Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДБИТЕ Е ПОВЛЕЧЕН, АРХИТЕКТИТЕ ПОВИКАНИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО НОВОТО РЕШЕНИЕ

June 1, 2021 Filed Under: Македонија

Законот повторно ќе го изготвува минисетрството за транспорт и врски но овој пат ќе биде вклучена и експертската јавност. Легализација во заштитените подрачја и националните нема да има како и на објектите од „Скопје 2014“ За добар закон потребен е инвентар на дивоградбите и спосокот мора да e јавен

НАЈУБАВИ ПРОСТОРИ Дивоградбите никнат по правило на најубавите простори

ОГНЕН ЧАНЧАРЕВИИЌ

Експертската јавност очекува да се изготви сосема нов прилагодлив закон кој ќе се грижи за јавниот интерес. Јавниот простор мора да биде приоритет во новиот закон бидејќи не смее да се уништи и мора да има систематизација и инвентаризација на дивоградбитепред воопшто да се почне со изготвувањето на новиот закон. Легализација во заштитените зони и националните паркови не смее да има а казната која барателот на легализацијата ќе треба да ја плати не може и не смее да биде за 50 отсто повисока бидејќи не станува збор за објекти со иста вредност.

„Треба да се направи опширна анализа и систематизација на објектите кои ќе се оценат како бесправно изградени. Да се направи точна методологија по категорија, по типологија и секако по број. Така систематизирани да бидат изнесени на јавно достапна листа – регистар на дивоградби и потоа со една точна стратегија поткрепена со стручна мисла од сите чинител, правниси архитекти, инженери, да се пријде кон изготвување на новиот закон. Претходниот закон се стави во кош, без методологија, беше популистички и како политички памфлет и требаше да задоволи нечии барања и интереси “, изјави Мишко Ралев од Асоцијацијата на архитекти

Претставници на Асоцијацијата на архитекти добиле повик од министерството за транспорт и врски да учествува во креирањето на новиот закон за легализација но и на Законто за градење.

НА ВОДНО Дивоградбите на Водно ја загрозуваат и безбедноста на Скопје

Во новиот закон се предвидени двојно повисоки давачки кон државата за легализација на дивоградбите што не е доволно за екпсретската јавност бидејќи станува збор за илјадиници објекти со различна вредност кои не може и не смее да бидат во иста категорија.

Аргументирани забелешки за законот имаше многу. Пред се дека се легализира криминал како од урбаната мафија така и од општинските и државните институции кои не постапувале и толерирале изградба на дивоградби. Дупките во предложениот закон предвидуваа легализација на хациенди и викендички во национални паркови, куќи вредни стотици илјади евра како и можноста едно лице да поднесе барање за легализација на неколку објекти што беше дијаметрално спротивно со тезите на Владата дека е социјален закон неменет пред се за ранливите категории на граѓани и решавањето на нивниот проблем со домувањето.

(voa news))

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet