Од Скопје во музичкиот свет замина како млад, но сепак со некакво клавијатурско искуство Александар Рахимовски, познат како Брци а во Загреб стана дел од легендарниот Парни ваљак. Аки, како што го викаа во новата средина остави богата продукција
Регионот деновиве со голема тага ги преслушува песните на „Парни ваљак“. Повод – смртта на вокалистот Аки Рахимовски за која не може да се рече дека е ненадејхна. Пред извесно време тој доживеа мозочен удар и сепак се поврати. Имаше и шест бај паса а на крајот беше „посетен“ и од ковидот.
Александар Аки Рахимовски е роден во Ниш во 1955 г. во знакот на Близнаци, кажува тој самиот. Кога имал само две години се доселил во Скопје. Живеел на некогашна Тетовска трошарина, која е практично на она место каде што денес е Американската амбасада или на западниот раб на Топаана. Одел во нижо музичко училиште, што е логично бидејќи татко му бил музички педагог.
Музичките новинари (како Љубомир Грбевски) се сеќаваат на неговите почетоци уште како тинејџер. Свирел пијано во групата „Крвави ппрстио“ и потоа во „Тор“, тезгарејќи овде-онде како создавач на атмосфера на многу места (Гранд хотел, на пример) во соло издание. Неговиот скопски прекар е Брци и сите го знаат по него. Неговата мајка Ани и денес е сместена тука, во еден старечки дом а тој се грижел за нејзиното здравје и мислел деновиве да ја посети. Лекарот Горан Николов, кој бил повикан од Аки, пишува на ФБ дека бил замолен од пејачот да се заинтересира за здравјето на мајката Ани и да му се јави; овој го сторил тоа ама кога сакал да даде повратна информација дознал дека Аки веќе не е меѓу живите.,
Од Скопје тој заминал во Загреб со групата „Тор“ на рок фестивалот „БУМ“ каде е забележан од рок кремот во тогашна Југославија. Нема сомнеж дека фронтменот на групата Парни Ваљак, веројатно бенд со еден од најдолгите по врреметраењето. Треба да се каже дека континуитетот е сепак во прашање – Ваљак има кратка пауза во 1978 година и четиригодишна пауза од 2005 до 2009 година. Но без оглед на тоа се работи за еден од најдобрите и најпрепознатливите вокали на нашите простори на сите времиња.
Во 1975 година, во време на основањето на Парни ваљак тој имал само 20 г. и тоа е се уште доста млада возраст за скок во најважната фаза од неговата кариера, бидејќи таа година е основана групата „Парни ваљак“ и тој станува пејач. Со Steamroller снимил голем број хит албуми и освои различни награди и признанија, а со нив го обиколи светот.
Во време на првиот ангажман, по споменатиот фестивалот „БУМ ’75“ Аки Рахимовски наидува на распад на позната група „220“, претходно на чело со Драго Млинариќ, кој заминува во соло кариера. Во октомври 1975 година, Зубак и Станчиќ исто така го напуштија бендот за да се придружат на Time, а групата „220“ престанува да постои.
Во тој миг идните членови на бендот со басистот Златко Микшиќ Фума и тапанарот Среќко Антониоли (од „Златни акорди“), како и со Аки се разбира, со менаџерот Владимир Михаљек Миха, го формираа бендот „Парни ваљак“ или Steamroller со кој одат најпрвин во Белград каде веднаш имаат голем успех. .,. Првата постава ја сочинува и Хусеин Хасанефендиќ „Хус“ (соло гитара, акустични гитари и вокал), кој во една креативна смисла е секако оската на новата творба. Не смее да се потцени и позицијата на Владимир Михаљек – Миха, споменатиот менаџер, кој бил врзан за раниот успех на Бијело дугме, па бендот затоа беше замислен како загрепска верзија на тогаш популарниот босански музички израз.
Бендот набрзо почнал да издава синглови, но поради лошите текстови и наводната кражба на мелодиите, критичарите ги нападнале. Во 1976 година го издаваат својот прв студиски албум, Come on Show! каде што конечно покажуваат „некој“ квалитет, но тоа не е доволно. Од тој албум се издвојуваат само песните „Представи је крај“ и „Превела ме мала жедног преко вода“. Вториот албум насловен Head through the Wall го издадоа во 1977 година, но сепак не се истакнуваат премногу, а од овој албум се издвојуваат песните „Ball Puppet“ и „Tie Around the Neck (Rebel Without a Cause)“.
Во 1978 година Хус и Аки заминуваат во ЈНА,, па бендот паузираше, За време на таа пауза Јурица Паѓен ги напуштли и го основал бендот Аеродром. По враќањето од војска, бендот продолжи да работи со Бранимир Џони Штулиќ, но оваа соработка траеше само две недели, по што тој си замина и го основа бендот Азра. Но, доаѓањето на Џони во бендот влијае на Хус, па следните албуми имаат поинаков вкус. Ваљак и Штулиќ останаа во добри односи; имено, Хус го продуцираше првиот сингл на Азра со песните „Балкан“ и „А што да радим“. Во 1979 година, на бендот му се придружуваат Иван Пико Станчиќ (тапани) и поранешниот гитарист на Dirty Theatre Зоран Цветковиќ – Зок. Истата година го издадоа третиот албум наречен City Stories. Ја содржи песната на Џони „Jablan“ и ги истакнува песните „Street Fights“ и „Diary Page“, во кои, според Хус, Аки звучел правилно за прв пат. По успехот на таа плоча, издадоа англиска верзија на албумот наменет за странство наречен City Kids, но оваа плоча не беше голем успех, иако денес ретко се наоѓа.
Остатокот од кариерата на Аки и Ваљак е познат.Тој имаше три врски, но само еден формален како брак. Од бракот го има синот Кристијан кој денес е музичар, Ќерката Дина која ја доби во врската со мистериозната Ингрид и ќерката Антонија ја доби неодамна,. во 2020 година со Словенката Барбара Весел. Заради неа се пресели да живее во Ново место.
(Р.Г.)