Писателот и колумнист Борис Дежуловиќ на прашањето на придонесот на Хрватска на Унијата вели дека таков не постои. „Претспоставувате дека Хрватка се обедини заради идејата источна Европа треба да стане дел од обединета Европа. Но ниту на Западот, ниту на Истокот таа идеја не се доживува така. ЕУ се обидува да го стабилизира нестабилниот регион и да го прошири својот животен простор – евтина работна сила, автомобили, лего коцки…“.
ТАЊА ПЕТРОВИЌ
И кога е во прашање употребата на „Европа“ и членството на ЕУ за внатрешнополитички прашања во државите на „ЗапаДниот Балкан“, дискурзивните форми што доаѓаат од ЕУ се преземаат без некакво размислување, филтрирање и прилагодување. Тоа може да се поврзе со природата на политичките односи во современа Европа: новите членки се значи поранешни земји на социјализмот, па мораат да се докажуваат пред да влезат во Унијата и со тоа мора да продолжи и по вклучувањето во ЕУ, а евентуалните добивки од влезот во Унијата единствено се сведуваат на економскиот интерес (како на старите, така и на новите членки); и политичарите обично членството во ЕУ го поврзуваат со она што најмногу делува на бирачите – безвизен режим за патувања, повисок стандард, побрз економски развој, финансиска помош на ЕУ со можност за патување без визи…
Така настанува ситуација во која нема простор за дијалог за тоа кои се европските вредности за европските државјани или за луѓето кои живеат на различни делови од континентот а расправата останува обврзувачки во колонијалниот дискурс на западната (денес западноевропската) надмоќ и можат да ја артикулираат исклучиво „вистинските Европејци“ внатре во Унијата. Иако некои автори признаа дека приклучувањето на екссоцијалистичките земји на Унијата не доведе до целосно „стопување“ во „вистинското европејство“ (Обад, 2009, 113 а.за случајот на Словенија може да се види – Великоња, 2007,2009). Како да не се остава можност за еманципаторско дејство на Унијата врз новите членки. При тоа во конкретното политичко дејствување нема можност за погледи кон ова прашање кои би ги имала левицата или десницата.
Илустративен пример за тоа е Странката на српското единство на Драган Марковиќ – Палма, кој е истовремено и градоначалник на Јагодина. Таа партија е истовремено и наследник на партијата на воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ Аркан, ама без оглед на тоа, после парламентарните избори во 2008 година ја отфрлила можноста на прговори со националистичките лидери на ДСС на Коштуница и „Нова Србија“ на Велимир Илиќ и заедно со коалицијата на „За европска Србија“ и Социјалистичката партија на Србија, овозможила состав на проевропска влада. Марковиќ тоа го објаснил со фактот дека е „прагматичен човек кој знае дека патриотизмот не го полни резервоарот на тракторот“. За Демократска партија посебно се одлучил бидејќи имала недвосмислена проевропска програма. Дури така се распаднаа и некогашните радикали, со тоа што „европејци“ станаа и матните националити како Томислав Николиќ, како и еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ – Ивица Дачиќ (двете партии кои ја сочинуваат актуелната српска Влада).
Писателот и колумнист Борис Дежуловиќ на прашањето на придонесот на Хрватска на Унијата вели дека таков не постои. „Претспоставувате дека Хрватка се обедини заради идејата источна Европа треба да стане дел од обединета Европа. Но ниту на Западот, ниту на Истокот таа идеја не се доживува така. ЕУ се обидува да го стабилизира нестабилниот регион и да го прошири својот животен простор – евтина работна сила, автомобили, лего коцки…“.
Уште една причина политички да се разгледуваат перспективите на постколонијалната теорија на Кус (Kuus, 2004) се гледа во тоа земјите кои сакаат да се придружат на ЕУ да се третираат како „суштински различна Европа“.
Амбасадорот на Велика Британија во Србија на своето патување во Врање имал впечаток дека учениците од овој град за Европа и Србија говорат од позиција на многу различни нешта. Тој им објаснувал дека Србија е веќе дел од Европа – претседавала со Советот на Европа во 2007 година, успешно го организирала Евросонг, членка е на многу европски здруженија и трговски организации. Се чини сепак дека ваквите ставови на мештаните извираат од спорото влегување на Србија во Унијата, што создава фрустрации врзани за брзината. Процесот на придружување се опишува со помош на просторни метафори – во дворот на Европа, на прагот на Европа, пред вратите на Европа (кои се отворени или затворени), на патот кон Европа (кој е тежок, долг, неизвесен).
(завршува во следниот број)