Разните изговори да не се дознае бројот на вработени по разните административни единици на јавната администрација сопреа кога се рече дека нема да има плата за оние кои не вкрстеноевидентирани во триаголникот Министерство за јавна администрација – ФЗО – Завиод за врабиотување
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Бројот на вработените во јавниот сектор отсекогаш бил предмет на полемики и препкувања на релација власт – опозиција. Со оглед дека 11 години бевме под власта на една владина коалиција, криењето на бројот на вработените во овој сектор се сметаше за тајна на изборниот успех на една те иста гарнитура, заедно со „врбувањето“ на пензионерите, се разбира, што ја созадваше армијата на гранитни подржувачи.
Министерот Дамјановски минатата недела излезе со статистика која треба да се зема како дефинитивна и таа беше соопштена во форма на новата транспарентност односно новата отвореност на власта кон сите прашања.
Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции. Иако не е целосно функционален, Регистарот на вработените во јавниот сектор, за чие воспоставување во 2014 и 2015 година се дадени 2,15 милиони евра, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), бројките ги добило со вкрстување на податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), Агенцијата за вработување, агенциите за привремени вработувања и Фондот за здравствено осигурување.
Без АРМ, МВР и Агенцијата за разузнавање, бројката на вработените од државата и локалните власти изнесува 109.304, додека во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 8.633 луѓе од вкупната бројка.
Статистиката е доста интересна и во сферата на половата равноправност и во однос на обрзовното ниво.
Според податоците, од вкупната бројка од 139.009 луѓе кои добиваат плата од буџетот, 59,96 отсто се вработени на локално ниво, а 40,03 на централно. Од нив, 54 отсто се жени, а 46 отсто мажи.
По националност, 75,36 отсто се Македонци, 19,31 отсто Албанци, Турци се 1,84 отсто, Роми, 1,14 отсто. По образование, 42,45 се со факултетска диплома, со средно се 34,81 отсто, а со осново се 9,67 отст. Магистри се 4,45 отсто.
Најмногу вработени има во образованието – 32 отсто, што го добро го знаат со децении синдикалците кои следат каде одат највеќе пари од членарина! Во здравството се 18 отсто, а во државната управа се 15 отсто, додека во локалната власт се 5 отсто.
– Ова е првпат да се објави вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, вклучително и оние привремено вработени и вработените во акционерските друштва во државна сопственост. Притоа, со привремени вработувања сега се 1.624 луѓе, за разлика од април 2017 година, кога биле 2.064 – рече Манчевски.
Тој и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија објаснија дека се очекува наскоро да профункционира целосно Регистарот на вработените во јавниот сектор, а според нив, доаѓањето до овие бројки не било лесно, затоа што голем број од корисниците на буџетот или не знаеле како да внесат податоци или пак не го сметале тоа за важно.
Како што рече Јахија, новите мерки да се ограничи исплаќањето на платата доколку не се достават податоците бил клучниот потег за да се дојде до податоците.
– Со молење, инспекции, стимулација и обука, притискавме да се достават податоци. Решението да се ограничи исплатата на платата е екстремно решение, но е единствениот начин – рече Јахија.
Според Манчевски, од стапувањето на новата власт, нема партиски вработувања и сега се вработува само според потребите на институциите, а не според потребите на партијата, поради што во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се правеле и нелогични систематизации на работните места.
– Во текот на претходната власт, членовите на тогашните опозициски партии не смееја да помислат дека ќе бидат примени во јавниот сектор. За разлика од тогаш, сега шансите им се отворени да конкурираат, но истовремено се вработуваат и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ – рече министерот.
Манчевски најави и дека во мај и јуни треба да почне создавањето на Централниот регистар на население, кој би профункционирал до крајот на годината.
Една од присутните колешки на орсот, која дојде кога истиот беше при крај излезе со теза дека неа и била позната истата бројка од претходната министерка, но присутните функционери потврдија дека во ниту една јавна дебата старата власт не излегла со прецизна бројка. Имаше дури и тврдење (исто од еден новинар) дека издвојувањата за плата после Нова година во оваа сфера се зголемени за 400 илјади евра а дека тоа не коинцидира со тврдењето на изнесувачите на бројкие за мала ама значајна намаленост на адмионистративците во последно време.