Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАМИНА ДОАЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ХИРУРГИЈА

June 1, 2021 Filed Under: Македонија

Медицинските установи во земјата се полни со студенти на професорот во пензија д-р Кочо Серафимов. Соработував со него и во креирањето на енкои новинарски стории. Меѓу останатите беше главен доктор за време на изградбата на мавровските хидроцентрали, кога лавина се сруши врз населбата на тогашните бригадири

ДОАЕН Беше доаен на интерната медицина на Медицинскиот факултет

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Со починатиот хирург и професор д-р Кочо Серафимов имав доста директни средби. Некои од нив беа и во креирањето на стории од неговиот богат професионален живот. Другите беа пријателски, така што знам некои детали од минатото, исполнето со многу постојано учење, раководење со нашиот и некогаш порано сложен здравствен систем. За жал, со пропаѓањето на компанијата на Срѓан Керим МПМ сето напишано во рамките на оваа куќа пропадна заради негрижа кон архивските материјали – текстови и фотографии.

Една од епизодите на неговиот исполнет со многу собитија живот е врзана за трагедијата при изградбата на мавровските хидроцентрали.

Како главен медицинар (и еден од ретките лекари во она време во земјата) тој се нашол среде хаосот со многу мртви и повредени, кога во ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година лавина се срушила врз кампот каде спиеле градителите. Загинале 52 лица, дел од нив (14) биле граничари. Настанот бил меѓу воениот објект Стрезимир, селото Рибница и месноста Торбешки мост.

По давањето на прва помош на стотината преживеани, Серафимов организирал караван се до железничката станица Гостивар. Во тие навеви од снег караванот бил на скии – како за оние кои помагале така и за повредените. Се одело до Маврови Анови, по серпентините на Влајница, се до првата железничка станица. Долг пат за она време.

СО БИСТАР УМ До последен миг имаше бистар ум и држеше предавања за своите врсници

На тој пат д-р Серафимов имал 30 години. Почина на 99-годишна возраст,

Како што кажуваше тој бил тетовчанец по потекло а Медицински факултет завршил во Белград. Потоа се усовршувал во Лион (1959/1960), Минхен (1966/1967), Лондон (1978) и Осло (1982). Дома чуваше документи и од престојот во САД каде исто така изведувал неколку операции. Од 1977 година бил редовен професор на Мадицинскиот факултет. Бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија од 1975 до 1987, главен и одговорен уредник на „Акта хирургика Југославика” од 1971 до 1987. При тоа објавил над 220 научни трудови, повеќе научно-стручни коавторски публикации и единствена монографија за хирургијата на жолчното ќесе. Добитник е на повеќе лекарски и општествени признанија, меѓу кои Хипократовата плакета на Сојузот на лекари на СФРЈ (1987) и Орден за заслуги со златен венец (1988) за врвен придонес во развојот на дигестивната хирургија.

Комеморацијата е одржана на 27 мај, акде било истакнато дека тој безрезервно ги пренесуваше своите знаења и искуства на студентите, особено на специјализантите. „Неговата исклучителна ерудиција и интелектуалност, секогаш дополнета со луцидна духовитост, целосна посветеност на хирургијата и наставата, срдечната комуникација со колегите, се карактеристики кои неговите следбеници долго ќе ги паметат и ќе бидат овековечени во нивните спомени. Медицинскиот факултет засегогаш ќе му остане благодарен на проф. д-р Кочо Серафимов за сé што творел и сé што направил преку својата самопрегорна работа и посветеност на факултетот“, се наведува во комеморативното соопштение на Медицинскиот факултет.

Долгиот живот се должеше и на неговото внимавање на начинот на кој живееше, би се рекло спартански, на неговиот исклучително бистар ум – последниот разговор направен лани, по телефон, кога разговаравме за пандемијата. Имаше замерки на помладите лекари кои недоволно се усовршуваат надвор и се враќаат дома со нови сознанија. Беше горд на своите деца – неговиот син е лекар во Лондон а неговата ќерка редовен професор на студиите по историја на уметноста и археологијата.

СПОМЕНИК Овој споменик е посветен на оние кои – како Серафимов – дадоа многу за намалување на бројот на жртвите во лавината од 1956 година

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet