Партиите од владеачкото мнозинство јавуваат дека централната власт е стабилна, ама ДОМ и ЛДП нема да ги убедуваат своите симпатизери „да се вратат во стадото“ Лидерот на Левица најавува идеолошки дистанци од ВМРО ДПМНЕ(!) кои не му беа пречка до сега за соработка. Нови откритија за кандидатката за градоначалник на Скопје – не само што е унгарски конзул, туку има и бугарски пасош! Дали ова ќе го донесе големиот пресврт во гласањето на скопјани?
Инаку в недела според податоците од Државната изборна комисија ќе се гласа во 44 општини за градоначалници, а првиот круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар за градоначалник и во Шуто Оризари за членови на совет. Покрај за градот Скопје, градоначалници во втор круг ќе се бира во скопските општини Центар, Карпош, Шуто Оризари, а се уште е неизвесно дали во Кисела Вода ќе има втор круг бидејќи се чека одлуката од Управниот суд. Првично таму се соопшти дека победил кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме раководството на социјалдемократите очекува поддршка од помалите партии со кои коалицираат на владино ниво, а кои, како ЛДП и ДОМ, решија за овие избори да настапат самостојно. Во полн ек се калкулациите и пресметките за вториот круг од локалните избори откако владејачкиот СДСМ потфрли во многу општини, особено во Скопје.
Раководството на социјалдемократите очекува поддршка од помалите партии со кои коалицираат на владино ниво, а кои, како ЛДП и ДОМ, решија за овие избори да настапат самостојно.
Гласовите што нивните кандидати ги освоија во, на пример Скопје и Битола, може да се клучни за евентуална победа на партијата на Зоран Заев во овие градови. Одговорот од ЛДП и ДОМ е дека остануваат во владината коалиција, но дека јавно нема да дадат поддршка за ниту еден од кандидатите на СДСМ, пишува Глас на Америка.
„Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец.“, вели Маја Морачанин, претседателска на ДОМ.
Петре Шилегов сепак се надева на овие гласови кои му се потребни во натпреварот против Даниела Арсовска.
„Верувам дека гласачкото тело кое ги поддржува овие партии ќе се изјасни за тоа која опција ќе ја избере во вториот круг. Очекувам, сепак добар дел од тие луѓе да не сакаат градот да застане и заедно да го градиме.“, коментира Петре Шилегов, кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје.
Со соопштение се огласи и НСДП, уште една од помалите партии во коалиција со СДСМ – даваат отворена поддршка. „Ги повикуваме граѓаните во вториот изборен круг својата поддршка да ја дадат на коалицијата `Најдоброто за мојата општина`. НСДП е цврста и единствена во одлуката за останување во владејачкото мнозинство и продолжување по политичкиот пат кој води кон прогрес на државата“, велат од НСДП.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, повика окрупнување на блокот што таа го води. Христијан Мицкоски дека т.н. протестни гласови се два пати повеќе од оние што ги има коалицијата на СДСМ. Тој го повтори повикот што вчера го упати до Левица откако одговорот што го доби за можно коалицирање беше во форма на цитат од Фидел Кастро.
„Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша Апасиев, на социјалните медиуми.
Изборната математика е комплицирана – дали и кој кого ќе поддржи за вториот изборен круг на 31 октомври. Во Скопје и Шилегов и Арсовска бараат гласови од албанските гласачи, во Куманово во трка се кандидат на СДСМ и независен кандидат – екс социјалдемократ, во Тетово во игра се кандидати на ДУИ и БЕСА – двете партии се владини коалиционери, во Битола ВМРО-ДПМНЕ е во предност, а на СДСМ му требаат гласовите на либералдемократите.
РСЕ се бави со изјавата на премиерот Заев дека ако го изгуби Скопје ќе се повлече од позицијата нема да има којзнае какво влијание врз гласачите, вели професорот Ненад Марковиќ. Аналитичарот Алберт Муслиу пак смета дека тоа е одговор на најавите за ново мнозинство.
Една недела по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ако го изгуби Скопје не може да предводи влада, тој ја прецизираше дека не значи и пад на владата на СДСМ. Рече дека тоа значи дека тој ќе се повлече од позицијата прв човек, а владата ќе остане да ја предводи кадар од СДСМ и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.
Но, прашањето што се поставува е каков ефект ќе има оваа најава, дали ќе мотивира или демотивира граѓани да гласаат за Петре Шилегов, кандидатот на неговата партија. Според универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, не треба да се предимензионира влијанието на оваа изјава која додава дека прави привид за демократска одговорност за поразот.
„Ова е одговор на кампањата што ја води Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за ново мнозинство, за да ги обесхрабри дел од гласачите да не излезат. Мислам дека тоа е целта со тоа што премиерот кажа дека две ипол години ќе има стабилно владејачко мнозинство, мислам дека опонира на тие изјави“, вели Муслиу.
Според него, сите тие кои Заев ги мотивирал да бидат по вклучени во политичките процеси, би биле и помотивирани в недела да излезат на избори.
Новинарот ветеран Ерол Ризаов во својата колумна ја критикува оваа игра „ва банк“ на премиерот , особено во пресрет на енергетската криза која може да ја блокира државата. „Енергетската криза може да не врати 40 години назад“ – смета Ризаов.
Во меѓувреме штабот на СДСМ излезе со податок дека Арсова во 2011 година ндобила решение со кое вицепремиерот на истопчниот сосед и дал бугарско државјанство. Ова го обзнани пратеничката Славјанка Петровска која праша лчиј интерес во земјава застапува Арсова- унгарски, бугарски или на експремиерот во бегство Груевски? Може ли ова да доенсе драстична промена на расположението на гласачите?