Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАМИНА НАШАТА ПОСТОЈАНА АМБАСАДОРКА ВО ХРВАТСКА

March 20, 2024 Filed Under: Ревија

Костадинка Велковска живееше и работеше во Загреб од 1968 година и беше исклучително плодна и во театарот, во тв сериите и во играните филмови, од хрватска и македонска продуккција

КОСТАДИНКА ВЕЛКОВСКА Поздравете ми го Чаир – постојана порака до скопјаните

Минатата недела почина и беше погебана починатата актерка Костадинка Велковска, која живееше и работеше во Хрватска од 1968 г. кога таму замина на студии по актерство. Таму и во тамошните театри таа најде постојана егзистенција, иако од време на време се враќаше и во својата таковина и во одниот Чаир.

Колегите и пријателите од Хрватска, Словенија и Македонија се простуваат на социјалните мрежи од Костадинка Велковска (76). Таа доживеала мозочен удар кој се покажал како фатален. Зад себе имала четири брака и еден син.

Нејзините роднини од Скопје и изјавија на новинарката на МТВ Мирјана василевска дека најголема желба и било да одржи уште еден концерт со македонски песни. Никогаш не ја заборавила Македонија, нејзиното Скопје, а секој разговор со нив завршувал со истата реченица: „Поздравете ми го Чаир“.

Името на Костадинка Велковска беше препознатливо во театарската уметност во Хрватска, 40 години. Зад себе остави безброј телевизиски и филмски улоги. Беше дел од актерскиот тим на сериите „На граница“ „Забранета љубов“, „Битанги и пронцези“, „Томе од бензинската пумпа“, „Хитна 94“. Глумеше во филмовите „ Јазол“, „Духот на Баба Илонка“, „Златни години“, „Почивај во мир“…

ПОДГОТОВКА Актерката беше исклучителна активна и во театарот, но и во тв сериите и филмовите

Во Македонија гостуваше во Драмски театар во 2018 година со преставата „ Светица на темнината“, каде го толкуваше ликот на Мајка Тереза..

– Беше полна со живот и енергија. Беше многу почитувана и цената во Загреб.  Ќе бидам присутен на нејзиното последно испраќање, во име на македонската амбасада во Загреб – изјави Милаим Фетаи, македонскиот амбасадор во Хрватска

Новинарката Мирјана Василева која долг период беше дописник на македонската телевизија од Хрватска ја опишува како промотор на македонската песна , шансониер, активиста.

– Кога се распаѓаше поранешната југословенска држава Костадинка беше  една меѓу оснивачите на  првото Македонското -Хрватско друштво во 90- те години, а нејзиниот дом , беше и прифатилиште  за многу војничиња на тогашната  ЈНА. Постојано на  фиксниот телофон и се јавуваа познати и непознати  мајки чиишто деца беа на боиштата  во Хрватска.Таа наоѓаше контакти и заедно со останатите Македонки и Црвениот Крст ги испраќаше дома, а влегуваше и во многу незгодни состојби. Во касарната во Мала Дуба, замина со нејзиниот автомобил  и успеа со тогашните старешини , не само да го спаси својот родинина, туку и неговите  другарчиња. За сити овие настани  се говори и документарниот  филм „Македонскиот допринос во војната во Хрватска“, за кој го напишав сценариото во организација и покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство на град Загреб – вели Василева и дополнува дека Костадинка секогаш била горда на своите македонски корени и никогаш не го заборави своето потекло.

И ШАНСОНИЕРКА Никогаш не мируваше , чсто изведуваше и шансони

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet