Според Заев, „Поткуп“ е монтиран случај за, како што тврдеше тој пред судиите, да се спречи објавувањето на така наречените бомби од проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“. Заев тоа го кажа уште на деветти март 2015 година на трибина во Универзалната сала во Скопје
Веста на денот е дека Заев ослободен од вина за поткуп. Тој изјави дека е среќен сум што ја дочекал правдата. Да се потсетиме случајот е врзан за времето кога Зоран Заев, додека бил градоначалник на Струмица. Наводно тогаш тој од бинисменот Никола Николов Сачевалиев побарал поткуп за продажба на земјиште во струмичко. Дури 160 000 евра од продажбата на земјиштето наводно требало да завршат во џебот на Заев, неговиот брат Вице а дел од парите да одат за изградба на црквата Успение на Пресвета Богородица во Струмица.
За овој предмет досега се одржаа девет рочишта, а исто толку пати ова судење беше одложувано.
Главни докази на обвинителството беа сведочењето на Николов кој во текот на постапката рече дека Заев, како градоначалник на Струмица, прво му побарал 300 илјади па после 200 илјади евра за купување на 100.000 квадрати земјиште во Струмица како и тоа дека е точно дека го наведувал Заев да изговара реченици според инструкциите на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за организиран криминал.
– Обвинетиот го снимав на закажаната средба во кабинетот на Заев. Првин МВР ме спреми, па потоа отидов на средбата. Како ќе ми наредеше обвинителот, така правев. Откако ја имав таа опрема на себе, јас го терав Заев тој да го каже тоа што го има на снимката – сведочеше меѓу другото Николов.
Друг доказ што во текот на судењето го изведе обвинителството беше тајната снимка што ја направил Николов во разговорите со Заев а мал дел од неа излезе и во јавноста на Јутјуб каналот.
Главниот адут на Заев е дека снимката што излезе во јавноста е сечена на три места и дека главниот дел, како што тврди тој го нема.
-Иван Николов е клиент на менувачница Пеон, каде што работи брат ми, и тука се разговара, ако се во евра парите што ќе прави, ќе ги смениш во менувачница и ќе ги однесеш ќе купиш, цемент, бетон, железо, тоа е твое право. Таму се зборува, колку милуваш ти пред господ, тоа е помеѓу тебе и господ, значи тие делови се скратени овде и буквално кога ќе го скратите така, ете како изгледа во јавноста. Но, сега и на судот и на јавниот обвинител му е јасно што всушност било целта да се постигне преку сечењето на оваа видео снимка и на тој начин презентирана во јавноста, изјави на деветти мај годинава премиерот Заев прашан што точно се гледа на целосната снимката за која судот процени дека ќе се гледа зад затворени врати без присуство на јавноста.
Претходно одбраната побара снимката да не биде доказ во постапката но судот утврди дека таа е законски направена со помош на ПИ-мерки и дека може да биде презентирана пред судот. Според Заев, „Поткуп“ е монтиран случај за, како што тврдеше тој пред судиите, да се спречи објавувањето на така наречените бомби од проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“. Заев тоа го кажа уште на деветти март 2015 година на трибина во Универзалната сала во Скопје. Поради ова, премиерот, тогашен лидер на опозицијата Зоран Заев поднесе кривична пријава против Николов.
На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор. Казната, пак, за делото примање поткуп е најмалку пет години затвор.
Бислимовска рече дека од сите изведени докази во главната расправа не произлезе дека обвинетиот Зоран Заев прибавил каква било имотна корист. И сведокот Иван Николов кажал дека не дал пари и дека Заев не примил поткуп. Обвинителката додаде дека Николов не бил јасен, ги менувал ставовите и дал различни изјави пред Јавното обвинителство и во судот.
– Како и за секој граѓанин трауматичен е моментот додека ја слушате пресудата, но сум среќен сум што добив ослободтелна пресуда и дочекав правда. Му го посакувам тоа на секој граѓанин преку транспарентни постапки како што беше и мојата. Преку ова се виде целиот процес. Јас ова го очекував, изјави премиерот Зоран Заев откако ја слушна пресудата за случајот Поткуп, со која е ослободен од вина.
Според пресудата Обвинителството не го докажало делото за кое Заев се товари за „барање поткуп“.
На прашањето, дали таа били диригирана, како што обвини екс премиерот Никола Груевски, Заев рече дека мислењето за ова треба да го дадат граѓаните, новинарите и сите кои можеа да го следаа процеот транспарентно. Никола Груевски беше добар пзнавач на судството,но ова не е тоа судсто што тој го контролираше, рече Заев.
Тој апелираше до институциите кои ја имаат целосната снимка што беше објавена на Јутјуб од неговиот разговор со бизнисменот Иван Николов, да ја објават бидејќи на таков начин, како што рече, ќе можам да го „обели својот образ“.
– Снимката е скратена на три места, кое е злонамерно, каде говориме за „цементо“, на струмички, за железо, за плата на работниците , струјата… Сите детали се внатре. Има бизнисмени на кои општината им завршила огромна работа, но не дале пари како што е Николов. А има и граѓани кои имаат само плата, па дале пари. Јас водев кампања за изградба на храмот во Струмица. Но, драго ми е што барем судот ја потврди таа вистина.