Во интервјуто за Утрински брифинг претседателот на СДСМ говоеше за повеќе отворени проблеми во земјата а истакна дека за тоа дека за датумот на изборите ќе кажат здравствените власти а по тоа прашање ќе разговараат и партиите меѓусебно
Северна Македонија ги прекина изборните дејствија зашто што се случи короната. Најважно е здравјето на граѓаните, нема ништо поважно од тоа, политиката и државата постои заради нив. Но треба сите да бидеме свесни дека во услови кога нема парламент , во услови на одложени избори, кредибилитетот на државата треба да биде поткрепен со одлука на граѓаните, пренесување на нивните права, на оние кои што ќе бидат избрани од нив.- посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг во врска со понатамошното функционирање и свикување на Собранието.
Тој истакна и дека пред се треба будно да се следи како одминува кризата, добро е што бројките паѓаат, а со самото тоа да се зграпчи првата можност за избори, зошто не знаеме дали ќе има втора можност, бидејќи ставовите на светската здравствена фела е дека е можно повторно враќање на короната на есен.
Ако се случи тоа, ние ќе влеземе во апсолутно пробивање на сите можни уставни рокови, околу мандатот на пренесените надлежности од граѓаните на политичарите. Очекувам низ дијалог да ги потврдиме работите околу изборите, посочи Заев.
Во врска со Собранието, Заев истакна дека иницијатива на 35 пратеници од СДСМ, коалицијата и други пратеници,а воедно и демократски порив е повторно ставање во функција на Собранието, затоа што е пратениците чувствуваат потреба од негово функционирање.
Сите треба да знаат дека состојбата ќе биде тешка, пред се на економски план и затоа се потребни кредибилни институции, кои ќе носат храбри, но и одговорни одлуки, за да им излезат во пресрет на граѓаните, работниците и фирмите, истакна претседателот на СДСМ.
Во однос на можниот термин за избори, претседателот Заев порача дека последниот збор за тоа ќе го дадат надлежните здравствени институции и комисии.
Ако здравствените експертски комисии оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, затоа што нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, на гостувањето во „Утрински брифинг“.
Во контекст на поставените прашања од водителот Сашо Ордановски
се говореше и за полицската интервенција против оние кои делеа пакети со социјална помош.
Инервјуираниот истакна дека упадот на полицијата на местото каде се подготвуваа хуманитарните пакети за граѓаните потсети на годините на режимот
– Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти, да се држат до сабајле со закани и уцени, и да влезат без налог во приватен простор е навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.
Семејството Заеви, сите ние поминавме низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.
Претседателот Заев истакна дека семејството Заеви ќе продолжи и понатаму со хуманитарната работа, илјадници пакети се донирани досега до најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.
„Помогнавме на здравствениот систем, помогнавме и помагаме со хуманитарните пакети кои ги делат општинските кризни штабови. Многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и треба да им се помогне“, заклучи Заев.
Eкспремиерот Заев во гостувањео се осврна и врз интересот за економските мерки, за кој рече дека е огромен, како идека наскоро ќе биде објавен трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата
– Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“. – Заклучно со вчера, иако беше викенд, имаше 3.747 компании кои аплицираа за економските мерки, тоа е огромна бројка за време на викенд и ја користам приликата да апелирам до фирмите да продолжат да аплицираат, бидејќи, тоа се нивни пари, за да можат да ги сочуваат работните места, да дадат плата за месец април, донесовме дополнителна флексибилност на мерките само за да се зачуваат работните места
Заев нагласи дека во оваа криза постои борба за сочувување на работните места, нагласи Заев, додавајќи дека бројот на лицата, кои останале без работа во текот на кризата е под 7.000. Тој ги повика граѓаните што останале без работа да се обратат во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за предвидената помош и да земат 50% од платата. „Мерките што ги презедовме во овие две и пол години, додаде Заев, обезбедија сега спремни да ја дочекаме кризата. Ние и пред кризата спроведувавме низа мерки да ги извлечеме од сиромаштија најсиромашните, ја зголемивме социјалната помош за 300%, донесовме досега најголемо покачување на пензиите од над 700 денари за сите пензионери“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Во интрвјуто се потегна и темата за парламентарните избори Претседателот Заев беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од избори, тоа е последица на тоа што немаат јасни ставови за најважните прашања
– Опозицијата се плаши од избори, има чувство дека ќе загуби, дека ќе бидат казнети нивните погубни политики, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, на гостувањето во „Утрински брифинг“. – Политичката иднина и кариера на Мицкоски е во прашање ако излезе на избори, но јасно е дека тој што губи – си оди, рече Заев. Потоа додаде дека нешто чудно се случува во опозицијата во последно време, Мицкоски често е корегиран од своите колеги, па во петокот тој изјави дека не гледа зошто била воведена втората вонредна состојба, дека немало потреба за тоа, за веднаш потоа, по неколку дена неговиот потпретседател Николовски вели дека не само втора, туку треба да се свика и трета, само за да се одлагаат изборите, истакна Заев.
Во таа насока се и нивните коментари за едностраната изјава на Бугарија, рече Заев, бидејќи тие што се научени во политиката да одат со национализам и популистички побуди, така и продолжуваат, а ова прашање го отвораат од желба за политички поени.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокациите, бидејќи македонскиот јазик признаен секаде, државата е членка на НАТО, а наскоро ќе се отворат првите поглавја за преговорите за членство во Европската унија.
– Секаде опозицијата бара функционален парламент, да биде коректив на власта, само кај нас не е така. Но, тоа е јасно, затоа што таа е исплашена, не само заради оваа здравствена криза, тоа е последица на немање на ставовите и околу најважните прашања за државата, обидувајќи се да ги закочи интегративните процеси, блокирајќи ги законите што се гласаа во Собранието, закони важни за правосудството, но и кодошењето во ЕУ, истакна претседателот Заев.
Во однос на можниот термин за избори, претседателот Заев порача дека последниот збор за тоа ќе го дадат надлежните здравствени институции и комисии.
– Ако здравствените експертски комисии оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, затоа што нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, на гостувањето во „Утрински брифинг“.