Премиерот викендов одговараше на прашања на новинарите и изрази релативно задоволство од текот на преговорит. Во меѓувреме весникот „Та неа“ ја разбранува грчката јавност со тврдење дека Берлин и нуди кредитни повластици ако направи договор „со Скопје“
Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка – кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна. Ова според грчкиот весникот „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор. Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот, повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.
„Веродостојни европски извори, пренесувајќи ги за „Та неа“ разговорите што во позадина се водат меѓу Атина и Берлин, ги претставуваат Германците (како трета страна – н.з.) дека му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името со Скопје и со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на приомена на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019“.
Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори, така и од владата, која побара сериозност од Нова демократија.
– Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно решение на скопското прашање за да добие во замена шестмесечно одложување на кратење на пензиите, што е обврска која самата влада ја презеде со нејзината политика. Да или не? Грците треба да знаат, вели портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки. Од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА-МПА побарале сериозност од портпаролката на опозициската партија, додека пак од кабинетот на Ципрас велат дека се недостојни за коментирање секојдневните „бедни написи.
Викендов во Домот на пратениците во Скопје за еден ограничен број на новинари е одржан брифинг со премиерот Заев, потоа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот за евроинграции Бујар Османи.Внимание предизвика констатацијата на Заев дека како земја сме биле блиску до решавање на спорот со Атина за името. „Од седумте теми за кои разговараа лидерите на Македонија и Грција, само двајца останаа неодговорени. Тоа е прашањето за конкретна географска одредница во името и како таа треба да се користи во меѓународните односи, а како за домашни потреби, јавува Танјуг. Заев, според овој извор, смета дека Уставот не треба да се менува и дека тоа не треба да има влијание врз позицијата на Грција. За Грција, се вели дека прашањето за идентитетот на јазикот е проблематично, но додаде дека Атина има разбирање за македонскиот идентитет.
Што се однесува до државјанството, Заев вели дека тоа ќе биде во согласност со новото име. „Веројатно ќе биде државјанин на Северна / Горна / Вардарска или слично “, рече македонскиот премиер.
Тој уште еднаш повтори дека по договорот трееба да има референдум за ова прашање, но тоа се уште не е дефинирано: дали ќе биде пред или после конечната одлука, или веднаш пред влезот на Македонија во НАТО и во Европската унија. Во секој случај, вели премиерот, и одржувањето на референдум е важно бидејќи бара одредени подготовки и за тоа постојат рокови.
Заев рече дека нема консензус во врска со референдумот во рамките на коалицијата, односно со албанската партија, Демократската унија за интеграција на Али Ахмети.
ДУИ, се противи на одржување на референдум, како што објасни заменик-премиерот Бујар Османи, причината е стравот дека овој метод може да се отвори простор за странични влијанија.