседателот на СДСМ, Зоран Заев потсети на крвавите настани од 27 април со цел да илустрира како заедништвото кај политичарите може позитивно да се одрази врз односите помеѓу граѓаните.
„Лузните што ги носам од тие настани се мојот обид да го заштитам претседателот на парламентот, Талат Џафери. Тој не е претседател само на Албанците, тој е и мој и наш претседател. Ако политичарите демонстрираат единство, тогаш многу полесно и граѓаните ќе покажат толерантност, почитување и заедништво. Периодов патува низ многу села со албанско население и многу се чувствувам горд кога Албанците ми пристапуваат, ми покажуваат почит, особено кога ми велат дека сега и државата ги сака нив, а не само тие – неа. Големи премостувања направивме за овие две години работејќи на концептот Едно општество за сите. Јас подеднакво се борам и за Албанците во оваа држава, и тие тоа го препознаваат. Го чекам моментот кога и другите Македонци ќе го прават тоа, но и кога Албанците ќе се борат за Македонците, и ве уверувам дека така ќе биде во нашата држава“- изјави Заев.
Претседателот на СДСМ во телевизиското интервју ги повика гласачите Албанци уште еднаш, овој пат во поголем број, да му ја дадат поддршката на изборите, затоа што само политиката на СДСМ овозможува еднаквост, развој и просперитет на младите генерации.
„Не сакам и понатаму нашите деца да се мразат, да имаат конфронтации, да се делат, па на крајот и да се тепаат во школските автобуси. Кому му треба тоа? Децата не смее да ги делиме, тие се нашата иднина, сакам да ги научиме дека сите деца во нашата држава треба да живеат како браќа и сестри, а ние можеме да испорачаме сигурна и среќна иднина за нашите поколенија“- заврши Заев.
Зоран Заев за Клан ТВ: Добро е што преодната влада ги продолжува економските процеси што се од интерес на граѓаните
„Во 2016-та година Пржинската влада имаше смисла затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја имаше узурпирано државата со премногу направени проблеми. Но, кога бевме во фаза да го потпишеме Преспанскиот договор, тие не условија дека ќе седнат на маса ако ветиме техничка влада и за следните избори. Со оглед дека бевме условени, ние моравме да прифатиме, пак заради доброто на државата, само за да го финишираме решението со спорот за името. Се согласувам со критиките дека овој модел денес носи кавги“- изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизиското интервју за Клан.
Но, и покрај тоа што јавноста е сведок на постојани препукувања на министрите од СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ додаде Заев, сепак поважно е дека нема застој при носењето економски одлуки, односно нема прекин на континуитетот на економијата, што е многу важно за државата.
„За мене е важно да не прекинат економските процеси, на кои сме фокусирани откако на меѓународен план ја етаблиравме државата. Донесена е одлука за Чебрен и Галиште, одлука за Осломеј, одлука за гасификација на државата, со еден збор, одиме напред и очекуваме така да продолжиме и после избори“- рече Заев.
„Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите“- изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.
Тој изрази увереност дека е сигурен победник на изборите затоа што граѓаните знаат дека државата оди на правиот пат и дека секоја друга алтернатива ќе значи враќање на државата 25 години назад, а со тоа актуелизирање и на старите проблеми.
„Имавме БДП со минус 1.8 проценти, а сега имаме 3.6 во позитива, или тоа значи дека БДП пораснал за 5.4 отсто. Не водат како држава со најголеми странски инвестиции во југоисточна Европа. Да не заборавиме дека минимланата плата ја зголемивме за 60 отсто и сега е 14.500 денари. Просечната плата е речиси 27.000 и атакуваме кон целта да стигнеме до 30.000 денари. Пензиите ги зголемуваме во континуитет и таквиот тренд ќе продолжи. И сето ова го направивме во преполовен мандат, на почетокот заради формирање на Влада, а сега заради предвремени избори, но сето тоа ни дава храброст и мотив да продолжиме од каде што сме“- зборуваше Заев.
Двете стратешки цели се исполнети на меѓународен план и веднаш се забалежителни резултати во економијата.
„ВМРО ДПМНЕ 11 години владееше и не направи ниту еден чекор да и помогне на државата. Мицковски од што посакува да биде премиер, не излегува од својата перцепција на работите. За да имате аргументи мора да настапите со понуди, со програма, а тие само не оддалечуваа од НАТО и ЕУ. ВМРО ДПМНЕ измислуваше проекти, како Скопје 2014 и така направи приватниот сектор да зависи од државните пари. Ние отворивме 60.000 работни места и тоа претежно во приватниот сектор. Во администрацијата вработуваме профсионални кадри. Секој ден ми се јавуваат за нечие вработување, но јас сакам да има критеруми, рангирање на кандидатите за да има место за најдобрите“- изјави Заев.
Во врска со локаниот економски развој Заев потсети дека државата издвои 50 милиони евра за општините за да можат да ги надоместат долговите, а дека сега ќе се инвестираат 55 милиони евра за развој на водоводните мрежи, канализацијата, но најави и реконструкција и изградба на локланите патишта. За две години СДСМ има изградено патишта во должина од 750 километри.
„Ќе ве потсетам на една средба со еден жител на Арачиново кога зборувавме за отворената и мултиетничка програма на СДСМ, тој ми рече дека на Албанците не им треба кантонизација, туку канализација. И еве, проектот се спроведува. Ние сме тука за реалните проблеми на граѓаните и затоа очекувам поддршка од сите“- заврши Заев.